HAARP и врска со земјотреси

Член од
3 јануари 2023
Мислења
7.312
Поени од реакции
4.702
Значи ќе тресеме глупости и ќе го кривеме ХАРП затоа што народот градел во зони на редовни земјотреси со неквалитетен материјал.
Секој има право да си каже свое мислење на форумов.
И секој има право да реплицира, но нема секој право да се расфрла со навреди за другите членови, без оглед на тоа какви ставови има противникот.
Тогаш разговорот преоѓа во караница и се губи смислата на поставената тема.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.623
Поени од реакции
34.809
Јас секогаш држам ниво, освен кога гледам какви глупости тропаат.
...секој има право да си го напише мислењето, ако тоа не се поклопува со твое не значи дека „тие тропаат глупости“,, односно од каде пак ти си толку сигурен дека твоето мислење е тоа вистинското, па другите пишуваат глупости, зашто не ја имаш опцијата дека може да биде обратно.
Гледам дека ти си експерт по се,
...еднаш напишав некаде, ајде пак ќе се повторам, тоа што имам познавање од повеќе области како моја ризница од општа култура и искуство, некому дава дојам на експертизам, што всушност тоа треба да биде општо познавање на сите.
и ни постираш теории на заговор,
...тоа што не можам јас да го докажам со линкови и туѓи текстови од портали, а се сомневам во вистинитоста, тоа мене ме прави „ти постираш теории за заговор“, а тоа што ти исто не можеш да докажеш, ама веруваш све што се пишува по портали (дали прими бустер антиковид вакцина?), тоа те прави експерт?
имаш ако даде госпот, ама во градежништвото е или е добро направено или не е, па ако не е имаш ако даде госпот.
...онака колку да знаеш, се пишува со голема буква, ем завршува на „д“ - Господ, а не „госпот“!
Еве на онаа тема пак си пишала дека носечките ѕидови се многу добра работа, без притоа да си прочитала од погорните коментари што се уствари носечки ѕидови,
imagesvgh.jpg sos_taiwan_whe62_1-1_275x187.jpg

... пишувам околу носечките зидови дека ја дава стабилноста на зградата и при земјотрес имаат многу важна улога, доколку истите зградата ги има нема да се руши, додека ако долниот дел т.е. приземјето нема носечи зидови туку стакларија од деловни простории, отворени простории како паркинзи или внатрешни базени биди сигурен дека зградата ќе падне при различната ајда речам израз „резонанса“ или вибрирање при движење на тој дел што нема зидови и е полесен и нема ублажување за разлика од погорните катови кои имаат зидови и имаат поинаква резонанса при нишање, па долниот дел ќе се прекрши и одели од горните катови, па потоа при повторен потрес ќе следи т.н палачинка ефект, смачкување на катовите еден врз друг како палачинка редење!

imagesdft.jpg imagesjkop.jpg

... да знаеше, што значи изразот „soft story“ и „soft story building“ ќе размислеше поинаку, тој проблем ги имало сите згради во Турција кои така наеднаш се рушија, но ова не е тема за да објаснам, ќе напишам токму на другата тема во архитектура за градби, па ти ако сакаш смени си мислење со нешто ново научено од ова што изгледа прв пат ќе прочиташ!

190709-the-stack-retro-fits (2).png
 
Последно уредено:

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.077
Поени од реакции
3.234
пишувам околу носечките зидови дека ја дава стабилноста на зградата и при земјотрес имаат многу важна улога, доколку истите зградата ги има нема да се руши, додека ако долниот дел т.е. приземјето нема носечи зидови туку стакларија од деловни простории, отворени простории како паркинзи или внатрешни базени биди сигурен дека зградата ќе падне при различната ајда речам израз „резонанса“ или вибрирање при движење на тој дел што нема зидови и е полесен и нема ублажување за разлика од погорните катови кои имаат зидови и имаат поинаква резонанса при нишање, па долниот дел ќе се прекрши и одели од горните катови, па потоа при повторен потрес ќе следи т.н палачинка ефект, смачкување на катовите еден врз друг како палачинка редење!
Носечки ѕидови не постојат во ситуација кога имаш бетонски столбови со челични жици внатре, старите носечки ѕидови кој ги правеле нашите дедовци биле со камен и дрво, сега се прават со полни цигли, јутонг, мутонг и уште какви нема, ама на сите е заедничко дека пак ставаат челични жици од помал обем вметнати во самиот ѕид внатре и обично тоа се еден до два спрата куќи, во зграда никој не ти става носечки ѕид.

Еве ти едно видео за ѕид со цигли колку потпира, да е само со цигли ќе се распадне додека ја полнат првата плоча, не си била никогаш на плоча кога се полни со бетон да видеш колку вибрира само од пумпата, а па ако се користи и вибратор се живо одрипа.


И да не заборавам, толку начитана, од се и сешто што се разбира незнае дека ЅИД се пишува со Ѕ а не со З.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.887
Поени од реакции
7.267
Секој има право да си каже свое мислење на форумов.
И секој има право да реплицира, но нема секој право да се расфрла со навреди за другите членови, без оглед на тоа какви ставови има противникот.
Тогаш разговорот преоѓа во караница и се губи смислата на поставената тема.
Прво кажуваш, нема секој право да се расфрла со навреди. Јас ова го толкувам дека секој нема право, но одредени имаат право, па кои би биле тие кои имаат такво право?
Ти во корона темата како доби право на други да укажуваш дека се зезнале :D

Второ, како тоа за некој е во ред да тресе глупости, ама не било во ред да му кажеш (нормално да му покажеш, докажеш) дека е глуп. :toe:

одвоено или споено се пишува.... :D
Правопис и граматика најнебитни работи во животот, не знам зашто трошиме време. :toe:
Бијонс од инает 3кг сол ќе изеде :facepalm:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.623
Поени од реакции
34.809
Носечки ѕидови не постојат во ситуација кога имаш бетонски столбови со челични жици внатре, старите носечки ѕидови кој ги правеле нашите дедовци биле со камен и дрво, сега се прават со полни цигли, јутонг, мутонг и уште какви нема, ама на сите е заедничко дека пак ставаат челични жици од помал обем вметнати во самиот ѕид внатре и обично тоа се еден до два спрата куќи, во зграда никој не ти става носечки ѕид.

Еве ти едно видео за ѕид со цигли колку потпира, да е само со цигли ќе се распадне додека ја полнат првата плоча, не си била никогаш на плоча кога се полни со бетон да видеш колку вибрира само од пумпата, а па ако се користи и вибратор се живо одрипа.


И да не заборавам, толку начитана, од се и сешто што се разбира незнае дека ЅИД се пишува со Ѕ а не со З.
...со тебе ја завршив приказната во пишување, не одговори што значи изразот„soft story“ и „soft building“, ако одговориш може ќе продолжиме со дебатирање,
...а тоа околу зидовите или Ѕидовите не е грешка, пола МКД така го пишува, ама немам сега време тоа да го објаснам, ама „госпоТ“ е ептен грешка, инаку и Основно Јавно обвинителство каде се правници нели, го користат „зид“ наместо „ѕид“ .
а некои и комбинирано во ист текст,
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
7.312
Поени од реакции
4.702
Прво кажуваш, нема секој право да се расфрла со навреди. Јас ова го толкувам дека секој нема право, но одредени имаат право, па кои би биле тие кои имаат такво право?
Ти во корона темата како доби право на други да укажуваш дека се зезнале

Второ, како тоа за некој е во ред да тресе глупости, ама не било во ред да му кажеш (нормално да му покажеш, докажеш) дека е глуп.
За првото, погрешно се изразив, требаше да напишан НИКОЈ наместо СЕКОЈ. (се извинувам)
Јас дали употребив навредливи зборови во темата за корона, не можам да се сетам. Несогласување изразувам ако имам спротивно мислење, но гледам секогаш да биде во границите на културно реплицирање.
Не сум јас тој што може да каже дали е некој глуп или не, затоа и не употребувам такви изрази.
Дали сум јас НИКОЈ, може да каже само НЕКОЈ.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.626
Поени од реакции
8.495
Не сум сигурен дека е негов профилов, ама интересно да се види.
 
Член од
22 јуни 2019
Мислења
816
Поени од реакции
1.296
Не сум сигурен дека е негов профилов, ама интересно да се види.
Доста сомнително. Вакво нешто нема шанси да биде прородно и да се направе со видео монтажа. Цело време додека збореме за харп и за корони вакцини смешкат ни се третират ги тие информации како теории завери ама во историјата на крајот се секогаш покажало дека секоја теорија завера испаднала вистина, времето ќе мине секоја вистина ќе излезе на површина.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.626
Поени од реакции
8.495
Доста сомнително. Вакво нешто нема шанси да биде прородно и да се направе со видео монтажа. Цело време додека збореме за харп и за корони вакцини смешкат ни се третират ги тие информации како теории завери ама во историјата на крајот се секогаш покажало дека секоја теорија завера испаднала вистина, времето ќе мине секоја вистина ќе излезе на површина.
Абе политичар е, и не е било кој.

Mr. Ezra Cohen served as Acting Under Secretary of Defense for Intelligence and Security beginning on Nov. 10, 2020. He previously served as the Acting Assistant Secretary of Defense for Special Operations and Low-Intensity Conflict. In that role, he was responsible for all policy formulation and oversight for Department of Defense counterterrorism, special operations, counter-narcotics, detainee affairs, peacekeeping, humanitarian assistance, and stability operations. Separately, Mr. Cohen provided oversight of all organize, train, and equip activities for United States Special Operations Command......
 

Kajgana Shop

На врв Bottom