Гуми (пневматици)

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Sega bash gi gledam i sharite mi stojat isti.. tocno li e ova nekoj drug da potvrde za smeneto ime ?
Сеуште се произведуваат и тигар,а рикен се истите гуми само што се произведуваат во новиот погон.Од кога ги купи мишелин фабриката се вика по ново tigar tyres и ги произведува Tigar, Riken, Kormoran,Orium,Strial,Taurus,Idilis,Sebring.Сите овие 8 ѓубре од брендови ги прават истите гуми со истата шара,во зависност за кој пазар се имаат различно име.Ако ти е за утеха тигар се прават на старите машини во старата фабрика,а Рикен во новиот погон на новите машини.Во Бугарија на пример се продаваат како Ориум
Автоматски споено мислење:

Значи тигар ли,рикен ли ориум ли истото ѓубре
 
Мислење за Рикен 205 55 16? Вр молам мислење само од искуство, не да нагаѓате.
 
Мислење за Рикен 205 55 16? Вр молам мислење само од искуство, не да нагаѓате.

За цената се сосем ок. Немам на своја кола ставено, ама со две други коли искуството е одлично.
 
Треба да купувам зимски гуми во димензии 225/45/17, е сега дилемата ми е во овие три гуми Sava HP2(4200 den),Nexen(4700 den) i Viking(4200 den),што би ми препорачувале која од овие е поквалитетна,и какво мислење имате за Viking.
 
Што да се прави со гуми многу малку возени (FULDA EcoControl), со длабока шара и без видлива деградација, НО произведени во 2012-та?
Гумите се летни и се мислам што да правам за другата сезона, бидејќи оваа сезона ги возев и низ град и на подолги дестинации и не покажаа слабост.
 
Што да се прави со гуми многу малку возени (FULDA EcoControl), со длабока шара и без видлива деградација, НО произведени во 2012-та?
Гумите се летни и се мислам што да правам за другата сезона, бидејќи оваа сезона ги возев и низ град и на подолги дестинации и не покажаа слабост.
Ако имаат добар контакт со подлогата вози ги
Провери дали има пукнатини оштетувања ако не вози
 
Мислење за Рикен 205 55 16? Вр молам мислење само од искуство, не да нагаѓате.

Јас имам летни Рикен Road Performance 195/55/15, купени пред некој месец. За цената што ја држат (во таа димензија) се одлични сега за сега.
 
Мислење за Рикен 205 55 16? Вр молам мислење само од искуство, не да нагаѓате.
Зимски или летни ?
Која цена се и кој модел
Незз дали знаеш рикен е новото име на тигар
 
2550 по гума за таа димензија се.
Како сакаш ... тигарот секогаш биле потврди и попластични
Савата се топ за цената ги имам јас на бмв и сите колеги како и на службените
 
На помалата кола имав Сава зимски....сега од пред 2-3 години имам Тигар, и искрено немам осетено разлика . Првата година Тигарот дури ме извади на Стража на многу голем снег....бев еден од ретките кој успеа да стигни од гостиварска страна до горе на Стража

А Тигарот ги купив на укажување на мој другар кој купи 4 нови зимски на потполно нова кола и беше презадоволен. нешто ми кажуваше за тоа дека ги купил Мишелин....нова технологија , бренд со добри карактеристики , но пониска цена(од рангот на Фулда, Семперит....фирми што се купени од големата четворка)
 
Пред некој ден ставив Сава С3+ со димензија 205/55/16. Со оглед на тоа дека зимно време послабо возам од летно а поминувам 20к+ километри годишно, сметам дека ќе бидат ок за цената бар 3 години. Претходно возев Тојо Сноупрокс и беа многу добри гуми возени 4 сезони. Од искуство со другите брендови, Тигар на службената беа ок 3 сезони после тоа и се истрошија доста а и се стврднија. 4 сезона воедно и последна ќе ми биде на Мишелин Алпин 5 на слижбената, воедно и најдобрата зимска гума што сум ја возел некогаш. Кој вози долги дистанци, многу километри особено на влажно коловози при зимски услови, нема да згреши во инвестирање во оваа гума. Препорачувам!
 
Пробал ли некој лично да стави зимски гуми со понизок индекс,наместо со h ознака да стави со t?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom