Help

Член од
4 октомври 2021
Мислења
1
Поени од реакции
0
Zdravo na site mi treba vasa pomos,dokolku nekoj znae podetalno da mi objasni okolku staziranjeto i polaganje strucen drzaven ispit za zaben tehnicar/ stomatoloska sestra ,imam zavrseno sredno mecidinsko smer zaben tehnicar i sum zapisana na medicinski vo Stip isto smer zaben tehnicar proteticar. Fala vi odnapred.☺
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.765
Поени од реакции
36.459
Приправничкиот стаж на (идни) здравствените работници со средно образование

... сите тие кои ќе завршат средно медицинско училиште (без разлика кој смер) од датумот на дадената диплома од положена матура, треба да помине шест месечно стажирање или приправнички стаж, на повеќе места одредни според професијата каде може да работи тој медицински смер (профил), односно да се земат потписи по завршен приправнички стаж на тие места,

... според планот и програмата за стажирање ќе ги наведам сите смерови за кандидатите со завршено средно медицинско училиште:

Образовен профил- медицинска сестра

- хирургија 30 дена,
- интерна медицина 30 дена,
- педијатрија 30 дена,
- инфектологија 15 дена,
- детски диспанзер 15 дена,
- ординација по општа медицина 60 дена

Образовен профил - медицински лаборант техничар,

- медицинска биохемија 90 дена,
- микробиологија со паразитологија 45 дена,
- трансфузиологија 45 дена,

Образовен профил - фармацевтски лаборант техничар,
- фармацевтска технологија 90 дена,
- аптекарска пракса 60 дена,
- трансфузиологија 30 дена,

Образовен профил - физиотерапевтски техничар,
- физикална терапија 90 дена,
- рехабилитација 60 дена,
- балнеотерапија 30 дена,

Образовен профил - забен техничар,
- стоматолошка техника со технологија 60 дена,
- стоматолошка протетика 60 дена,
- ортопедија на вилиците (заби) 30 дена,
- детска и превентивна стоматологија 30 дена,


Приправничкиот стаж на (идни) здравствените работници со више образование

... сите тие кои завршиле виша медицинска школа (сите смерови) нивниот приправнички стаж им трае девет месеци и тоа според планот и програмата за стажирање на тие кандидати :

Образовен профил-виша медицинска сестра техничар,
- интерна медицина 45 дена,
- хирургија 60 дена,
- педијатрија 60 дена,
- патронажа 60 дена,
- здравствено воспитување 45 дена,

Образовен профил - виша гинеколошко акушерска сестра техничар,

- гинекологија 90 дена,
- акушерство 135 дена,
- диспанзер за жени 45 дена,

Образовен профил - виш санитарен техничар, виш санитарен еколог

- епидемиологија 90 дена,
- хигиена 90 дена,
- микробиологија со паразитологија 60 дена,
- инфектологија 30 дена,

Образовен профил - виш биохемиски здравствен лаборант,

- медицинска биохемија 90 дена,
- микробиологија со паразитологија 90 дена,
- санитарна хемија 45 дена,
- трансфузиологија 45 дена,

Образовен профил - виш фармацевтски техничар лаборант,

- медицинска технологија 135 дена,
- медицинска биохемија 45 дена,
- броматологија 45 дена,
- трансфузиологија 45 дена,

Образовен профил - виш рентген техничар,

- рентген техника 135 дена,
- рентген дијагностика и терапија 90 дена,
- заштита од јонизирачки зрачења 45 дена,

Образовен профил - виш стоматопротетски техничар,

- стоматолошка техника со технологија 90 дена,
- стоматолошка протетика 90 дена,
- ортопедија на вилиците и забите 45 дена,
- детска и превентивна стоматологија 45 дена,

Образовен профил виш физиотерапевтски техничар,

- физикална терапија 135 дена,
- рехабилитација 90 дена,
- балнеотерапија 45 дена,

... според правилникот за приправничкиот стаж здравствениот работник додека ги посетува одредените места за стажирање треба да се оспособи за:


според Член 4


1. Вршење на општи и специјализирани работи и задачи од својата струка, совладување на методи и постапки со цел за пружање на здравствена заштита во доменот на примарната, секундарната и терцијалната заштита, општа и посебна нега, односно заштита и унапредување на животната и работната средина, самостојно раководење со потребните инструменти и апарати како и одржување на истите,

2. Примена на методот на асепса и работа во други услови, примена на инструментите и материјалите за стерилизација, вршење и контрола на стерилизацијата, вршење на дезинфекција на предметите, апаратите и опремата, примена на хигиенско-епидемиолошки постапки за превенција и спречување на инфекција во секојдневни услови за работа од здравствената дејност, а посебно за спречување на интрахоспиталните инфекции,

3. Совладување на постапки за решавање на ургентни состојби и запознавање со воен медицински минимум,

4. Запознавање со основните принципи и цели на здравствено воспитната работа и спроведување на здравственото воспитување како интегрален дел на работата во секојдневната практика,

5. Практична работа за водење на основната медицинска документација и други средства за водење на евиденција на здравствената заштита и составување и доставување на пропишаните извештаи.


според Член 5

Приправничкиот стаж кој здравствените работници го вршат според планот утврден на овој правилник се запишува во приправничка книшка на образец број 1 кој е даден во прилог и е составен дел на овој правилник.

Приправничката книшка на здравствените работници со завршено средно или више образование е со правоаголна форма во големина од 15 х 20 см, со корици изработени од тврда бела хартија и содржи 20 страници.
На првата надворешна страница во средината на горниот дел стои грбот на Република Македонија, под него текст: "Република Македонија", а под него со големи букви "Книшка за приправнички стаж на здравствен работник со завршено средно или више образование".
На втората внатрешна страна од корицата е одбележано место за фотографија од 4,5 см. х 6 см., а под него место за своерачен потпис на здравствениот работник.
На горниот дел од првата страница од книшката во редови стои место за податоци за здравствениот работник: име, татково име, презиме, дата на раѓање, место, општина и држава, завршено образование со дата и место на завршување, број на свидетелство односно диплома, дата на започнувањето на приправничкиот стаж, здравствена установа во која започнува да се врши приправничкиот стаж, а под него од десната страна место за округли печат на здравствената установа со потпис на заверувачот-менторот.
На долниот дел од првата страница од книшката во редови стои празно место за податоци за: датата на завршувањето на приправничкиот стаж, името на здравствената установа во која е завршен приправничкиот стаж како и место за округли печат и потпис на заверувачот-менторот.
На втората страница по ширина се исцртани пет графи поделени во два дела. Во потесниот дел од првата графа стои текст: "Здравствена установа", под него во втората графа стои текст: "Гранка на медицината, стоматологијата, фармацијата, односно област од здравствената заштита или друга област", под него во третата графа стои текст: "Стажот го поминал/а од ______ до ________", под него во четвртата графа стои текст: "Опис за стекнатите практични знаења на здравствениот работник" и под него во петтата графа место за округли печат на здравствената установа со потпис и факсимил на заверувачот-менторот.
Наредните страници до 20-тата се печатат со иста содржина како и втората страна опишана во став 7 од овој член. Претпоследната внатрешна страна и последната надворешна страна од корицата се празни.


Член 6

Здравствената установа во која се спроведува приправничкиот стаж врши распоред на здравствените работници, за нив води посебна евиденција и обезбедува услови за изведување на практичната обука од приправничкиот стаж.
Приправничкиот стаж се врши под непосреден надзор на овластен здравствен работник (во натамошниот текст - ментор) определен од надлежен орган на здравствената установа од редот на вработените, со најмалку ист степен на стручна подготовка како и најмалку пет години работно искуство во областа во која се оспособува здравствениот работник.
Менторот се грижи за реализација на задачите предвидени со програмата на овој правилник.
Здравствениот работник пред отпочнувањето на вршење на приправничкиот стаж поднесува приправничка книшка заедно со заверен препис од нотар или заверено фотокопие од диплома или уверение за завршено више образование, односно свидетелство за завршено средно образование.
Во приправничката книшка менторот ги внесува податоците за здравствениот работник и ја заверува со свој потпис и со печат на здравствената установа.


Член 7

При спроведувањето на секој дел од планот на приправничкиот стаж во соодветната работна единица од здравствената установа менторот определен од одговорниот здравствен работник на таа единица го запишува отпочнувањето на приправничкиот стаж според планот и програмата во приправничката книшка, а го заверува со својот потпис и факсимил и со печат на здравствената установа при завршувањето на соодветниот дел од стажот.


Член 8

Приправничкиот стаж по правило се врши без прекин. Во случај на отсуство поради болест и повреда, спреченост од работа поради бременост, раѓање и мајчинство, како и повик од надлежен орган, вршењето на приправничкиот стаж се прекинува и продолжува по завршувањето на случајот.

Член 9

Во приправничката книшка се запишува датата на почнувањето и завршувањето на стажот по делови што ги заверува здравствената установа во која здравствениот работник го врши стажот.
Во делот од приправничката книшка предвиден за запишување на податоците за практичната обука на здравствениот работник, здравствената установа внесува податоци за името и седиштето на установата, организационите единици и времетраењето на практичната обука.
Во делот предвиден за опис на практичната обука, менторот внесува податоци за работите кои здравствениот работник ги запознал преку обуката според програмата, по истекот на времето предвидено за практичната обука запишува опис за стекнатите практични знаења и го заверува со свој потпис и факсимил и со печат на здравствената установа

 

Kajgana Shop

На врв Bottom