Hiatus Hernia (кила на желудник)

Член од
30 јули 2014
Мислења
5.092
Поени од реакции
15.953
Јас веќе една година живеам со хијатална хернија (кила на желудник), каскаден желудник и чест рефлукс. Подуеност и многу отежнато голтање ми се секојдневие.

Пред една година ми се појави симптом отежнато голтање и чувство на заглавена грана во грло.
Неколку пати бев на ОРЛ, но немаше никакви наоди, ме упатија на гастро ентеро хепатолог.

2 пати бев во систина (гастроскопија, испитување на акт на голтање, тироидна, и еден тон други прегледи ...) - дијагноза: немаш ништо во ред си...
Дијагноза ми постави д-р. Владимир Серафимоски, сеуште работи приватно, во тц беверли хилс е, над 70 години има, ама ретки се гастро ентеро хепатолози како него.

Пола година пиев терапија: Еманера, бета блокатори, донперидон ... веќе не пијам бидејќи на долг рок таа терапија многу штети на цревата (веќе имам и нередовна столица од терапијата, претходно си важев за „Редовен посерко“ (нормална столица - секој ден).

Сега веќе од дена на ден откривам што ми смета, а што не.
Алкохол консумирам ретко, ама можам по една - две чашки.
Бел леб, мрсна храна, благо (особено чоколадо), кафе и цитруци - ме уништуваат. Стомакот ми е подуен како топка и ждригам. Неколку часа не можам ни вода да се напијам.

Ова е секојдневен најголем проблем: сеуште имам голем проблем со голтање. Можам само многу мали голтки на храна и вода.
Имам 34 години и помирен сум дека ќе си го носам за цел живот.
За дополнително чаре не знам. Не познавам луѓе со слични проблеми.
Jas imam hijatalna kila vo kombinacija so gastroezofaringealen refluks, hronicen gastrit, kiselini, tahikardii i slicno, prvo me vodea ko srcev problem i mi prepisaa beta blolatori za da dojdam do ovaa dijagnoza. Poslednive dve godini sum ok, normalno ke pazis na hrana i prejaduvanje nikako, pomalku stres i taka. Se kontrolira i zivee so ova.
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
2
Поени од реакции
0

Имаш проблеми со голтање на храна и пиење на вода?
Кај мене тоа е најголем проблем што остана. Секако, многу пазам на храна, но јадам цел ден (поради пречки при голтање), минимални оброци ко за 8 годишно дете.
 
Imav problem so goltanje na hrana, i posle jadenje imav cuvstvo deka imam kamen vo stomakot, taka mi traese i po cel den i ne mozev nisto da jadam, mnogu i slabeev, mi se javuvase sezonski - na prolet i na esen, verojatno triger bea zeleni salati, posle jadenje imav silni tahikardii koi nikako ne mozea da prestanat, bolki pri jadenje kako so noz da mi pominuva kaj grloto i hranoprovodot. Prvicno mi go tretiraa gastritisot, mislam Emanera deka piev, postepeno nauciv sto od hrana mi smeta i go ograniciv ili isfrliv, kafinja prekinav, i alkohol, pazev da ne se prejaduvam i jadev pomalku. Eve ovie dve godini sum dobar, jadam skoro sve no sepak ograniceno, kafinja pijam, ne mi zasmetalo seuste. Imam preporaka pri javuvanje na prvi simptomi da zemam pak terapija. Posledna gastroskopija pred dve godini praeno.
 
Член од
12 март 2024
Мислења
44
Поени од реакции
68
Јас веќе една година живеам со хијатална хернија (кила на желудник), каскаден желудник и чест рефлукс. Подуеност и многу отежнато голтање ми се секојдневие.

Пред една година ми се појави симптом отежнато голтање и чувство на заглавена грана во грло.
Неколку пати бев на ОРЛ, но немаше никакви наоди, ме упатија на гастро ентеро хепатолог.

2 пати бев во систина (гастроскопија, испитување на акт на голтање, тироидна, и еден тон други прегледи ...) - дијагноза: немаш ништо во ред си...
Дијагноза ми постави д-р. Владимир Серафимоски, сеуште работи приватно, во тц беверли хилс е, над 70 години има, ама ретки се гастро ентеро хепатолози како него.

Пола година пиев терапија: Еманера, бета блокатори, донперидон ... веќе не пијам бидејќи на долг рок таа терапија многу штети на цревата (веќе имам и нередовна столица од терапијата, претходно си важев за „Редовен посерко“ (нормална столица - секој ден).

Сега веќе од дена на ден откривам што ми смета, а што не.
Алкохол консумирам ретко, ама можам по една - две чашки.
Бел леб, мрсна храна, благо (особено чоколадо), кафе и цитруци - ме уништуваат. Стомакот ми е подуен како топка и ждригам. Неколку часа не можам ни вода да се напијам.

Ова е секојдневен најголем проблем: сеуште имам голем проблем со голтање. Можам само многу мали голтки на храна и вода.
Имам 34 години и помирен сум дека ќе си го носам за цел живот.
За дополнително чаре не знам. Не познавам луѓе со слични проблеми.
И јас имам кила на желудник. Тешко срање е ама се живее. Ми препишаа да пијам три месеци нолпаза (40 mg сабајле пред оброк) за среќа пројдоа киселините и од тогаш не пијам освен ако не е нешто инцидентно.

Направив тест и за нетолеранција на храна и ова многу помогна. Имам висока нетолеранција на лактоза и од тогаш само млеко без лактоза пијам со малку кафе (обичното млеко ми правеше проблем со денови како надуеност грчеви итн.) а млечни производи исфрлив.

Млечни производи, патлиџан, пржени работи треба да се исфрлат или да се сведат барем на минимум. Физичка активност многу помага.

Со месеци спиев поткренат на една перница за да не идат киселините нагоре. Пробај го ова тешко е ама се навикнуваш.

Штом поминало една година кај и да е треба да ти станува подобро и горе доле да знаеш што ти смета а што не. За 2-3 год. може и да почнеш да забораваш дека го имаш проблемот, се е навика.
 
Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
887
Поени од реакции
1.426
Мене пред 7-8 години ми го дијагностицираа проблемот, своевремено беше прилично ретко и тешко за дијагноза,а јас бев еден од основоположниците на хиетална хернија кај млада популација :icon_lol:

Моментално живеам нормален живот без апчиња, доста долг пат поминав со trial and error, сега точно знам што да правам и што да не правам.

*Најбитно е да видиш што ти одговара што не од храна.
*Да провериш дали имаш езофагитис штом не можеш да голташ. Езофагитисот мора да се третира.
*Да не јадеш неколку часа пред спиење.
* Шеќер смета, благи работи сметаат (барем мене)
* Месо и протеини НЕ СМЕТААТ (барем мене)
*Исклучиво спиење на лева страна или на грб, на десна желудацот оди нагоре и ја враќа киселината назад.
*Вежбање у теретана обавезно.
*Фастинг помага кога ќе го поебеш желудникот за регенерација.
*Хомеопатија помага.
*Шетање после јадење обавезно.
* Легнување после јадење никако.
* Кревање тежина после јадење никако.
*Хигиенска исхрана, у смисла да не се јадат глупости, чипсови, да се знае што е појадок ручек.. Без стрес во исхрана, као денеска ке јадам, па утре ке гладувам цел ден - тоа све се стресови.
* Цигари не, поради тегнењето на димот се крева желудникот
* Сменето го водењето на седентери лајф, мрднете од тоа троседот/столчењето пред PC..
* И секако помага психички да не се оптеретувате со дијагнозата и куроболие помага исто така.

П.С: На времето докторите немаа ПОИМА шо значи иритација на вагус нерв, а самата состојба на поткренат лизгачки желудник притиска на вагусот и настанува зачаран круг на срањорланици. Не знам сега дали нашиве доктори воопшто разговараат на таа тема.
Има на пазарот нови методи на стимулатори/тренери на вагус нерв, да речеме како Pulsetto или Nurosym, кои меѓу сите други поволности кои настануваат со стимулација на вагусот (намален стрес, намален пулс и HRV итд), придонесуваат и за нормализирање на дигестијата. Сепак тоа пореметување на дигестијата е направено од свеовиден стрес на телото, а најголема спроводник на команди од мозокот кон дигестивниот систем е вагус нервот. Кој си има мака нека ги разгледа и овие опции, реддит е секогаш полн со паталци.

Прашајте шо ве интересира на располагање сум
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.618
Поени од реакции
34.807
...ја прочитав темава повторно од почеток, сите пишуваат за направени 2,3,4 гастроскопии во тек на неколку години, но никаде не прочитав дека некој направил лабораториски тест на хеликобактер пилори, бактерија во желудник која и те како е крива за покачена киселина во желудникот, а со тоа дополнително допринесува за гастрични проблеми покрај хернијата која можеби мирува!
 
Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
887
Поени од реакции
1.426
Хелико нема врска со хиетална хернија. Мене три пати ми имаат земано парче (при гастроскопија) и тестирано за хелико али секогаш резултатите биле негативни. И при крв и при измет.

Проблемот со хиетална хернија е механички, но за појавување најмногу придонесува стрес, нередовен живот и sedentary life како и јадење и лежење.

Порано оваа болест била присутна исклучиво кај старите лица кои не се во можност да движат, сега се јавува без разлика на возраста и тоа е тоа што е поразително.
 
