Гулаш

  • Креатор на темата Креатор на темата slavica.k
  • Време на започнување Време на започнување
Гулаш и пире од компири, со црн бибер и тоа цели зрнца, иако биберот не го сакам многу ама дава некој убав мирис.
 
Гулаш е вид на чорба со месо и кромид која потекнува од Унградија зборот gulyás значи овчар
и овој спецјалитет е подготвен од овчарите и затоа се нарекува gulyás
Гулашот може да се подготви со свинско,говедско(немојте гадно е) козјо овчко :D јас ви препорачувам да го правите со свинско и со компири зошто гулашот откако ќе се олади маста месото што ќе ја пушти ќе се здрви и гулашот ќе дојде погуст (y) едно нешто ќе ве продупредам за ова јадење е потребен многу јак стомак зошто се става 2-3кг кромид на 1кг месо :D во последниот гулаш што го правевме кромидот не беше баш добро подготвен па стомакот сега ми е партал од тоа затоа внимавајте
Еве го рецепт кој татко ми го прави дома

Свински пафлак 1кг
2кг Кромид
Зачини (Чубрика,рузмарин,оригано црвен пипер вагета)
1-2 шишенце салце (можете и доматно пире)
Компири (многу е важно компирите да ги ставите при крај скоро кога гулашот ќе биде готов
И вода
се готви на тивок оган 4-5 саати

Beef-Goulash-3.jpg
 
Последно уредено од модератор:
Гулашот е едно од моите омилени јадења......... го обожавам........., посебно оној говедскион од конзерва што е:)
 
^Домашен е многу подобар него тие од супермаркетите знаеш внатре што ставаш
 
2-3kg кромид на 1kg месо? Секоја чест на тие што можат да го јадат.
 
2-3kg кромид на 1kg месо? Секоја чест на тие што можат да го јадат.
Затоа пишав дека треба да внимава со јадењето на гулаш зошто може да дојде до несакани проблеми со стомакот еве јас ги имам зошто кромидот небеше добро сварен
 
Гулашот е едно од моите омилени јадења......... го обожавам........., посебно оној говедскион од конзерва што е:)
Обожавам гулаш и дома кај мене се прави често и тоа со јунешко.... Сепак се сложувам дека нajубавиот гулаш е оној од конзервата.... Земам мастрав се од најубавото и најквалитетното ама никако неможе да го долови човек шмекот на гулашот од конзерва..сигурно рецептот е голема тајна на фабриката. И по некои ресторани спремаат убав гулаш ама и тој го нема шмекот на гулашот од конзерва...
 
Ти бе некој двојник на сунѓерот да не си?
длабоко во твојата шуплива глава што незнае да користи пребарувач
Не се нервирам бе копук, туку тебе ти е фетиш твоја тема да биде популарна, не ми продавај ветер и магла.

1 недела.

4NHK0 e :гомце: - опомена.
 
Обожавам гулаш и дома кај мене се прави често и тоа со јунешко.... Сепак се сложувам дека нajубавиот гулаш е оној од конзервата.... Земам мастрав се од најубавото и најквалитетното ама никако неможе да го долови човек шмекот на гулашот од конзерва..сигурно рецептот е голема тајна на фабриката. И по некои ресторани спремаат убав гулаш ама и тој го нема шмекот на гулашот од конзерва...
Целосно се согласувам. Гулаш од конзерва е нешто најубаво. Сигурно има некоја тајна во состојќите или начинот на приготвување, затоа што ни дома неможеме таков гулаш да направиме, ниту во ресторан таков гулаш да добиеме:)
 
Мојата рецепта за гулаш:
1/2 кило телешко или јунешко месо
3-4 огромни, ама ептен огромни главици кромид
2-3 моркови
1-2 благи пиперки
1-2 домати, но и не мора, може и кечап или доматно пире
Сол, бибер, вегета, ловоров лист, црвен пипер
Прилог: шпагети или пире

Кромидот го сецкам на полумесечинки, најситно што можам. Морковот на кругови, пиперката исто.
Во големо тенџере на масло го пржам кромидот, кој го исполнува повеќе од пола. Кога малку ќе омекне, ги додавам морковот и пиперката. Месото насецкано на коцки го додавам од кога убаво ќе се пропрже зеленчукот. Пропржувам малку мевцето, па додавам доматите и црвениот пипер, зачините и вода да го прелее месото. Оставам да крчка саат, два, три, зависи колку е жилаво месото и додавам вода по потреба. Зеленчукот секако ќе распадне на толку варење, потребно е месото да е добро сварено и со виљушка да се разделува добро. Е тогаш ви е готов гулашот. Може да го направите да биде со повеќе вода, како манџа, но јас го сакам погуст, кромидот од кога ќе се распадне да дојде како сос. И у комбинација со шпагети ми е неодолив. Освен со телешко може и со било кое друго месо да го правите, ама мене телешкото ми е најпогодено за гулаш.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom