HoN-Heroes of Newerth

HeRbEs

-WandereR-
Член од
21 јуни 2005
Мислења
766
Поени од реакции
272
Вчера играјќи CW со бившиот клан на Northrend, случајно дечките западнаа во муабет за некоја си игра HoN??? Па така западнавме во муабет што како е работава.И еден од дечките се понуди да ми даде Cd-key бидејќи играта е сеуште во бета фаза.Па така се решив да ја тестнам :D Целата поента и идеа на дечкиве што ја развиваат е да се направи игра која ќе биде иста како DOTA само со сопствен енџин ,букавло ист гејмплеј,подобра графика,ефекти со еден збор комплетно нова игра која веќе нема да биде уназадувана со името MOD на WarCraft 3.Епа така понесен од идеава решив да да видам дали сето ова ќе лизга или е уште еден неуспешен обид за нешто како што беше примерот со Demigod,која според мене беше тотална утка.Истестирав два херои едниот беше Legionare(AXE) и вториот беше истиот Zeus херој од Dota само се развбира со друго име :D Хероите значи се со сосема различен изглед од тоа што се на Dota но скиловите им се букавлно исти,што се подразбира иста функционалност ист dmg,исти cooldowns буквално ко да е направено copy paste :D:D Според мене играта има голем потенцијал да биде нешто.Но како што реков бидејќи е во beta,се уште се работи на останатите херои,досредување на анимациите,звуците,баланси итн.
Еве и неколку слики од играта значи тука играв сам колку да ги истестирам хероите.


Наредната слика е Axe-то во база на Фонтана :D:D

Тука ги проверував руновите :D:D

Малце фармање крипци

И како за крај улет на Roshka фаца у фаца :D:D


Заборавив да напоменам дека дечките што ја развиваат играва имаат направено буквално цел бателнет систем за играта значи фаќање на левел на сопствениот профил,детални и обилни статистики за изиграните партии.Се води буквално целосна евиденција за профилот колку убиени херои,колку пати умрено,крипвои утепано,крипови deny,победени партии,изгубени партии итн.. Плус освен главната DotA мапа имаше и некоја специјално направена за 3v3 и плус уште една додатна Watchtower за 5v5.Тоа е тоа ја толку успеав да истестирам и да ви пренесам некој импресии :D:D
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Изгледа подаркерски, но од друга страна bloody good.

Само ќе биде тешко ако сите item-и имаат различни имиња, па да мора да ги учиме отпочеток.
На крај краева, нека искочи ова, па ќе направиме мод во кој се враќаат сите стари имиња на херои и магии :)

Чекаме уште импресии :)
 

Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
Дај бета кључ?
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
1.016
Поени од реакции
50
Моментално ја играм бетата во нет кафе. Има 10000-11000 играчи онлајн. Значи играта според мене е предобра. Графички спремна, има додадено разни корисни работи. Пример ако јадиш дисконект заради некоја Х причина имаш 5 минути време да се вратиш назад во игра итн итн. Ќе пишам појќе ко ќе се приберам дома.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Јас и Максо земавме бета клучеви.

Маарко не зема.

Играта е топ, само збунувачка малце на почеток.
Графиката е одлична. Се надевам утре ќе има повеќе клучеви, па да земеме и некој за кланот :)
 

THE_PIRAT

Avanti Formica atomica!
Член од
14 февруари 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
79
Од кај ја симнувате?
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
ОМГ! КОЛКУ Е ЈАКО!!
:vozbud:

нездраво е :vozbud:

Најјако е што сите карактери се истите само редизајнирани !! ГРАФИКАТА ВЛАДЕЕ!!
Се надевам дека рецептите се исти...
Иначе викате клучеви сте зеле...значи уште е во бета? Или се плаќа :Ѕ
 
B

Blacks

Гостин
Од каде ги зедовте клучевите? дај фрлете еден навака ако имате вишок :)
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
789
Јас и Максо земавме бета клучеви.

Маарко не зема.

Играта е топ, само збунувачка малце на почеток.
Графиката е одлична. Се надевам утре ќе има повеќе клучеви, па да земеме и некој за кланот :)
А за мене не ви текна да викнете или да симнете со друг мејл :(
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Абе колкава е колку мегабајти?И ако може 1 бета кључ.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Регистрирајте се на fileplay.com и побарајте бета клуч.

Има уште некои 200-300 според моја проценка, така да ПОБРЗАЈТЕ!
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
И ја си земав клуч, моментално симнувам клиентот...
Инаку и да снема клучеви, секој ден се даваат по 600 така да не се плашете :)
Ај да ја пробам па ке дадам и моја оценка :)
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.277
Поени од реакции
27.732
дајте да ја симнеме и клучеви
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
дајте да ја симнеме и клучеви
ако имаш повеќе меилови ке извадиме и повеќе клучеви...
инаку..

ја симнав, пофалба до серверот дл-от идеше со 550KBps и е директен дл (мразам торенти)...
Инсталацијата беше екстра брза и едноставна, иако само 250 мегабајти беа во прашање...
Минус е тоа што нема сингл плеер и AI мапи...Фактички нема ни мапи. Играта ви е најновата мапа, ако излезе понова верзија, после логирањето ви се уклучува аутоапдејт со што ја имате најновата верзија.
Исто плус е дека бирањето на хероите не е за време на игра, така да имате повеќе време да се размислите или да направите swap. Потоа сите играчи треба да притиснат Ready за да започне играта. Модовите се истите ко од Дота.
Играв 2 партии 5в5 и беа ултра брзи
-крипците со тек на време се најачуваат
-кога некој од твојот тим ке земе рун тоа го пишува на сите од твојот тим
-неутралните крипови се јакички
-има неизбалансирани херои
-рецептите се многу упростени, иако се тотално различни, така да тоа е многу бедна ствар...Ипак. одкако ке кликнете на рецепт, се отвора нов прозорец со мини итемите потребни за склопување на рецептот, и можете и од тој прозор и да ги купите, што значи нема веќе шетање низ продавници. - башка има само една продавница (без скриената, и новата скриена) каде се скоро сите итеми (мал број)...
-Исто и итемите се неизбалансирани
-ако некој се изгаси има 300 секуни повторно да се врати (си има копче релог)
-Ако некој се изгаси директно (quit game не dissconnect) на акаунтот му пишува дека е leaver, така да нема бегање...
-со оглед на тоа дека е бета, многу позитивно е тоа дека има мноооооооогу креирани игри (соби) така да значи дека играта е доста пространета
-графиката е стварно за пофалба, ама со мојата GeForce 7100GS на 1680x1050 ми сецка, па затоа морав да ставам се на медиум...


Се надевам дека минусиве ке се средат, до тогаш, оригиналната дота од воркафт ни е на располагање, освен ако нејкете да смените малце :)
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.277
Поени од реакции
27.732
епа ај кој ја има симнато да се договориме да играме заедно
ја еве сеа ја играв малце
добра е
 

Kajgana Shop

На врв Bottom