бактерија во желудник која и те како е крива за покачена киселина во желудникот, а со тоа дополнително допринесува за гастрични проблеми покрај хернијата која можеби мирува!
Хелико нема врска со хиетална хернија.
...не ме читаш добро, пишувам дека симптомите што ги дава присутната бактерија хеликобактер пилори се слични (исти) со симптоми на присутната хернија која реагира при Х услови.
Проблемот со хиетална хернија е механички,
...кога дел од орган или ткиво во телото излегува низ некој отвор или слаба точка во мускулниот ѕид, каде што не му е местото тоа испакнување или грутка се вика хернија, најчесто кај стомакот, препоните и горниот дел на бутот и пределот на папокот, но и во било која област каде има рез од операција.
... херниите се предизвикани од комбинација на мускулна слабост и истегнување, иако причината за слабоста и видот на напрегањето може да варираат.
Порано оваа болест била присутна исклучиво кај старите лица кои не се во можност да движат,
...херниите најчести се кај бебињата и малите деца, а кај повеќето тинејџери на кои им е дијагностицирана хернија всушност имале слабост на мускулите или други стомачни ткива од раѓање (вроден дефект) и во сите овие случаеви напрегањето на стомачните мускули не предизвикува хернија, само ја прави хернијата поочигледна, болна и дека е присутна од раѓање.
... напрегање на телото кој може да предизвикат појава на хернија поради слабиот мускулен ѕид:
- кревање тешки предмети, физичка работа, (бодибилдинг тегови),
- дебелина или нагло зголемување на телесната тежина,
- проблеми со столицата (тврда столица или дијареа)
- упорно кашлање или кивање (алергија)
- после бременост или поради нагло зголемување на телесната тежина. Овие типови на напрегање сами по себе веројатно нема да ви дадат хернија.
... со текот на времето, хернијата може да стане поголема и поболна, па во некои дел од цревата (intestine) може да се „заглават“ (hernia defect), снабдувањето со крв може да се прекине во затвореното црево (stragulation) при што ова ситуација е болна и опасна затоа што може да предизвика инфекција и може да предизвика умирање на задавеното ткиво и е потребна веднаш хирушка интервенција.
...
хијатална хернија се јавува на отворот на дијафрагмата каде што езофагусот (делот каде храната патува надолу) се спојува со желудникот, ако мускулот околу отворот на дијафрагмата стане слаб, горниот дел од стомакот може да се испакнат низ дијафрагмата, но за разлика од другите типови на хернија, не може да се види испакнатост на надворешната страна на тело, но може да се посомневаме доколу имаме уздригнувања, повратни киселини и болка во градите, па затоа хијаталната хернија може да се третира со лекови и промени во исхраната и многу ретко е потребна операција.
... доколку се има друга болест т.е. воспаление на хранопроводникот (ezofagitis) или гастроезофагеален рефлукс што е како причина од гастричен рефлукс или гастроезофагеален рефлукс и е поврзан со недостаток на езофагеален сфинктер причините за појава се повторно (независно од хијаталната хернија или присуство на бактеријата Хеликобактер пилори) исти:
- дебелина или било која прекумерна телесна тежина,
- стрес,
- алкохол, никотин, чоколадо, мрсна исхрана
- одредени лекови како ибупрофен, аспирин,
- бременост
а клиничка слика на езофагитис би била:
- стомачни болки на врвот на абдоменот
- непријатен кисел вкус на уста,
-засипнатост, постојана кашлица.
...клиничка студија да се процени дали, кај пациенти со гастроезофагеален рефлукс (ezofagitis), присуството на H. pylori и hiatal хернија влијае на сериозноста на езофагитисот.
These results suggest that H. pylori and hiatal hernia in patients with esophageal reflux do not constitute risk factors that affect the severity of esophagitis.
pubmed.ncbi.nlm.nih.gov
резултат: дека H. pylori и hiatal хернија кај пациенти со езофагеален рефлукс не претставуваат фактори на ризик кои влијаат на сериозноста на езофагитисот.
...што ми беше зборот, може да се има хијатална хернија(кила) ама да не биде кривецот за моменталната мака и проблеми, а кривецот за проблеми наредените симптоми и причини да се од друго потекло и обратно, присуство на Хеликобактер пилори да си дава повисок ацидитет (киселина), а да не се причина и фактор на мучнината ((ezofagitis) или хијалната хернија, па затоа поради слични симптоми, а и поради слични и исти фактори за причина, мое мислење при вакви дигестивни мачнини да се почне со лабораториско испитување на Хелико бактер пилори.
Ја направив тест за хелико и се покажа дека нема. Тек на крајот ме пратија на гастроскопија откако праев тест за хелико и нетолеранција.
...токму така!