- Член од
- 19 март 2011
- Мислења
- 18.984
- Поени од реакции
- 40.199
За односот на Хајдегер спрема Кант во врска со разбирањето на времето, може да се напише докторат, и сигурно не е тема за еден пост на Кајгана. Хајдегер го поима времето егзистенцијално, односно како начин на кој Битието се отвара спрема Тукабивствувачкото. За Хајдегер времето не е она што го мериме со часовниците, тоа е модусот низ кој Тукабивствувачкото постои, а се манифестира низ трите временски екстази. Времето е секогаш ограничено со смртта, која не е временски крај, туку секогаш присутна извесност.Ставрогин, јас имам едно прашање, повеќе е поврзано со Битието отколку со интервјуто.
Имено, Хајдегер го сметал времето како клуч за одгатнување на тајната на Битието.
Ќе ги прифатиме сите аспекти на времето: минато, сегашност, иднина. Минатото е определено како време кое изминало, а иднината како време кое надоаѓа. Но, проблемот е со сегашноста. Колкав миг е таа? Изгледа дека нема никаква зафатнина. Идното време се проткајува преку сегашноста и заминува во минато. Oпределеното време постојано протекува низ неопределената сегашност.
Кант сметал дека времето и просторот се само наши познавателни орудија, или како што Расел за тоа вели, стварноста е последица на сетилноста (мислам дека овој заклучок на Кант се спомна во темата за Аквински, но само накратко). Но, во студијата за Хајдегер (за Време и Битие поконкретно) што ја читав, се смета дека одговорот на Кант не целосно го апсолвира проблемот.
Може ли одговор како ти размислуваш за ова?
Познатата дистинкција помеѓу егзистенцијалното и астрономското Време е дело токму на Хајдегер.