Hanımın Çiftliği - Имотот на Дамата

  • Креатор на темата Креатор на темата Goran_D
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.467
Поени од реакции
250
Имотот на дамата

257zw4z.jpg

Имотот на дамата е турска ТВ серија која се темели на истоимениот популарен турски роман од Орхан Кемал и снимена е со буџет од 1,8 милиони долари.

Приказната започнува во 1950 година, време кога возбудата е во воздухот поради рокот на изборите, предизвик полн со конкуренција која расте од ден на ден помеѓу демократите и републиканците. Адана (град во јужна Турција), со својата плодна земја, огромни полиња со памук и фабрики, дава надеж за илјадниците сиромашни луѓе кои се борат да преживеат. Тоа е приказна за бунтот кој го создава социјалната неправда и каде сонот за заминување во друштво на повисокиата класа ги прави брутални тие очајни луѓе но, без оглед на се тоа е приказна во која надежта никогаш не умира. Приказната почнува со невината љубов помеѓу Гулу и Кемал.Гулу е сиромашна девојка која работи во една фабрика и е постојано злоупотребувана од нејзините татко и брат. Таа е вљубена во работникот Кемал, но нејзиниот татко не сака да слушне за таа врска бидејќи тој сака да ја омажи за Рамазан, внукот на сопственикот на фабриката. Гулу и Кемал решаваат да избегаат заедно, но тогаш полицијата го апси Кемал, а Гулу е вратена дома каде е претепана до смрт. Нејзината мајка не може да ја издржи несреќата на Гулу и оди во затворот кај Кемал. Таа го тера Кемал да и каже на Гулу дека не ја сака повеќе за таа да може да се омажи за избраниот сопруг. Кемал ја сфаќа ситуацијата на Гулу и и праќа такво писмо. Гулу е разочарана и решава да се омажи за Рамазан, кој ја носи на имотот на неговиот чичко за таму да се ожени со неа. Музафер, чичкото на Рамазан и сопственик на огромната фабрика и имот се вљубува во убавата Гулу и така Гулу всушност се мажи со стариот Музафер. По некое време во брак, Гулу почнува да го засакува нејзиниот сопруг и стануваат многу среќни заедно. Но не се случува голема трагедија и нејзиниот сопруг е убиен... Младата и бремена Гулу е сега богата и моќна дама во чии раце е оставено целото богатство на Музафер, неговата фабрика и неговиот имот. Дамата од имотот започнува да ги менува правилата во фабриката, застанува на страната на работниците и истовремено започнува потрага по убиецот на нејзиниот маж.
 
Со сета почит до Горан_Д, ама ги молам админите и модераторите да помогнат против перењето мозок на телевизиите, кое се пренесува и овде.

Серијата и плејадата слични на оваа би ја забранил со закон, а телевизијата би ја запалил со се директорот!
 
me cudese so i za ovaaa glupava serija nemavte tema otvoreno....kaj od ponedelnik do petok nemozes nisto da vides na tv pa i sabota aman...denes pak doma vojni imav radi tie glupi seriii....na cela maka pa im pocnala i od denes nekoja nova:tapp::tapp::tapp: violini dami lisja pagat do koga be???? :nesum:
 
Нели е форум ова, секој да се произнесува во врска со темата, некој позитивно некој негативно не се сите исти луѓе, така и сериите имаат разлика, кога ги има и другите серии зошто да не и оваа. :toe:
 
Нели е форум ова, секој да се произнесува во врска со темата, некој позитивно некој негативно не се сите исти луѓе, така и сериите имаат разлика, кога ги има и другите серии зошто да не и оваа. :toe:
Ако темава добие 5 позитивни коментари во наредните 3 страни (значи во случај да издржи 3 страни) - свака ти част...
 
Освен Лисјата не гледам друга турска серија.
Можеби не е лоша оваа,бидејќи треба да изгледам неколку епизоди па да видам дали е добра,затоа немам ниту позитивно ниту негативно мислење за оваа турска серија.
Исто мислев и за Лисјата дека се катастрофа се додека не почнав да ги гледам и затоа оттогаш не критикувам нешто пред да погледнам.
 
Сите сакате европска унија, епа со тоа иде и стоп за пиратерија, а со тоа иде и лоши филмови односно серии како што сигурно е оваа и тоа ја даваат во сабота во термин кога треба да се прикажува игран филм. Мислам дека со закон треба да се донесе дека телевизија што се емитува национално од понеделник до четврток треба да има барем два играни филмови во вечерните термини т.е од 8 до 11 барем еден филм додека во петок, сабота и недела да има по 2 играни филмови во вечерните термини т.е од 8 до 11, а за серии не треба да одат 2 паралелно т.е додека оди кога лисјата паѓаат да нема друга серија т.е Долина на волците.
 
-До пред година дена се даваа јаки американски филмови и серии, и тоа легално. Зошто сега ги нема? Нормално, турскиве бедотии се многу, многу погледани.
-Нема логика да се даваат филмови секоја вечер, треба да има разновидна содржина по телевизиите, а што е најстрашно, ни сега ја нема.
 
Поефтини им се овие серии и многу нормално ова ќе даваат.

А1 не ги довршија Lost(6 сезона), CSI x3(по 1-2 сезони од секоја), 24(7 и 8)
Сител не ја заврпија Prison Break(3 и 4). Друга не ми текнуе.
За другиве ТВ неам појма шо како давале.

По цена од квалитет за горните они пуштаат срања. Зошто? Па поефтини биле. Ебати телевизиите, ебати.
 
-До пред година дена се даваа јаки американски филмови и серии, и тоа легално. Зошто сега ги нема? Нормално, турскиве бедотии се многу, многу погледани.
-Нема логика да се даваат филмови секоја вечер, треба да има разновидна содржина по телевизиите, а што е најстрашно, ни сега ја нема.

И тоа што викаш некоја теорија на заговор е да се оглупи народот со серии и работа од 12 саати.
Има логика да се даваат филмови секоја вечер, ама нема никаква логика да се даваат после 12.00 како што сега се прави на А1 и тоа во термини во кои како што кажа пред некоја година се даваа јаки американски филмови, мада јас би сакал филмови и од другите народи, кинески, европски, пакистански, јужно амерички кои имаат некоја културна вредност и имаат душа, за разлика од денешните стрип-акциони глупости.
 
Лисјата се даваат од понеделник до петок, а оваа е сабота и недела на А1
 
За Време на Дождовите- во долината на волците-кога лисјата паѓаат се слуша плачот на виолината.... колку идилично звучи....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom