- Член од
- 6 август 2008
- Мислења
- 46
- Поени од реакции
- 21
Ајде да го споделам и јас моето искуство , пред 10тина месеци при вежбање во теретана ми се случи повреда во пределот кај плексус и од позади на грбот во исти момент како со нож да ме пресече , после тоа почнаа страшни симптоми со забрзено срце биење некакви страхови анксиозност (што никогаш во животот не сум имал ни слична состојба) после почнаа и киселини , после гастроскопија ми рекоа дека е хиетална хернија да внимавам на храна ми дадоа терапија (која помага во моментот но не лечи ,или си зависен за цел живот да пиеш терапија) , разбрав дека има луѓе што со масажи ,киропрактика а и на други начини можат да го спуштат желудникот да го повлечат од дијафрагмата надоле , бев на неколку места за на крај да успем барем малко да го средам проблемот , кај последниот масажер што бев (сите препораки за дечкото) ми рече дека при повредата во теретана ми се има изместено цел сератус кој што ја има фатено затегнато дијафрагмата која што го има претиснато на желудникот , сега сум добар засега немам проблеми како што ги имав само сеуште тешко ми да се ослободам од апчињава за киселини блокаторите (тоа го знаев уште пред да почнам со нив ) и сеуште неможам да почнам со вежбање , инаку за хернијата имам доста читано дека и јогата доста помага (но никогаш не сум пробал). Резултатот после 10тина месеци е бав 100 кг и немав грам сало врз мене сега сум 85кг (и сеуште немам сало) -15кг во првите месец дена додека да дознаам што се случува.