Член од
12 март 2024
Мислења
44
Поени од реакции
68
...ја прочитав темава повторно од почеток, сите пишуваат за направени 2,3,4 гастроскопии во тек на неколку години, но никаде не прочитав дека некој направил лабораториски тест на хеликобактер пилори, бактерија во желудник која и те како е крива за покачена киселина во желудникот, а со тоа дополнително допринесува за гастрични проблеми покрај хернијата која можеби мирува!
Ја направив тест за хелико и се покажа дека нема. Тек на крајот ме пратија на гастроскопија откако праев тест за хелико и нетолеранција.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.618
Поени од реакции
34.807
бактерија во желудник која и те како е крива за покачена киселина во желудникот, а со тоа дополнително допринесува за гастрични проблеми покрај хернијата која можеби мирува!
Хелико нема врска со хиетална хернија.
...не ме читаш добро, пишувам дека симптомите што ги дава присутната бактерија хеликобактер пилори се слични (исти) со симптоми на присутната хернија која реагира при Х услови.
Проблемот со хиетална хернија е механички,
...кога дел од орган или ткиво во телото излегува низ некој отвор или слаба точка во мускулниот ѕид, каде што не му е местото тоа испакнување или грутка се вика хернија, најчесто кај стомакот, препоните и горниот дел на бутот и пределот на папокот, но и во било која област каде има рез од операција.
... херниите се предизвикани од комбинација на мускулна слабост и истегнување, иако причината за слабоста и видот на напрегањето може да варираат.
Порано оваа болест била присутна исклучиво кај старите лица кои не се во можност да движат,
...херниите најчести се кај бебињата и малите деца, а кај повеќето тинејџери на кои им е дијагностицирана хернија всушност имале слабост на мускулите или други стомачни ткива од раѓање (вроден дефект) и во сите овие случаеви напрегањето на стомачните мускули не предизвикува хернија, само ја прави хернијата поочигледна, болна и дека е присутна од раѓање.

... напрегање на телото кој може да предизвикат појава на хернија поради слабиот мускулен ѕид:
- кревање тешки предмети, физичка работа, (бодибилдинг тегови),
- дебелина или нагло зголемување на телесната тежина,
- проблеми со столицата (тврда столица или дијареа)
- упорно кашлање или кивање (алергија)
- после бременост или поради нагло зголемување на телесната тежина. Овие типови на напрегање сами по себе веројатно нема да ви дадат хернија.

strangulated-hernia.jpg med_strangulated_h_1.jpg

... со текот на времето, хернијата може да стане поголема и поболна, па во некои дел од цревата (intestine) може да се „заглават“ (hernia defect), снабдувањето со крв може да се прекине во затвореното црево (stragulation) при што ова ситуација е болна и опасна затоа што може да предизвика инфекција и може да предизвика умирање на задавеното ткиво и е потребна веднаш хирушка интервенција.

01aea21b-c976-425b-a806-65290fe8078f.jpg

... хијатална хернија се јавува на отворот на дијафрагмата каде што езофагусот (делот каде храната патува надолу) се спојува со желудникот, ако мускулот околу отворот на дијафрагмата стане слаб, горниот дел од стомакот може да се испакнат низ дијафрагмата, но за разлика од другите типови на хернија, не може да се види испакнатост на надворешната страна на тело, но може да се посомневаме доколу имаме уздригнувања, повратни киселини и болка во градите, па затоа хијаталната хернија може да се третира со лекови и промени во исхраната и многу ретко е потребна операција.

... доколку се има друга болест т.е. воспаление на хранопроводникот (ezofagitis) или гастроезофагеален рефлукс што е како причина од гастричен рефлукс или гастроезофагеален рефлукс и е поврзан со недостаток на езофагеален сфинктер причините за појава се повторно (независно од хијаталната хернија или присуство на бактеријата Хеликобактер пилори) исти:
- дебелина или било која прекумерна телесна тежина,
- стрес,
- алкохол, никотин, чоколадо, мрсна исхрана
- одредени лекови како ибупрофен, аспирин,
- бременост
а клиничка слика на езофагитис би била:
- стомачни болки на врвот на абдоменот
- непријатен кисел вкус на уста,
-засипнатост, постојана кашлица.
...клиничка студија да се процени дали, кај пациенти со гастроезофагеален рефлукс (ezofagitis), присуството на H. pylori и hiatal хернија влијае на сериозноста на езофагитисот.

резултат: дека H. pylori и hiatal хернија кај пациенти со езофагеален рефлукс не претставуваат фактори на ризик кои влијаат на сериозноста на езофагитисот.

...што ми беше зборот, може да се има хијатална хернија(кила) ама да не биде кривецот за моменталната мака и проблеми, а кривецот за проблеми наредените симптоми и причини да се од друго потекло и обратно, присуство на Хеликобактер пилори да си дава повисок ацидитет (киселина), а да не се причина и фактор на мучнината ((ezofagitis) или хијалната хернија, па затоа поради слични симптоми, а и поради слични и исти фактори за причина, мое мислење при вакви дигестивни мачнини да се почне со лабораториско испитување на Хелико бактер пилори.
Ја направив тест за хелико и се покажа дека нема. Тек на крајот ме пратија на гастроскопија откако праев тест за хелико и нетолеранција.
...токму така! (y)
 
Член од
16 ноември 2019
Мислења
13
Поени од реакции
2
Дијагностицирана ми е лизгачка хернија аксијално и герб со кои мака мачам неколку години,би сакал некој кој што е поупатен да ми дозволи лично да го исконтактирам,едноставно да ми помогне со некои совети како да се справам со состојбава
 
Kajgana Shop

На врв Bottom