Груевски - најдобриот премиер

  • Креатор на темата Креатор на темата NACIONALIST
  • Време на започнување Време на започнување

Дали имате доверба во оваа власт?

  • Да

    Гласови: 45 57,7%
  • Не

    Гласови: 18 23,1%
  • Воздржан(а)

    Гласови: 15 19,2%

  • Вкупно гласачи
    78
Кодошење на сопствената држава е како садење тикви со ѓаолот..нели?

intel напиша:
DALI VLADATA NE PRIBLIZUVA ILI ODDALECUVA OD EU I NATO.

1. EU

Црн четврток за македонската политичка елита по критиките на еврокомесарот Оли Рен

B1E1B1DD4B482D4096E95D51E44EBE83.jpg

Владата експресно одговори на критиките на еврокомесарот Оли Рен, задавајќи си амбициозен план лошата политичка клима што владее во земјава да ја надомести со брза и ефикасна „акција” за донесување на потребните закони зададени од таканаречената европска агенда.

Премиерот Никола Груевски, по кусата пауза што му ја даде на својот Кабинет во саботата за да одмори од посетата на комесарот за проширување на Европската унија, а, според некои, и да се освести од критиките што ги изрече Оли Рен, веќе завчера, во неделата, итно ги свика министрите на реферирање.

Владината седница, на која Груевски се распрашуваше за фазата во која се наоѓаат „европските” закони и бараше министрите да побрзаат со нивното подготвување, директно беше пренесувана во домовите на македонските граѓани преку националниот ТВ-сервис. На удар се најдоа министерката за евроинтеграции, Габриела Конеска-Трајковска, министерот за труд и социјална политика, Љупчо Мешков, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, министерката за економија, Вера Рафајловска, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Тие трпеливо одговараа на прашањата од премиерот кој им упаѓаше во нивните дискусии, а во еден момент, одговарајќи на забелешката на министерката за евроинтеграции дека претходната влада доцнела со некои од законите, остро ги потсети дека сега тие се министри и тие се одговорни.

Груевски покажа и нервоза поради застојот на законите во парламентот, отворено констатирајќи дека многу закони „чекаат” на усвојување во законодавниот дом, со што индиректно го впери прстот на одговорност и кон опозицијата, од каде што во изминатите денови добива лоши сигнали за меѓусебната соработка.

Првите реакции се дека Груевски ги „построи” министрите пред камерите на државната телевизија во пропагандни цели за да и' покаже на јавноста дека ги сфатил критиките, но, од друга страна, и дека е реалност оти по посетата на еврокомесарот на македонскиот премиер навистина му гори под нозете. Критиките на Рен се однесуваа на реформите во земјава, кои ги оцени како „заглавени” и побара да се забрзаат, и како што рече за политичката напнатост, што не води кон напредок. Рен рече дека земјава не може да си дозволи чекор напред, па чекор назад, и оти му е должност да предупреди дека настаните во последната година во Македонија добиле „алармантен развој”.

Своите оцени и впечатоци тој истовремено им ги соопшти и на власта и на опозицијата, а, според тонот на неговите критики, слободно може да се каже дека македонската политичка елита доживеа црн четврток минатата седмица.

Дали Груевски навистина се нашол во тесно по пораките од Рен или Владата со неделното „влегување” во домовите на граѓаните само прави обид да го поправи впечатокот дека западна во ќор-сокак по успешниот старт во првите месеци од владеењето? Тоа, најверојатно, ќе остане дилема до првите подиректни коментари на оцените на еврокомесарот на кои јавноста се' уште чека.

Во политичката јавност критиките на Оли Рен беа дочекани со воздржаност, но не и со рамнодушност. Нашата држава повеќе од една и пол деценија е под меѓународно набљудување, а на сите досегашни влади практично им беше оставено малку простор да водат самостојна политика. Но, од друга страна, еврокомесарот Рен, сепак, не е случајна фигура и македонската приказна за зачленувањето во европското семејство ќе зависи токму од оцените на такви функционери.

Засега ниту опозицијата не покажува знаци на промена на курсот по критиките од Рен кои се однесуваа и на неа, туку напротив, завчера се огласи со 2.800 амандмани кон предложениот собраниски деловник и се закани со напуштање на парламентот како одговор на предлогот на пратеничката од владејачкото мнозинство Лилјана Поповска за ограничување на парламентарните дискусии на 10 минути. Вчера Поповска го повлече предлогот, а СДСМ ги повлече амандманите.

Сето тоа покажува дека политичките игри меѓу власта и опозицијата продолжуваат со несмалена жестокост, а ако состојбите продолжат по старо, шлаканиците од еврокомесарот ќе останат само лоша епизода што ќе биде искористена во следната рунда меѓусебни препукувања меѓу владејачката десница и опозициската левица.

2.NATO

БРИСЕЛ
Грција го пресели проблемот со името во НАТО

Грција првпат отворено го постави прашањето за неопходноста од промена на името на Поранешната југословенска република Македонија на завчерашната седница на НАТО-амбасадорите, на која присуствуваше и македонската делегација предводена од премиерот Никола Груевски, објави вчера грчкиот електронски весник „Имерисија”, пренесе МИА.

Весникот наведува дека на средбата посветена на напредокот на Македонија за нејзиното членство во Северноатлантската алијанса, грчкиот амбасадор Јоанис Зепас истакнал дека „апсолутно е неопходно да биде решен проблемот со името во согласност со привремената спогодба”, за да се зајакне регионалната стабилност и да се зачуваат добрососедските односи меѓу двете земји.

„Имерисија” наведува дека претставниците на НАТО по вчерашната средба во Брисел оцениле дека Македонија нема да биде подготвена да се зачлени во Алијансата во 2008 година. Во весникот се истакнува дека само Велика Британија, Турција, Словенија и Романија ја нарекувале земјата со нејзиното уставно име - Република Македонија

Џабе зборуваш против...резултатите се и на слепец видливи.....
пс
тоа што Захаринска сака со кукумјавчење и лелекање пред ЕУ и со дуи да го постигне ....страда ...тоа лигавење односно кукумјавчење ќе го плати конечно Македонија.
Но кратковидата (и во живо) „лидерка„ сигурно ќе одлежи едно 2-3 мандата во СЕНКА ...за да научи дека Македонија конечно не ги сак комуњарите...дури ни во опозиција...а камоли на власт...
СО ЛАГИ...ДОСТА Е...нели?
Или?
:toe:
 
Па богами од сите влади оваја најдобра испадна :):):)
 
Martin$ напиша:
Па богами од сите влади оваја најдобра испадна :):):)

Cekaj cekaj, taka beshe i koga beshe predhodnata po nekoj mesec vlast pocnavte da kukate od strana bezveze ama sea neznam sho ke se prai so ovaa...bash ke vidam kako ke mu e na nekoj sho ima rodnini pod stechaj dali ke im e seedno ili koga ke pochnat glupostite za mesec dena, da ne nabrojuvam ke gi ima dosta taka da siguren sum nema da znaeme kaj e kraj kaj pochetok.Poz:salut:
 
Trakon малце конфузен ми си. оваа влада има неспоредливо повеќе подршка од претходната,во било кој месец од владеењето.а што е работата со луѓе под стечај не те разбирам,што глупости ќе почнат за месец дена? веќе ако си се нафатил да пишуваш пост,дај некој аргумент и објасни малце.
 
Па, кога конкуренцијата ти е:

- БУЧКо,
- Хари,
- Љубче,
- БЦ

не е некоја уметност да бидеш најдобар.
 
ajde ne preteruj bolje li ke bese kako niv da rabotese?
 
Pak jas od vtora galerija: na truuupeeec more, skapa e apsanata, baska sto cesnite kriminalci ke bidat navredeni !!!!
 
Саморекламирање до бесвест, резултати нема
 
ММФ - ДОВЕРБАТА КОН ВЛАДАТА ПРИДОНЕСУВА ЗА РАСТ

Растот на БДП е одлична работа и за домашната експертска јавност, но и за ММФ. Од најмоќната финансиска институција вчера соопштија дека и покрај нивната претпазливост, сепак растот ќе биде поголем од тој што тие го прогнозираа. ММФ за годинава предвиде раст од 4,5%, но 7-те проценти реализирани во првиот квартал од 2007-ма, значи дека проекциите ќе бидат надминати.
На што се должи растот? Според ММФ има повеќе причини од раздвижувањето во стопанствто, преку зголемувањето на девзните резерви и покрај предвремената отплата на 300 милиони евра кон странските кредитори, па до намалувањето на каматите.
- Најпрво сакам да кажам дека растот од 7% во привот квартал е одлична бројка.
Оваа голема бројка го одразува растот во металната индустрија, телекомот и транспортот. Ги одразува силните активности во овие сектори.
Но, и довербата што ја инспирира Владата придонесе за оваа силна стапка на раст - изјави вчера претставникот на ММФ за земјава, Марк Грифитс.
Покрај ММФ и ЕУ со признание за подобрувањето на бизнис и инвестиционата клима во земјата. Во заклучоците што вчера ги усовои ССА стои дека продолжува макороекономската стабилност и фискалната дисциплина.
Сите проектирани таргети за оваа година се надминати.
ММФ констатира дека приходите годинава ќе бидат за 1,5% поголеми од планираното што создава услови Владата повеќе да инвестира. Заради зголемените приходи во тек е и собраниската расправа за ребаланс на буџетот, и по ребалнасот дефицитот ќе остане на 1% од БДП што ја гарантира макроеконоскта стабилност на државата.
 
Многу се рекламира, а некако ништо да тргне
 
Саморекламирање до бесвест, резултати нема
NE sum politicki opredelena,seuste,ama Gruevski e dosega najdobar od site.Mislam deka samo on imase hrabrost za nekoi raboti,sto SDSM gi kriea...
Drugar,rezultati ima,samo sto tebe ne ti odgovaraat...
Zalno e sto na sekoj cekor sdsm pravat sopki,nitu ednas ne rekoa dobro e ova na vladata....Im otkrija falsifikati za brojot na vrabotenite,sdsm lazele deka ima tolku i tolku nevraboteni....koga vmro gi izbrisa od evidencija tie,sdsm se pobunija:novi nevraboteni!!!
Ako ne te vrabotile tebe ili nekoj tvoj blizok,ne znaci deka Gruevski ne cini...Prasaj koj te izbrka od rabota???
Ako sega ima novi izbori,vmro ke ima 61 pratenik.Sdsm pocnaa da se cepkaat,da se delat,ke oformele naesen nova parija...a moze i pravat finti za novi glasaci???
Ne znam.Na krajot od kraistata,koj saka neka bide premier,samo da trgneme napred ednas,i doma mesto 4 nevraboteni da bideme baram 2ca vraboteni!
 
Растот на БДП е одлична работа и за домашната експертска јавност, но и за ММФ. Од најмоќната финансиска институција вчера соопштија дека и покрај нивната претпазливост, сепак растот ќе биде поголем од тој што тие го прогнозираа. ММФ за годинава предвиде раст од 4,5%, но 7-те проценти реализирани во првиот квартал од 2007-ма, значи дека проекциите ќе бидат надминати.
На што се должи растот? Според ММФ има повеќе причини од раздвижувањето во стопанствто, преку зголемувањето на девзните резерви и покрај предвремената отплата на 300 милиони евра кон странските кредитори, па до намалувањето на каматите.
- Најпрво сакам да кажам дека растот од 7% во привот квартал е одлична бројка.
Оваа голема бројка го одразува растот во металната индустрија, телекомот и транспортот. Ги одразува силните активности во овие сектори.
Но, и довербата што ја инспирира Владата придонесе за оваа силна стапка на раст - изјави вчера претставникот на ММФ за земјава, Марк Грифитс.
Покрај ММФ и ЕУ со признание за подобрувањето на бизнис и инвестиционата клима во земјата. Во заклучоците што вчера ги усовои ССА стои дека продолжува макороекономската стабилност и фискалната дисциплина.
Сите проектирани таргети за оваа година се надминати.
ММФ констатира дека приходите годинава ќе бидат за 1,5% поголеми од планираното што создава услови Владата повеќе да инвестира. Заради зголемените приходи во тек е и собраниската расправа за ребаланс на буџетот, и по ребалнасот дефицитот ќе остане на 1% од БДП што ја гарантира макроеконоскта стабилност на државата.

Mоре растење да ти ибам то БДП,абе се знае што расте во туѓа рака,а овие запнале расте па расте,металната индустрија само од странски претежно еврејски фирми,телекомот не е наш,транспортот ни е толку беден што пред некој ден рекоа дека сме имале возови полоши и од парните локомотиви,а сепак сензационален раст!Па имаме просек на личниот доход од 30 евра ако во сметките ги вклучиме и невработените (како насекаде во светот) со пензионерите.Значи Македонецот преживува со 1 евро на ден,што е малку подобро од Еритреја каде живеат со по 1$ на ден,со оглед дека доларот е нешто послаб од еврото.
Овие од ММФ или се напушиле добро или пак се добро обработени да дадат таква проценка.Па ние имаме 400 000 невработени бе,и наполу помалку вработени барем кој не се администрација.Овде еден вработен работи за 2-3 "крлежи"(невработен,административец,пензионер) a ние бележиме пораст на БДП,тоа го нема никаде во светот.Знаат ли тие од ММФ дека имаме 140 000 административци или се прават "на Тошо"?
Знаат ли тие од ММФ дека една работничка во текстилна индустрија зема пари колку за 3 кутии цигари дневно,и дека е слично со другите дејности во производствениот процес,па да потврдуваат дека сме имале пораст на БДП?:(:(:(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom