„Гурмет“ избран за најдобар ресторан за 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefus Corp.
  • Време на започнување Време на започнување

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821

Плакетата за најдобар ресторан годинава ја доби ресторанот „Гурмет“, а второто и третото место им припаднаа на „Национал“ и на „Аванти“

transparent.gif

Најдобрите гостилници за 2012 година се: „Капка“, „Галерија“ и „Кај чичо 2“. Проектот „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите“ градот го реализира петти пат по ред во соработка со „Свот рисрч“, агенција специјализирана за мистери шопинг. Тајните купувачи оценуваа неколку критериуми, и тоа: прв контакт, изглед на просторијата, услуга на келнерите, квалитет на храната и завршен контакт.

http://www.time.mk/read/8a447f4aad/4dd6bf33a8/index.html

Meне лично ова ми се едни од подобрите ресторани така да мислам дека е реален избор.
 
Не сум бил во Гурмет, некоj што бил да каже што е толку добро во ресторанов?
 
Значи вака, не сум голем маанџија за кафани, ама ова е едно од ретките места за кои сум рекол дека моја нога нема да стапне по втор пат. И не стапнала.

Прво: персоналот е катастрофа, не те рецка ни два посто ако не си облечен ко за на свадба, касни со нарачките по пола саат, ниту еднаш не се насмеа (никој од нив).
Второ: Храната е лоша, ептен пресолена , мали се оброците, салатата беше спремена ко за ситен добиток.
Трето: Цените беа највисоки во цела Дебармаалска околина. Сосема незаслужено за тоа што го нудат.

Слободно хејтајте ме, ама ова е од лично искуство.
Се надевам дека се смениле во последните година-две.
 
Газдата на Национал е едно такво гомно од човек,не заслужува ништо племето негово!
 
Значи вака, не сум голем маанџија за кафани, ама ова е едно од ретките места за кои сум рекол дека моја нога нема да стапне по втор пат. И не стапнала.

Прво: персоналот е катастрофа, не те рецка ни два посто ако не си облечен ко за на свадба, касни со нарачките по пола саат, ниту еднаш не се насмеа (никој од нив).
Второ: Храната е лоша, ептен пресолена , мали се оброците, салатата беше спремена ко за ситен добиток.
Трето: Цените беа највисоки во цела Дебармаалска околина. Сосема незаслужено за тоа што го нудат.

Слободно хејтајте ме, ама ова е од лично искуство.
Се надевам дека се смениле во последните година-две.

Јас истово го потврдувам. Не се сменети исто е се. Тоа е место за да „те видат“.
 
Јас истово го потврдувам. Не се сменети исто е се. Тоа е место за да „те видат“.

Јас пак имам позитивно искуство со Гурмет, точно дека е најскап, ама се беше на ниво. Не одам често по кафани, ама ете ова ми остана.
 
Јас пак имам позитивно искуство со Гурмет, точно дека е најскап, ама се беше на ниво. Не одам често по кафани, ама ете ова ми остана.
Сум бил посите посаглам места...Онака за со фини гости не само да се накркаш ефтино. Гурмет е добро место и Национал ми се допаѓа само е малку тесно... Од посаглам местата се и Воденичка и Два Елена...Аванти е така и така. Инаку Национал имаат пониски цени од Гурмет и сооднос цена/квалитет е подобро во Национал. Џино не е лошо ама нема ич атмосфера. А ако е прашање само нешто да ставиш во стомак има за извоз кафани и гостилници па и сендвичари и бурекџилници.
Инаку местава не се за секој ден освен ако не си некоја висока класа.
 
Во и околу Зелен пазар има неколку угостителски дуќани. И понудата и цените се сосема добри
Само што не се во „ мода “....
 
Имам идено пред околу две години таму и беше сосема ОК во поглед на услугата и односот.
Минатата година појдов пак, и тоа специјална прилика беше, со резервација.
Како за инает, тој келнерот беше толку нељубезен и намуртен, што ми преседна седнувањето и нарачката за која се изначекавме (45 мин чекање за салата).
Башка земале и некој многу, многу послаб кувар. Го имав нарачано истото главно јадење како и првиот пат, а беше никакво, не го ни дојадов.

Затоа од мене имаат(n)(n)(n)
Сигурна сум дека оваа маркетиншка финта ја користат за да привлечат нови овци.Во секој случај, моја нога таму веќе не стапнува.

Имаше таму и еден рибин ресторан, на истата уличка, ама малку подолу, не знам како се викаше. Најскапа риба, најслаба услуга која ја имам видено в живот! Атмосфера и музика никаква, ладно да се смрзнеш внатре и тоа петок навечер беше. Солено плативме, ама тоа е...секоја школа се плаќа.
 
Овој ресторант да не има летна бавча надвор со фонтаничка и се наоѓа кај Гурмет во уличката лево?
 
Овој ресторант да не има летна бавча надвор со фонтаничка и се наоѓа кај Гурмет во уличката лево?

Сега го најдов како се вика, коноба Фрути Ди маре.
Прилично е близу до Гурмет, на истата улица се.

Пред да влезеш, на самата порта горе, има една метална макета од риба и мени ставено:)
Муабетот беше газдава долго работел во Хрватска и таму демек се научил разноразни рибји специјалитети да прави. Жими таквото, кога ни донесоа по едно печено мало рипче во тањир, без леб, без салата, никаков гарнир..гладни излеговме:facepalm:

http://www.fruttidimare.com.mk/Default.aspx?itemid=98

А сајтов им е што да ти кажам...фали ме усто:LOL:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom