Груевски се откажал од името и бил подготвен на компромис?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
да не обврзува,молк ќе има, ти не си во тек, како и сдс со народот. :baeh:

Сакаш да кажеш дек нема да можам да седнам во Сабота во Рамстор и да си разменам по некое “конструктивно“ мислење со сите Вас?:ija:
 
Сакаш да кажеш дек нема да можам да седнам во Сабота во Рамстор и да си разменам по некое “конструктивно“ мислење со сите Вас?:ija:

??? ти рече ОВДЕ....јас ти одговорив ОВДЕ ќе има молк.

Сигурно кога рече ОВДЕ не мислеше на рамстор?
 
??? ти рече ОВДЕ....јас ти одговорив ОВДЕ ќе има молк.

Сигурно кога рече ОВДЕ не мислеше на рамстор?

Абе море..... не ми изгледаш за глуп.....:smir:

У Рамстор има wireless, има едно чудо прекрасни (читај расни) припаднички на понежниот пол...чија гардероба е во склад со температуриве од 30-тина степени надвор.....

И јас да не си го приуштам задоволството да си седнам таму со лап топот на едно кафенце...да си подискутирам со Вас верни кајганџии (ако повеќето тука политички ми опонирате).....и да си гледам убавина наоколу?

Тоа ми беше муабетот...инаку да не беа избориве....ташак шо ќе седев викендов у Скопјево да ти ебам смогот да ти ебам....ама ајде...
 
Vo poptpolnost se slozuvam so takvite izjavi na Sekerinska.Taa nikgas ne bi kazala nesto sto ne e dokazano.A vo koalicija i se luge koi istotaka gi potvrduvaat izjavite i na Elenovski.
Еленовски: Ќе ја тужам коалицијата „Сонце“

„Очигледно е дека паниката кај коалицијата “Сонце“ ги тера да применуваат мрачни сценарија. Ова е нов производ од нивната фабрика, апсолутно не е точно, тешка конструкција и целосно извадено од контекст. Поради тоа јас ќе ги тужам и ќе поднесам кривична пријава. За жал, на ден пред завршувањето на кампањата почнаа со вакво сценарио, имаа 20 дена за разговори на таа тема на една заедничка дебата. Го имам спомната ова многу пати досега, краен чекор на овој процес е референдум. Тоа е многу пати констатирано од премиерот и Владата. Доколку очекуваат дебата околу сето ова, јас сум отворен. Очигледно е дека го темпирале ова“, изјавил во Криволак, Еленовски.
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?...1&kategorija=3
 
Еленовски: Ќе ја тужам коалицијата „Сонце“

„Очигледно е дека паниката кај коалицијата “Сонце“ ги тера да применуваат мрачни сценарија. Ова е нов производ од нивната фабрика, апсолутно не е точно, тешка конструкција и целосно извадено од контекст. Поради тоа јас ќе ги тужам и ќе поднесам кривична пријава. За жал, на ден пред завршувањето на кампањата почнаа со вакво сценарио, имаа 20 дена за разговори на таа тема на една заедничка дебата. Го имам спомната ова многу пати досега, краен чекор на овој процес е референдум. Тоа е многу пати констатирано од премиерот и Владата. Доколку очекуваат дебата околу сето ова, јас сум отворен. Очигледно е дека го темпирале ова“, изјавил во Криволак, Еленовски.
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?...1&kategorija=3

Коалицијата "сонце" продолжува со лаги и измислици. Ова ќе биде втора кривична пријава за рада само во оваа кампања.

ма-краду-ли веќе треба да даде 1000 евра линки

Нека продолжат дури имаат пари. :tv:
 
welcome.....или подобро кажано.....welcome back :kesa:

Добро бе ќе прекинете со креирање нови јузери? Кој си ти сега? реален ти си ова?

Нема ни да реплицирам на ова додека не се појави вистинскиот јузер....се зачленува вчера и туп прв пост во политика да плука по Грујо. Абе ајде, мизерни сте. :tapp:

17 часа до молкот, потоа народот ќе зборува :baeh:

Обичен.
Ај не си барај бењата пак.
Седи си мудро.
Не си го мери со реалниот, зошто после пак ќе плачеш, и ќе одиш по логисика.
 
Обичен.
Ај не си барај бењата пак.
Седи си мудро.
Не си го мери со реалниот, зошто после пак ќе плачеш, и ќе одиш по логисика.

абе ајде, вие ќе плачете на први. Време е да си одите од политиката, времето ве згази....многу си јак на последниот ти ден тука. да не планираш да си одиш со бан(г)?
 
Dosta realno bese videoto so Elenovski, i jas ne gledam so na nego mu izvadile od kontekst, samo se gleda kolku dvolicno govedo e, so drugi zborovi soncogled.
 
Тежината на изјавата на Еленовски е еднаква како да е од Петковски или Шеќеринска.
Тој е пред се нивни скорашен СОПАРТИЕЦ.

Изјавата му е во кругот на партијата, НСДП.

Да бил Ставревски со оваа изјава па да коментираме.

Во случајов СДС со Петковски заедно најдоа добра шанса ем да му се реваншираат на Лазе што направи фракција ем да пуштат уште една предизборна патка за Груевски.


Најинтересно е зашто НСДП И СДС дури 2 дена пред избори излагаат со вакви снимки, каде беа предходно?
Или глумат патриоти и државници само кога имаат корист како партија.

А дека изјавата е извадена од контекст, е извадена, бидејќе никој не го слуша прашањето кое му е поставено на Лазе и на што се однесувала целата дискусија, која пак е внатрешно партиска.

Будала е тој што очекува во НСДП да го фалат Груевски :)
 
Коа измислица сега бре ? :tapp:

Добро бе брат, читај! Имам цитирано нешто во мојот пост, таа измислица. Ако немаш контра аргумент подобро не пишувај ништо. :tapp:
 
Види ако нешто правеше СДСМ во изминатиов период тоа е отварање фабрики за перење мозоци.

1. Неколку дена пред самитот на НАТО, Бранко Црвенковски, СДСМ и сателитите сакаа во Собрание да се изгласа новиот предлог на Нимиц и така да се оди во Букурешт. Вистина ?
ВИСТИНА ЛИ Е ?
(Слична ситуација на брзина како со БЈРМ, знамето и Уставот.)

Ако Груевски бил за промена на името тогаш ќе го подржел овој предлог и Македонија ќе одеше на самитот на НАТО со потврден документ, верифициран во Собранието.
Ако е точна изјавата на Лазета односно ако не е извадена од контекст тогаш Груевски односно ВМРО-ДПМНЕ закажала седница на Собранието и го изгласале предлогот на Нимиц.
Ама предлогот не е изгласан во Собранието. Зошто не е ?
ЗОШТО НЕ Е ?

2.Ако ВМРО-ДПМНЕ се заканува дека тој предлог нема да оди во Собрание на потврда и дека ако треба ќе организира и МИТИНЗИ пред Собрание тогаш логично е да се претпостави дека ВМРО-ДПМНЕ не е спремен туку така да го прифати предлогот без согласност на народот.

ГОСПОДА !!!

СДСМ , го промени ИМЕТО, ЗНАМЕТО и делови од Уставот токму поради оваквите датуми,Грција да не го блокира приемот во меѓународни организации .
АКО СДСМ прифатиле оваков копромис со промена на ИМЕ, ЗНАМЕ и делови од УСТАВОТ тогаш денеска после 2 децении се поставува прашањето за ШТО СЕ ПРОМЕНЕТИ?

Тоа на јазикот на народецот се вели ПРЕДАВСТВО.
 
Следниот текст може со право да се смета за официјален став на ДПМНЕ:
Зоран Ставрески напиша:
Вториот приоритет е интеграција на Република Македонија во НАТО и во ЕУ. Нашата иднина е во НАТО и ЕУ. Членството во ЕУ и НАТО е врвен приоритет за ВМРО-ДПМНЕ и за Република Македонија. Ги завршивме сите неопходни реформи и ги исполнивме сите услови што ни беа поставени за влез во НАТО. Работиме напорно и посветено на сите реформи кои се неопходни за да добиеме датум за преговори со ЕУ до крајот на 2008 година. Од 2009 македонските граѓани слободно ќе можат да патуваат во Европа без шенген визи, бидејќи веќе исполнивме четири од петте услови за да се донесе таква одлука, а последниот ќе го исполниме најдоцна до септември годинава. Ќе продолжиме да го решаваме спорот наметнат од Грција околу името, но со јасно дефинирани позиции: нема да го промениме Уставот за да се промени уставното име, ниту ќе прифатиме решение кое го загрозува македонскиот национален идентитет. Нема да дозволиме ниеден политичар, владата или парламентот самостојно да прифатат решение за спорот без за тоа да се изјаснат граѓаните на референдум. Во НАТО и ЕУ ќе влеземе како Македонци со македонски јазик и македонска писменост и култура. Тоа е црвената линија под која нема да правиме отстапки.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=43E57DE877A10D449B8197FB1062585E

Со други зборови: идната влада на Груевски ќе преговара за “решение“ со Грција, но ќе бара одобрение со референдум за да се прифати договорениот “компромис“.

Ветувањето е контрадикторно: од една страна, црвена линија во попуштањето пред грчките уцени ќе биде: Македонци со македонски јазик, писменост и култура (внимание: не се спомнува македонска националност); од друга страна, членството во НАТО се опишува како врвен приоритет (повторно внимание: не се спомнува дали името на државата е повеќе врвен приорите од НАТО). А бидејќи услов за членство во НАТО е обострано прифатливо компромисно решение за името со Грција, тоа значи дека овој “врвен приооритет“ не може да се постигне без поместување на декларираната црвена линија.

Ставот на ДПМНЕ се разликува од ставот на ороспијата Фрчковски само во нијанса:

Љубомир Д.Фрчкоски напиша:
Сега е важно и единствено можно позициите на консолидираниот македонски идентитет да ги дефинираме јасно (слободата за користење на придавката „македонски“ за се' наше, без ексклузивност на која никогаш не сме инсистирале) и меѓународно име (замена на акронимот ФИРОМ) кое не го загрозува тој идентитет. Суштествен дел на оваа фаза е да се преговара преку посредник, а не директно. Заради тоа Американците ни се неопходни за успешна завршница. Кој не го разбира или опструира ова е вистинскиот предавник (колку и да ми е несимпатичен тој збор). Оваа фаза е фаза на разрешница.
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=8CF97764B8797643B9C8D70C0972D37D&arc=1

Со експлицитното прифаќање на непостоење македонска нација и неспомнувањето референдум, Фрчковски ја отстранува котрадикторноста на ДПМНЕ. На тој начин, макар да и тој, и Груевски се за промена на името на државата, разликата е сепак суштинска: планот на Фрчковски е реално остварлив, а оној на Груевски е празна приказна, утопија. Со планот на Фрчковски ќе се уништи името Македонија, и ќе се добие членство во НАТО; со планот на Груевски, ќе се компромитира името Македонија и нема да се добие членство во НАТО.
 
А зашто ова небеше до сега кажано , дека по изборите ке преговара за “решение“ со Грција, но ќе бара одобрение со референдум за да се прифати договорениот “компромис“.

Зашто до сега ова не го кажа ? Зашто не му беше ова дел од неговата преродба во изборната кампања ?
Како после видеото што го прави безкомпромисен одма вакви изјави .
Преку глава веке ми е од ова , кој признава пола му се простува , но некој сепак останува малоумен и некажува ништо и се прави патриот се до денот додека некој друг ја каже вистината .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom