Harper's Island

  • Креатор на темата Креатор на темата MyloXyloto
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
CBS_HARPERS_UPFRONT_CLIP01_120x90.jpg


Харперовиот остров е хорор-мистерија серија емитувана на CBS. Серијата завршува со 13та епизода која беше емитувана на 11 јули.
Во серијата се работи за група луѓе кои одат на насловниот остров во чест на Хенри и Триш односно младоженецот и невестата. Тука се нивните роднини и пријатели. Но протагонист на серијата е најдобрата пријателка на Хенри, Аби Милс. Таа порано живелаа на островот се‘ додека човек по име Џон Вејкфилд не убил неколку луѓе на островот меѓу кои и нејзината мајка, татко и шерифот на островот ја праќа да живее во Лос Анџелес и тврди дека го убил Вејкфил.

На островот се се одвива супер за двајцата вљубеници, се додека еден по еден од поканетите не се убиени. Некаде во 8 епизода решаваат да ја откажат свадбата и да се вратат во Лос Анџелес, но мистериозна закана од убиецот ги спречува да го напуштат островот. На крајот на 13 епизода се открива кој е убиецот на големо изненадување. Серијата е полна со неизвеснот, хорор и едноставно се‘ потребно да ви го качи адреналинот. Како во секој класичен хорор филм па така и во оваа серија, има традиционалното мало девојче (во некои случаи момче) кое мрмори страшни работи и тврди дека знае се што се случува на островот, тука е и шерифот на островот кој трага по убиецот, како и споредните убиства изведени од некој целосно друг со други цели, со таа цел да се наведе гледачот на погрешениот убиец.

------

Must see! коментари подоцна, патем еве торенти за цела сезона.

http://zamunda.net/details.php?id=180154&hit=1

 
Се потсетив на серијата после гледањето на Shutter Island. Светилникот, островот..
Па аналогно, ја побарав на imdb да видам како стојат работите и се изначитав негативни коментари. Иако има 7.3 има безброј негативни коментари. Лично мене серијата ми се допадна, нуди солиден хорор, мистерија која ствара зависност, просечна глума - актерите беа на место. Расплетот ги разочарал на повеќе но едноставно не гледав друг излез за серијата. Заврши со стил. Една сезона е од 13 епизоди, па ако ви се гледа таков жанр, препорачувам. :smir:
 
Расплетот има разочарано многумина бидејќи не се дообјаснуваат сите работи (на пример кој го скрши порцеланот, кој и го затвори капакот од базенот на Триш). Мене серијата премногу ми се допадна, се изнаплакав
парот кога умре
.
Инаку чим е над 7 на imdb не може да е лоша. Јас ја препорачувам на сите, а особено на тие што се зависни од Lost мислам дека ќе им се допадне.
 
Расплетот има разочарано многумина бидејќи не се дообјаснуваат сите работи (на пример кој го скрши порцеланот, кој и го затвори капакот од базенот на Триш)

Па по некоја логика, еден од двајцата е виновен за капакот. Немора толку да директно да го потенцират.

Одамна уствари ја гледав, баш и не се сеќавам до детал ама знам ми остави и мене позитивен впечаток. =)
 
Мене лично серијата ми се допадна многу...Почнав да ја ггледам на Нова тв од што неможев да чекам секој понеделник нова епизода си ја симнав сите 13 епизоди и си ги гледав на компјутер..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom