House of Lies

  • Креатор на темата Креатор на темата VLJ
  • Време на започнување Време на започнување

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
house-of-lies-showtime.jpg


Од Showtime, телевизијата која ни ги донесе Dexter, Homeland и Californication доаѓа новата комедија, или поточно драмедија, House of Lies.

Во фокусот на серијата е тим на финансиски консултанти кои работат во втората најголема консултантска фирма во Америка. Тимот е предводен од Марти Кон (Дон Чидл), кој мрази да губи и е подготвен на се' за пари. Марти не е соочен со предизвици само во работата, туку и во приватниот живот. Неговата психотична поранешна жена работи во конкурентска фирма, а син му сака да се облекува во женска облека.

House of Lies е получасовна комедија која ја следи тенката граница помеѓу работата и домот во бурниот свет на консалтингот. Истовремено, серијата ни го прикажува светот на едниот процент и ги доловува економските проблеми на циничен начин.

IMDB

 
OMG, не уште една серија...

Тоа финансиски консултанти ме привлече, па ја ставам на вачлист.
 
Јас ја гледам, ќе ја пишев во предлог, многу кеф ми прави, од една страна е чил, релаксирачка и смешна од една е тензична. Досега 3 епизоди има излезено само. Чедл е ѕвер, плавата е премногу убава за гледање и харизматична, а не ги познавам другите двајца, ама goofy се. :icon_lol:
 
Чидл ептен е погоден за улогата, а Бел ја разубавува серијата. Очекувам во наредните епизоди да ги развијат повеќе карактерите и да покажат дека под алчноста се кријат вистински луѓе. Ми се допаѓа што серијата е искрена и не се обидува да се умилкува на пошироката народна маса. Плус е и тоа што се прикажува на Showtime, па затоа нема никаква цензура.
 
Искрено се мислам дали да ја загледам и оваа серија :D
 
Искрено прекинете да отварате теми за нови серии, си ветив дека нема да гледам ниедна а вие како тргнавте со темиве уште 4-5 нови што ќе ги гледам испаднаа:cautious:
 
Искрено прекинете да отварате теми за нови серии, си ветив дека нема да гледам ниедна а вие како тргнавте со темиве уште 4-5 нови што ќе ги гледам испаднаа:cautious:
До сега се излезени 3 епизоди, вечер излегува четвртата. Понатаму таман ќе си гледаш една епизода неделно. Не си толку за жалење. Јас имам за гледање пет сезони од Six Feet Under и три сезони од Community.
 
До сега се излезени 3 епизоди, вечер излегува четвртата. Понатаму таман ќе си гледаш една епизода неделно. Не си толку за жалење. Јас имам за гледање пет сезони од Six Feet Under и три сезони од Community.
Затоа јас почнав да ги глеам почетниве, и во тек сум со повеќето, вечерва и оваа ќе ја почнам. Лошо е кога ќе треба да гледаш 6-10 сезони од некоја серија.
 
Аааа срам да вие ме провоцирате и оваа серија да почнам да ја гледам :D
 
Showtime денеска одлучи дека ќе има и втора сезона. Инаку, добро напредува серијата.

Бонус: мојот омилен дел од четвртата епизода
avatar_kristen_bell_in_her_bra_and_panties_iMrBKOS.sized.gif
 
Ја изгледав правата епизода, лајт серија некако, не ми ветува нешто многу....
 
Да, серијата е лајт, не е нешто сериозно, ама тоа не значи дека е лоша. Сега за сега ќе ја гледам секоја недела, за понатаму ќе видиме како се одвиваат работите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom