Груевски да излезе од глувчешка дупка

  • Креатор на темата Креатор на темата asterix_m
  • Време на започнување Време на започнување
Не струмикс, тебе те сматрам за објективен, за разлика од некои запалени тикви на форумов, што уште мислат дека се што лета се се јаде.

Е јас синоке аплоудирав напис од press online во кој јасно и двосмислено е напишано, односно цитирано

Слободан Чашуле од ВМРО-Народна партија, истакна дека грчкиот европратеник Јоргос Караџаферис дал поддршка за приемот на Македонја во ЕУ. Според Чашуле, Караџаферис целото свое излагање го посветил на тоа дека "приоритет број еден за Грција е Македонија да стане членка на ЕУ". "Со или без предлогот на Нимиц, за кој не би сакал да постои, Македонија треба да биде членка на ЕУ", истакна Чашуле цитирајќи го Караџаферис. Тој исто така рекол: "Македонија мора утре да ја примиме во ЕУ, заради тоа што е изложена на напади, загрозена е и ние треба да ја заштитиме".

Е сега не ми е поента да поентирам на ова, бидејки ме боли к*р за СДСМ сегашен, ама ме боли и тоа како што се губат вакви позицици за нашата стара и убава Република Македонија, наместо да се приближуваме кон Европа и европските вредности ни се закопуваме длабоко во нашите гомна.

а изовор да го прочиташ тоа
http://www.pressonline.com.mk/?ItemID=3042CB97A8C4F04C98091B6D22266B99
Се е тоа ОК, се убаво, вака на зборови (она што го прочитав).
Е сега и Грците, т.е. Караманлис ризикува паѓање на владата ако не стави вето за НАТО, нели?
Ако сега опстанеме како Македонија, што мислиш, нема кога ќе дојде ден за влез во ЕУ, нема пак некоја идна грчка влада да се заканува со вето?
Тоа ми е муабетов. Барем јас така скромно си размислувам. Сето ова е грчка игра, да не натераат во тесно, и да поентираат. Едно е вето во рана фаза, а друго е во завршна. Боли повеќе и влогот е поголем.
А, искрено кажано, БЈРМ не ми е ич по ќеиф. Привремено, веќе многу време стана. Не сум бивш, исконски сум. Навредливо ми е. Доста ми е веќе од прагматизам и нечии закани.
 
Се е тоа ОК, се убаво, вака на зборови (она што го прочитав).
Е сега и Грците, т.е. Караманлис ризикува паѓање на владата ако не стави вето за НАТО, нели?
Ако сега опстанеме како Македонија, што мислиш, нема кога ќе дојде ден за влез во ЕУ, нема пак некоја идна грчка влада да се заканува со вето?
Тоа ми е муабетов. Барем јас така скромно си размислувам. Сето ова е грчка игра, да не натераат во тесно, и да поентираат. Едно е вето во рана фаза, а друго е во завршна. Боли повеќе и влогот е поголем.
А, искрено кажано, БЈРМ не ми е ич по ќеиф. Привремено, веќе многу време стана. Не сум бивш, исконски сум. Навредливо ми е. Доста ми е веќе од прагматизам и нечии закани.

тоа е бе брате, на никој не му е по кев името БЈРМ,. нели???
Ама сега свакам Киро под кој притисок бил 1995 да ја прифати рефернцата.

Незнам ама негде читав дека ако еднаш употребат вето втор пат наме да можат, незнам зошто ваљада од дипломатски причини, ама ако сега попуштиме за ЕУ на врат ќе ни се качат бугарите
 
Јавно овде пред сите да искажам непроценлива благодарност до Мистичен за неговата учтивост за корекција на user-от


Инаку за Чашуле...пааа многу ми е сумњив нејќам многу многу да му верувам...иако знам дека тој има пријатели на југ и предначи со информациите...сепак поздрав до Караџаферис.




Мистичен ај провери го овој "denzo sdmm" многу ми е сумњив некако да не е од тие duble users...а башка вечерва се регистрирал.
 
тоа е бе брате, на никој не му е по кев името БЈРМ,. нели???
Ама сега свалкам Киро под кој притисок бил 1995 да ја прифати рефернцата.

Незнам ама негде читав дека ако еднаш употребат вето втор пат наме ад аможат, незнам зошто ваљада од дипломатски причини, ама ако сега попуштиме за ЕУ на врат ќе ни се качат бугарите
Eпа тоа е!
Уште 1995 ја заебавме работата! Почнавме со отстапките. А ни беше сервирано како национален интерес и успех. 2001 исто!
И, каде одиме сега? Ad Infernum!
 
Македонче, без разлика од која партија си или на која партија си симпатизер...многу ќе те почитувам кога ќе станеш МАКЕДОНЕЦ место МАКЕДОНЧЕ...тоа ме убива. Инаку да те прашам, имам ли јас право да се чувствувам Македонец, ако не сум член ниту симпатизер на партија ? Или така нема да бидам доволно ариевец ?
На форумов имам впечаток дека ако критикуваш потег или член на оваа Влада добиваш етикета комуњар, антидржавен елемент и слично. Па до кога бе ? Може ли да се остане само Македонец овде ?
П.С. Прочитај го мојов потпис, не затоа што јас го користам, туку заради пораката, поздрав.

тоа е бе брате, на никој не му е по кев името БЈРМ,. нели???
Ама сега свалкам Киро под кој притисок бил 1995 да ја прифати рефернцата.

Незнам ама негде читав дека ако еднаш употребат вето втор пат наме ад аможат, незнам зошто ваљада од дипломатски причини, ама ако сега попуштиме за ЕУ на врат ќе ни се качат бугарите

kako.
 
gruevski напиша:
Македонија има капацитет да се справи со сите предизвици, со мудрост и со разум, со гордост и со достоинство, со одговорност и со патриотизам, им порача вчера на граѓаните премиерот Никола Груевски.Ова е првата изјава на премиерот по неколкудневниот молк за политичките случувања во земјава, за излезот на ДПА од Владата и по пораката на претседателот Бранко Црвенковски дека со придавка на името што не задира во идентитетот може да се зачува и името и да се добие покана за во НАТО. По средбата со лидерите од коалицијата „За подобра Македонија“ Груевски порача: Нема да дозволам ниеден политичар и ниедна партија преку различни сценарија да им наштетат на интересите на Македонија и на нејзините граѓани. Ова се сериозни времиња. Македонија има капацитет да се справи со сите предизвици со мудрост и со разум, со гордост и со достоинство, со одговорност и со патриотизам. Учесници на средбата на коалициските партнери велат дека разговарале за името и за приемот во НАТО. Коалициските партнери се заложиле за двојната формула и за зачувување на уставното име. Тие велат дека воопшто не разговарале за состојбите во Владата по излегувањето на ДПА. Груевски и вчера одби да одговори на прашањата за Владата откако од неа излезе ДПА и за следните чекори. Владиниот портпарол Ивица Боцевски изјави дека сите институции функционираат нормално. Министрите и заменик-министрите на ДПА вчера не депонирале оставки до Груевски. Лидерот на ДПА Мендух Тачи доцна завчера, откако највисокиот партиски орган со акламација одлучи партијата да излезе од Владата, побара од премиерот нов договор за решавање на прашањата на Албанците. Тој повтори дека приоритет е поканата на Македонија за во НАТО. Тачи истакна дека барањата произлегуваат од Охридскиот договор и оти ново е само барањето за признавање на Косово. Тој изјави дека за барањата е во постојана комуникација со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

порача премиерот Груевски

и најпаметната изјава од Тачи

Тачи во одбрана на името
тачи напиша:
Ако ги решиме сите проблеми, ќе ја доведеме Грција во многу тешка состојба да стави вето, смета Тачи. ДПА го поддржува ставот дека не треба да се чепка во идентитетот и во името. Но, не поддржуваме политика на фрустрации при што некој сака да поентира. Нема да дозволиме никој, ниту Грција ниту која било земја да чепка по идентитетот на нашите сограѓани. Многу е важен процесот на интеграција во НАТО и се надевам дека најголемите поддржувачи на Македонија ќе успеат да издејствуваат решение со кое нема по ниедна основа да се оспори идентитетот на Македонците. Лично, но и како претседател на ДПА, немам ниту минимално разбирање за ветото на Грција и за злоупотребата на историјата - смета Тачи.
 
Иде шумарот

САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски

Владата функционира нормално

{7DB25F48-5D0B-4056-84D5-94F1ED4FAF8D}_goran-2.jpg
1 Премиерот три дена го немаше да даде изјава, албанскиот коалиционен партнер излезе од Влада, а владиниот портпарол Ивица Боцевски упорно изјавува: "Владата функционира нормално".
Боцевски, навистина, функционира нормално. Единствено тој дава изјави, ама баш тоа му е работа. Или се збунил. Ја видел Вера Рафајловска како се појавила првпат по два месеца да посади дрво и веднаш му се видело дека се е нормално.
Да не се појавеше Вера Рафајловска, Боцевски ќе изјавеше: "Владата функционира ненормално".

2 Некој дрва сади, некој оди по амбасади.
Додека Груевски, сосе цела Влада, садеше дрва, војводата Мендух Тачи одеше да го кодоши по странските амбасади. Груевски ја садеше иднината. Тачи му ја мочаше сегашноста.
Кога Груевски си го одбра Тачи како добар албански партнер, и покрај тоа што ги изгуби изборите кај албанскиот електорат, наивно веруваше дека ќе може полесно да го контролира.
Ама наместо да му го дигне рејтингот на коалициониот партнер за да обезбеди стабилност на Владата, тој со ДУИ правеше Мајски договор за тоа што требаше на Албанците да им го испорача ДПА. Уште не дојде нов мај, а на Тачи му дојде времето. Знаеше дека не чека април и самитот на НАТО. И дека ако не наплати сега, никогаш нема да наплати.

3 Владата масовно се вклучи во акцијата за садење дрва. Потег кој е значаен за иднината на оваа земја. Ако има дрва, ќе има и шума. А во шума секогаш може да дојде шумарот и да ги избрка шумкарите. Оти ние без шумар не можеме да функционираме.
Кај и да е, до 2 април ќе се појави.

4 Наместо да гради сојузништва за да му бидат поткрепа за битните одлуки што треба да ги донесе во име на земјата, Груевски ги растураше и тие што ги имаше.
Само што дојде на власт, се караше со ДУИ. Во тоа време се караше и со Фуере. Потоа веднаш побрза да се скара со Бранко и да го извади од заборав. Па им се сврти на Грците со аеродромот и статуите да ги саска без потреба. Карањето со СДСМ е морално по дефиниција оти се опозиција. Па ја расипа калимерата и со Тито. На крај ја оплеска и со Американците.
И сега пак Бранко ќе не спасува. Таква судбина сме имале. Ебате судбината.

5 Ако не добиеме покана за НАТО, не е крај на светот. Но НАТО е целта што тие ни ја ветија и за тоа ги гласавме. Така што ако не добиеме покана, тоа нема да биде наш неуспех. Тоа ќе биде неуспех на власта.
Само што и при таков неуспех има познати сценарија како тој може да се оправда. Што мислите, кои би биле главните теми на Груевски на следните избори?
а) Не го дадовме уставното името (кое, патем речено, никој не ни го бараше)
б) Не им попуштивме на Албанците
в) Им пркосевме на Американците.
И да не заборавиме, тоа што е најважно - ќе си го вратиме шеснаесеткракото сонце од Вергина. За инает. Нека пукнат Грците.

6 Ретка е привилегијата да живееш во историско време за својата држава. Ама не сакам сите историски моменти што ги паметам да бидат порази. Утре што ќе славиме? Се што сме изгубиле?
Велат дека и оваа 2008 година е историска шанса. Ама некако премногу ми трае шансава. Ние осумнаесет години имаме историски шанси и никако да ги искористиме. Се расфрламе со времето, а тоа е најскапо.
Историска ни беше 1991 кога прогласивме независност. Историска беше 1993 кога влеговме во ОН. И 1995 кога имавме атентат врз претседателот и договор со Грција. Во 1999 НАТО ја бомбардираше Србија и не нападнаа 350.000 бегалци од Косово. Историска беше 2001 година кога не нападнаа бандити што станаа борци за човекови права и победија
Да не зборувам и дека сите избори ни се историска пресвртница и секоја влада одново добива шанса да ја оправи земјата. Цело време нешто чекаш, а добиваш исти фаци и исти сценарија. Цело време чекаш разврска, а животот ти е без врска.

7 Не очајувајте кога гледате како премиерот се мачи да објасни што му се случува. И на тоа можете да гледате позитивно.
НАТО е, пред се, одбранбена организација. Затоа ќе мора да не бутнат внатре. За да не одбранат од самите себе.
 
Eпа тоа е!
Уште 1995 ја заебавме работата! Почнавме со отстапките. А ни беше сервирано како национален интерес и успех. 2001 исто!
И, каде одиме сега? Ad Infernum!

Корекш. Мене никој не ме праша дали сакам да го сменам знамето на мојата држава, ниту пак ме праша дали сакам да прифатам „привремена референца“!!!

Киро треба да се убие додека е жив. Бранко...па на него му одговараше да направи мафијашка влада додуша...шверц на нафта цигар и штолиуште не!
 
Додуша,мене ме прашаа пред некој ден,со прашалникот ми дојдоа на врата,ама мислам дека беше малку доцна.:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom