HDD locked

  • Креатор на темата Креатор на темата bogev4eboy
  • Време на започнување Време на започнување

bogev4eboy

Хејтер
Член од
6 март 2011
Мислења
382
Поени од реакции
180
Локација
Скопје
Здраво дечки,
имам мало лаптопче Acer AspireOne на кое има ставено HDD пасворд. Повеќе од 4 дена барам по интернет ама ништо. Кога се вклучува пишува:
Primary Master TOSHIBA MK1663GSX Lock
Пробав со нова инсталација на Windows 7 ама ништо од тоа, таму не ми дава да инсталирам на постоечката партиција, ниту пак да креирам нова.

Да не знае некој случајно чаре за ова ?
Ви благодарам
 
Решение, отвори го и растури го на делови. Плочките користи ги како декорација, од моторчето направи некаков друг уред а магнетите користи ги за забава. Дискот е мање-више kaput. Такви имам над 20 дома, сите различни. Наоѓав софтвери кои наводно би требале да го кракираат пасвордот, ништо. Дури имам и купено некои DOS програмчиња, не дадоа резултат. Единствен начин е да ги ставиш на специјална машина која ќе го ресетира пасвордот ама тоа повеќе кошта од што нов диск да купиш. Ако ептен немаш некои битни податоци, најдобра солуција ти е да скокнеш до бувљак и ново дискче да си земеш, ги има за 250 денари ако знаеш точно што бараш. Да, можно е дискот да е цркнат ама па 250 денари не се пара.
 
Пробај со ( hbcd-15.1-Restored-V2.0-dvd-proteus )
Бутирај од ЦД-то мини виндовс и пробај со некоја од алатките што ги има за хард дискови таму. Иако за оваа работа мора да признам прв пат слушам :)
 
А како се заклучува,и зашто се заклучува уствари?
 
:(

И јас прв пат слушам за ова :)
си постојат овие опции во BIOS-от скоро на секој компјутер, зависи од верзијата ... на интернет нема ниту еден туторијал за ова
А како се заклучува,и зашто се заклучува уствари?
не се заклучува, заклучен е веќе ... иначе имаш опции и на компјутер и во BIOS за тоа
проблемот е што незнам како е заклучен, мали деца си играа со него ...
 
Има некои лаптопи кои самите нудат заклучување на HDD и тоа најчесто преку BIOSот вграден во матичната,прво кога стартува пред да проба да бутира отвори BIOS settings и види дали ќе најдеш за HDD lock или други опции,во случај да ти е заклучена некоја партиција можеш преку MS-DOS command со командата LOCK/UNLOCK drive X каде што „x“ ти е драјвот D,C или слично, на пример lock c: и тогаш ќе добиеш предупредување за можно оштетување и губење на податицо и имаш y/n? и толку е,истата постапка е и за одклучување unlock c: ...
 
:(

си постојат овие опции во BIOS-от скоро на секој компјутер, зависи од верзијата ... на интернет нема ниту еден туторијал за ова

не се заклучува, заклучен е веќе ... иначе имаш опции и на компјутер и во BIOS за тоа
проблемот е што незнам како е заклучен, мали деца си играа со него ...

http://www.pwcrack.com/bios.shtml

пробај еден од пасвордите, зависи каков биос имаш.Знам мене на fujitsu siemens ми има проработено еден од тие за аmi што е.
 
Џабе ќе се мачи детето, сите овие ми се пробани ама ако има време нема да е на одмет да се обиде.

Инаку заклучувањето не е такво што мислите, софтверски и на партиции така да ако сакате да му помогнете барем разгледајте за што се работи. Ова заклучување се одвива директно на firmware и џабе е на кој компјутер ќе се стави дискот, пак ќе ја бара лозинката. Да се флешне не може бидејќи и при таа операција бара лозинка. Единствена шанса се оние големи машини кои ги спомнав, колку што се информирав тогај машината со помош на електрични импулси го корумпира firmware-то, потоа го брише и дава опција врз него да се флешне нов. Истово може да се направи од ептен искусен електроничар, треба да се преспојат некои пинови на дискот, ама тоа е веќе ракетна наука за мене.
 
... значи и лаптопот и HDD заминаа :( според тоа што го прочитав тука пишува дека ако се стави нов HDD може и тој да се заклучи ...
 
Има шанса да се заклучи и новиот диск, но лаптопот можеш да го флешнеш ептен лесно. Всушност да сум на твое место тоа би го пробал најпрво. Можеби имаш некакви шанси бидејќи се работи за Aspire one. Јас имам ZG5 и го имам флешнато двапати до сега, лесно ко боза е.

http://en.kioskea.net/forum/affich-635916-acer-aspire-one-zg5-cant-flash-bios

Бидејќи ова се одвива уште пред да се подигне системот, пробај, можеби во некое лудило ќе упали целава работа па ќе го отклучиш и дискот.. Ако не успее, тогаш барем лаптопот ќе може да прими друг диск без ризик.
 
ќе го пробам овие денови секако, па ќе пишам што ќе биде ...
иначе доколку некој друг има било каков предлог слободно ...
 
Сите понови лаптопи имаат опција за заклучување на ХДД....причина- заштита на податоците при кражба на лаптопот

флешување на БИОС нема да ви помогне...да го оспособите дискот

единствено што може да се направи да се извади дискот....да се вллезе во биос и да се оневозможи опцијата за заклучување на дискот...а потоа да се вгради нов диск

Кај Аcer ZG5 за да промените диск или меморија мора да го растурите цел лаптоп и да ја извадите целата матична плоча.....за некој без искуство ...ова и не е така едноставно
 
Абе целта е да го спаси лаптопот барем. А во биос не може да влезе без лозинка како што сфатив. Затоа треба да го флешне биосот, па за дискот ако биде убаво, ако не здравје, барем машината му останала.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom