HERNIA (кила)

  • Креатор на темата Креатор на темата Doktor1
  • Време на започнување Време на започнување

Doktor1

Doktor
Член од
3 јули 2010
Мислења
364
Поени од реакции
73
Хернијата представува правење на отвор на перитонеумот кој може да се добие или да биде вроден, а резултира со привремено испаѓање на некои органи од тој отвор.

ХЕРНИЈАТА МОЖЕ ДА БИДЕ:
-РЕПОНИБИЛНА(органите спонтано можат да се вратат назад)
-ИРЕПОНИБИЛНА(органите нема шанси да се вратат спонтано назад)

НАЈЧЕСТИ ХЕРНИИ:

ИНГВИНАЛНА ХЕРНИЈА ИЛИ ПРЕПОНСКА КИЛА (најчест случај)
Кога пациентот стои, на инспекција (набљудување) се гледа поголемо или помало избочување во пределот на ингвиналниот прстен. При кашлање и напнување се зголемува, а при лежење може да се повлече. ОВАА КИЛАТА СЕ ЛЕКУВА ХИРУРШКИ ПРИ ШТО СЕ ВРАЌА СОДРЖИНАТА НАЗАД И СЕ ЗАТВОРА ОТВОРОТ.

ФЕМОРАЛНА КИЛА

Оваа хернија поминува низ феморалниот канал и се избочува под ингвиналниот лигамент. Почеста е кај жените поради пошироките размери на женската карлица. Секогаш е стекната, и претежно се појавува во средните или во поодминати години. Оваа хернија не може да се репонира и честа е инкарцерацијата. СЕ ЛЕКУВА СО ЛАПАРОСКОПСКА ХЕРНОПЛАСТИКА.

КАКО СЕ ПРЕПОЗНАВА ХЕРНИЈАТА ИЛИ КИЛАТА?

На местото на килата се наоѓа чудно изобличување, често се јавуваат болки при мокрењето бидејќи често мочниот меур се наоѓа во килната содржина. Имаме чувство на придвижување, што се случува бидејќи содржината може да лизга нанадвор и навнатре. Се јавуваат обично остри болки, можен е и локален оток бидејќи често доаѓа до опструкција на цревата се јавуваат и ненадајни повраќања. Ако хируршки брзо не се интервенира можен е развој на гангрена каде што дополнително ќе биде потребна ресекција на зафатениот дел.
 
Да ве прашам докторе веќе штом сте отвориле ваква тема :)... се имам оперирано од кила 2 пати како мал (еднаш на 2 годишна па потоа на 7 годишна возраст на двете страни)... прашањето ми е дали може доколку се претера со вежбање односно преголемо напрегање да се појави повторно во подоцните години или еднаш направена операција е трајна?
 
Да ве прашам докторе веќе штом сте отвориле ваква тема :)... се имам оперирано од кила 2 пати како мал (еднаш на 2 годишна па потоа на 7 годишна возраст на двете страни)... прашањето ми е дали може доколку се претера со вежбање односно преголемо напрегање да се појави повторно во подоцните години или еднаш направена операција е трајна?
секако дека може да се повтори никој не може да гарантира дека нема да се повтори затоа треба да се внимава
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom