Gunman Kills 4 on Illinois Campus

  • Креатор на темата Креатор на темата Helo
  • Време на започнување Време на започнување
Вооружен напаѓач уби најмалку петмина и рани 21 лице на американскиот универзитет Северен Илиноис, во близина на Чикаго. Убиецот бил пронајден мртов а полицијата претпоставува дека извршил самоубиство.

Нападот се случил вчера, на празникот Свети Валентин. Со два пиштола и сачмарка, напаѓачот влегол во големата предавална на часот по геологија и од местото на катедрата почнал да пука во присутните. Тројца починале на самото место, додека другите двајца им подлегнале на раните во болницата.

Во своето сведочење, ректорот на универзитетот Џон Петерс изјавил дека напаѓачот порано бил постдипломски студент по социологија, но моментално не одел на предавања. На полицијата се уште не и е познат мотивот за масакрот, ниту пак го открива идентитетот на момчето.

Ова е четврт напад во американска образовна институција во период од една недела. На 8 февруари жена уби две свои колешки во технички колеџ во Батон Руж, во државата Луизијана, пред да се самоубие. 17-годишник беше обвинет дека пукал и сериозно повредил свој соученик во гимназија во Мемфис, додека во градот Окснард, Калифорнија 15 - годишно момче беше тешко повредено од друг ученик.

Извор
 
ova samo vo robotska amerika se desava i toa redovno.................pa aj da se nasmeeemeeee...............ahahahahahha
 
Не е веќе интересно. (Втор пат го пишувам ова на ваква тема) :)
 
Lele zarem i tuka se zbora za toa! zalosno, navistina, tragedija. Ama me puknaa na vesti, me puknaa na rabota pa zarem i tuka!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom