HAJL HITLER-rodendenot na Marika

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
VSTINSKA Skopska prikazna br.1 od istoimenata kniga......


На денешен ден, кога фашистичка Германија го нападнала Советскиот сојуз 22 јуни 1941 година, во Ново маало во Скопје, едно женско бебе се превртело во стомакот на мајка и'. Ќе се роди утре, ама како, читнете. По тој повод, расказот бр.1 од “Скопје тенкју 2“ повторно го споделувам со вас со големо задоволство. СРЕЌЕН ЈУБИЛЕЕН РОДЕНДЕН ДРАГА МАРИКА ПОП ХРИСТОВА

........................................................................................................................ Млади бевме, Таа 1941ва, 22 јуни, Германците више беа влезени у Скопје. Многу куќи се испразнија. Фатија џенем да избегаат од окупаториве, некои у партизани по планиниве, пошто више у велико се знаеше дека Германциве не се штрецнуат многу да потегнат по шмајзерите. Аспасија со стомакот до зуби, малиов више напуни 8, ги разбираше работите, ама го гледаше и стравот у нашите очи. Не се одлепуеше ил од мајка му ил од мене кога бев дома. Таа вечер као и секоја друга пред оваја, Аспасија го вртеше компасот на радиото марка “Блаупукнт“, го бараше радио Лондон. Разбираше англиски, и ни преведуеше. Со ушите залепени за радиово. Одеднаш рипна и за да не врисне ги стави двете руки на уста и се згрчи. Што се десило Аспасија, збори, почнав панично ама шепотејќи да ја прашувам. Малиов се пикна под маса, и тој се штрецна од скокањево на мајка му. Ги тргна руките, и рече, Киро, ми се преврте бебево у стомак. Како ма ти се преврте? Што збориш? Така, го осетив дека после овој мој шок, бебето ми се преврте. У пичку матер, опцув у себе, уште тоа ми фали сеа, ја да те пораѓам овде, аман ма Аспасија, што те потресе толку. Германците влегле дубоко у Украина, се доближуат до Москва. Уште еднаш опцув, и реков дека Хитлер и Стаљин имаат договор за ненапаѓање и да не се секира за тоа, ама џабе, целата беше у грч. Ја фатив за рука и ја довлечкав до кревет, легни и опушти се, ѝ реков, и барем почекај да се раздени да најдеме некој доктор да те породи.
Цела ноќ око не склопив. Чекав и гледав у неа. Спиеше. Среќа. Се раздени, 23 јуни, негде околу 12, врисна: Готово Киро се пораѓам, и продужи да вриска. Малиов одма почна да плаче. Ја легнав на кревет, таа се поише вриска, цел комшилук ечи, надвор слнце пече, жива душа нема нигде, барам лонец го пунам со вода, зимам чаршафи, пешкири, памуци што најдов низ куќа, го ставив лонецот на решо да се згрее вода и се спремав да ја породам, што да праам. Не можев да ги слушам врискањата на Аспасија, сé погласни и погласни, а паметот ми отиде у тоа што ми го кажа сношти, дека осетила како бебево и се превртело у стомак. Си реков оваа не вриска џабе, ова пораѓање ќе биде тешко и комплицирано, ќе мора да најдам доктор. Трчајќи се симнав низ мердевините, го земав точакот, овој малиов се стуткал под скали, и плаче. Уплашен, ама кого да тешам сеа. Му реков да иде горе кај мајка му док се вратам, одам по доктор. Не ме послуша, ама немав време да му зборам нешто друго. Го јавнав точакот и трк удоле низ сокаков...
Првиот живееше неколку улички подоле. Брзо стасав до портата, го фрлив точакот се затрчав натаму, џабе. Портата заклучена со катанец. Викав Ацо, Ацо, докторе докторе. Никој. Го јавнав точакот и тргнав кај овој другиов, и цело време мислев на Аспасија, а се молев барем овој да го најдам дома. И таму празна куќа. Што сега, јаден Киро, си викам у себе, враќај се брзо назад, па што биде нека биде. Само што влегов у моја улица, кога од другата страна колона Германци идат наваму, накај мене. Прво неколку мотори со приколици, па дватри џипои отворени, официри седнале у нив, после нив неколку камиони, и скоро на крај од колонава гледам едно камионче со црвен крст на него. Го фрлив точакот, и застанав пред камиончево со крстот, ги дигнав руките у вис и на цел глас викав: ДОКТОР, ДОКТОР, ДОКТОР...!!!
Оние од позади, истрчаа со шмајзерите у руки и нишанат накај мене. Се појави некој офицер од камиончево со крстот, и почнав да му покажувам накај куќата, а со рацете правам кругови врз стомакот, и викам ДОКТОР, ДОКТОР. Ме разбра. Отиде позади, зема една торбица, и ми покажа со рука да го водам. Куќата ми беше на 50 метри од тука, брзо стасавме, ја поттрчнувам, тој иде со крупни чекори. Ја више на првата скала да се качувам нагоре, тој застана пред двор, ги удри чизмите една од друга, застана мирно, ја искоси десната рука, и викна Хајл Хитлер. Го гледав, и си викав, јеботе Хитлер доаѓај ваму и помагај, ќе ми умре жената. Малиов излегол од под скали, ама се стуткал, кај шупата, клечи и плаче. Кога го виде Германецов, мислам дека се стаписа, ама у овој момент Аспасија ми беше у паметот, никој друг. Не се слушаше врискање. Се уплашив, недајбоже. Се качивме горе, Аспасија више помодрела од болки, натопив крпи и почнав да и го бришам лицето и челото, Германецов го соблече палтото, ги засука рукавите од белата кошуља, и ги зами рацете у лонецот со вруќа вода. Ми рече да сипам малку ладна да ја разладам. Ова ми го покажуеше со руки, ама се разбравме. Отиде на креветот, и почна да ја притиска Аспасија за мевот. Бебево не покажуе знаци дека сака да излезе. Почна да диши у ритам, бамбори нешто на германски, и диши. Аспасија почна да му го следи ритамот на дишење. Не знам колку време помина, ама оваа мојава пак врисна, а овој го извлече бебево. И тоа модро, потемнело ко Аспасија. Го фати за ноџињата, го обеси ко заклана кокошка, со главата удоле, и почна да го плеска по газето. После неколку шамари, се слушна бебешки глас, плачење. Аспасија се насмеа. Мене, ми падна цело Водно од грудиве. Конечно издишав. Германецов остана поише од пола саат тука. Чекаше да излезе и кошулицата, па откако ги среди и бебево и жена ми, пак ги изми руките, го облече сакото, ја стави официрката на глава, се поздарви со Аспасија. Таа веќе го беше извадила златникот со ланчето од вратот, подарок од брат ѝ, и му го подаде. Германецов и ги свитка прстите, го затвори подарокот, не сакаше да го земе. Се поздрави со мене, Аспасија ми го подаде ланчето со златникот кажувајќи ми и јас да се обидам да му го дадам, тој застана на вратата, пак ги тресна чизмите една од друга, ја испружи десната рука и викна Хајл Хитлер. Почна да се симнува по скалите, ја по него. Не знаев како да му речам фала, џабе му го нудев ланчето. Вртеше со главата одбивно, ама со насмевка. Пред да излезе од портата кај дворот, се заврте кон куќава, па ги плесна чизмиве една у друга, ја искоси руката и па викна “хајл Хитлер!“...
Дур кога влезе у камиончето, колоната продужи да вози. Си го земав точакот, и спринт дома. Аспасија веќе беше ослободена од болките. Го држеше девојчето во раце и го бакнуваше. Се смееше. Се насмеавме сите. И малиов ме гушна, и тој престана да плаче. Сестричка, му реков. Чудно девојче ќе биде ова, рече Аспасија. Зошто, ја прашав, па чим со газот излезе, ќе има нешто чудно у неа. Марика ја крстија. И навистина, и ден денес, е чудна таа Марика Поп Христова од Ново маало, породена од Германец чие име не успеале да го дознаат, и си го викаат д-р “Хајл Хитлер“...
L
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom