Гробот на Исус?

  • Креатор на темата Креатор на темата marko91
  • Време на започнување Време на започнување
marko91 напиша:
Да ама ние тука сакаме да докажеме дека Исус уствари не воскреснал, туку имал гроб. Сега, нормално не можеме да докажеме дека тој гроб што го најдоа е баш на „богот“ Исус ама на кој друг би можел да биде на такво место.

Еве два клипчиња од програмата на Discovery:



Кој си ти да докажуваш, врз основа на кои твои истражувања ќе докажуваш а? Врз основа на дискавери?


Еве ти клипче да видиш кој е ѓаволот
 
pearl напиша:
Aj malku off...
Која е поентата на филмот? Ја имаш сфатено?

Ѓаволот не е за ништо крив, тој само не' става во искушение, ништо повеќе. Гревовите лежат во нас самите, а не кај него. Никој со сила, па дури ни Ѓаволот не може да те натера на грев, ако ти не потклекнеш.

А што е гревот, е тоа е веќе друго прашање :)

А ти ја следиш целата тема или само го виде клипот што го пуштив а? Не дискутуираме за филмот, туку го наведов како пример кој што ти очигледно не го разбра. Можев и Мики Маус да го наведам ама тогаш ќе те збунев повеќе.

Другиот дел од коментарот ти е смешен, ако те турнам од скалите ти ќе бидеш крива што не знаеш да леташ, што ќе те боли, и во најлошиот случај што ќе загинеш, така?
 
pearl напиша:
Море ти да не ми го прати мене Луцифер? Три пати се спремам да реплицирам на темава, три пати компјутерот ми се рестартира, одвам го дигнав :):)

Е де, одма се лутиш. Нели реков дека одам малку офф? Инаку, филмот е одличен, барем мене ми даде поинакви одговори од она како Ѓаволот е претставен, како Баба Рога што јаде невини душички. Ако се сеќаваш една реплика таму го отсликува целиот филм, целото дејствие, сите избори кои јунакот ги направи. Vanity, my favourite sin :) Али нема везе, друга тема е филмот, не е за гробот.

Уште нешто малку офф и после оставам темата да си тече за она што е.
Ако ме турнеш по скалите и паднам, да, јас самата сум кривa. Ама не поради тоа што не знам да летам, или поради тоа што ти си Ѓаволот, па ти се може. Ќе паднам и ќе скршам рака само поради едно. Што сум дозволила да ме покориш и да ме ставиш на едно скалило пониско, оттука и твојата предност да бидеш над мене, за полесно да ме струполиш.

П.С. А каде се наоѓа Бог, а каде ние? :wink:

Повторно не, кога луфицер почнал да ги лаже ангелите, тие му поверувале затоа што до тогаш не знаеле што е лага, и некој од нив пак се вратил иако првично отишол на другата страна, но се покајал и му се простило, за разлика од нив ти многу добро знаеш што е грешно (дадени ти се заповеди) и што ќе ти се случи ако грешно се однесуваш.

п.с. Бог е насекаде, ние го славиме.
 
Моето_е_поголемо напиша:
Кој си ти да докажуваш, врз основа на кои твои истражувања ќе докажуваш а? Врз основа на дискавери?


Еве ти клипче да видиш кој е ѓаволот

Абе не биди толку агресивен. Јас што сакав да кажам е дека е пронајден гроб на кој што вика: Jesus son of Joseph. Од друга страна пак:

а.) Тој гроб може да биде на било кој Исус.
б.) Гробот може да е лажен.
 
Името на темава стварно е за восхит алал да му е на тој што се мислел како да именува една ваква иронична тема, мислам на тоа дека ако истиот т.е мислителот е христијанин па тогаш според религиско догматични уверувања Христос после три дена воскреснал па конкретно за гроб не сум сигурен дали може да се постави прашање а ако гроб има тогаш......... се урива целото христијанство т.е директно се поткопуваат темелите на новиот завет и се она за што Исус се стремел да го постигне.
I.N.R.I
 
marko91 напиша:
Абе не биди толку агресивен. Јас што сакав да кажам е дека е пронајден гроб на кој што вика: Jesus son of Joseph. Од друга страна пак:

а.) Тој гроб може да биде на било кој Исус.
б.) Гробот може да е лажен.


marko91 напиша:
Posledni informacii se deka grobot na Isus e najden vo Israel i deka imal potomstvo. Sto mislite vie?

Јас не сум агресивен, само (за разлика од твојот бомбастичен наслов на темата) имам свој став кој што го бранам. И ако веќе имаш став, повели ќе дискутираме а не да се огадуваш од веста која што ти ја пласираше овде.
 
Apokalipto напиша:
Името на темава стварно е за восхит алал да му е на тој што се мислел како да именува една ваква иронична тема, мислам на тоа дека ако истиот т.е мислителот е христијанин па тогаш според религиско догматични уверувања Христос после три дена воскреснал па конкретно за гроб не сум сигурен дали може да се постави прашање а ако гроб има тогаш......... се урива целото христијанство т.е директно се поткопуваат темелите на новиот завет и се она за што Исус се стремел да го постигне.
I.N.R.I

Ti be znaes sto znaci INRI???

Isus Nasaretus Rex Israili - Isus od Nazaret kral na izraelcite!

Zab. na avt.
 
Да таблата што му ја ставиле римските војници на Крстот а нешто што го пишува на позадината од Крстовите - кои се продаваат во црква - Правослaвни.
p.s мислам ако си видел Крст ;)
 
Гробот на Исус

Во 335 година е осветена во Ерусалем Базиликата на Исусовиот гроб. Разурната е во 614 година во војната помеѓу Византија и Персија.во 1009 година умоболниот калиф Хакем (кој се порогласил себе си за највисоко божество - попознат како исламски Калигула) ги доуништува остатоците од базиликата при што е наполно уништена и пештерата на Исусовиот гроб така да од неа ништо не останало. По неговото убиство новиот калиф им дозволил на Византијците да на истото место подигнат нова црква. Црквата била осветена во 1048 година била за разлика од поранешната која била обложена со злато и скапоцени камња, доста скромна, се состоела од неколку капелички. Но од Исусовиот гроб не останало ништо - ниту камче. во 1099 година крстоносците го освојуваат Ерусалем. Три дена и три ноќи траел колежот на се што беше најдено живо во градот. Се претопставува дека биле убиени 70 иљади муслимани, додека евреите биле затворени во синагогата и запалени. Кралевите на Франките решиле да ја возобноват црквата во цел нејзин поранешен сјај. Изградбата траела 50 години и завршена е во 1149 година. Таа црква постои и денес. Муслиманите ја зачувале уривајќи ја само камбаната. Ги преживеа земјотресите во 1545, 1927, 1937 како и пожарот во 1808. Иако денес култно место и цел на многу ходочасници, интересно е што во првите 4 века немало никакви сознанија за Исусовиот гроб ниту било каков интерес за него. Пребарувајќи ја рано христијанската литература, не можиме да видиме ниту трага од неговото споменување. Христијански извори го споменуваат Давидовиот, Соломоновиот гроб но не и гробот на својот учител. Хегезип, првиот историчар на Христијанството пишува дека им бил покажуван гробот на Јаков справедливиот (Братот на Исус) но не го споменува гробот на самиот Исус. Бискупот Мелитон од Сарда, кога пишува за Ерусалем и местата кои треба да се посетат, никаде не го споменува гробот на Исуса. Можеби најчудно од се е што Павле, иако нашироко пишува за воскресението на Исус, никаде не го споменува гробот на Исус. Тој дури и доаѓа во Ерусалем, разговара со Јаков, Петар, но иако се уште свеж во сеќавања не го посетува гробот на својот Господ. Ова прашање се уште ја мачи црквата, која нема адекватен одговор. Јосиф од Ариматеја, загадотолна личност кој го споменуваат евангелијата кој не припаѓал на Исусовите ученици, се појавува и исчезнува од евангелијата лаконски, попатно како некој кој треба да пополни очигледна дупка во нарацијата. Тоа се должи веројатно што Исус бил закопан во заеднички гроб, како што и се закопувале сиромасите и осудениците. Но тоа преставуваше проблем за прикаската за воскресението, каде требаше да се докаже со положено тело па развој на акцијата и откривање на празен гроб дека Исус е месија, син божји кој се вознесел на небото, или како што вели Павле во Првото послание до Коринтјаните “околку Христос не воскреснал нашето проповедање е неосновано, неоснована е и нашата вера“. Традицијата за “откривање на гробот“ вели дека св.Елена, набожна кралица, која живееше отприлика 247-327, кон крајот на својот живот, била на поклонение во Ерусалем. Таму некој стар Евреин и го покажал местото каде се наоѓал гробот на Исус, велејќи дека таа информација е во неговото семејство со генерации. Започнале ископувања и спрема традицијата, наскоро биле откриени во една пештера три крста, венец од трње, синџир, грст шајки, сунѓер од кој му давале оцет и табла со натпис “Исус Назаратјанинот кралот еврејски“. Прашањето кој од тие три крста е Исусовиот го решиле на следен начин, на секој крст легнувале до умирање болна жена, која кога легнала на Исусовиот крст веднаш оздравела. За да се потврди експериментот, на истиот крст ставиле мртов маж, и веројатно погодувата - тој оживеал. На тоа место Константин изградил црква во која беа изложени најдените реликвии но покрај нив беа поставени и: прстенот на Соломон, пехарот на Давид, послужавникот на кој лежела главата на Јован Крстител, пехарот од тајната вечера, па дури и трската на која бил наденат сунѓерот кој римскиот војник му го подал на Исус. Да се осврнима малку на историјата. Во време кога Елена спрема традицијата требало да е во Ерусалем и да го открие крстот, бискуп во Јудејската Цезрија беше Евзебиј, познат христијански историчар а бискуп во Ерусалем познатиот теолог Кирил. Двајцата зад себе оставиле големи дела, околу историјата на црквата но ниту еден од нив со ниеден збор не спомнуваат дека во нивно време во нивна бискупија дошла некоја кралица а уште помалку дека е пронајден гробот на Исус. Чудно е што една толку набожна монахиња која сигурно патувала со голема придружба не ги посети во светиот град и место, тамошните црковни великодостојници. Всушност целата прикаска околу Елена и реликвиите, се појавува еден век подоцна, кога производство продавање и трговија со реликвии зафдати широки размери и наликуваше на фетишизам. На пример, Исус бил закован со најмногу 4 шајки. Денес една од нив е вградена во железната круна која се чува во катедралата во Монза, втората е употребена за потковица на кралот Константин, третата служела како украс на шлемот на Константин а четвртата св. Елена кога со брод се враќала дома ја фрлила во морето за да ги смири разбранетите бранови. Но денес во светот во разни места, цркви, катедрали се чуваат околу 30 “оригинални“ шајки. Истата практика е и со крстот. Уште св.Кирил во својата Катехеза рекол дека “целиот свет е преполн со неговите делови“ а Херберт Милер пресметал дека ако се соберат на едно место сите делови од крстот, тој би тежел неколку тони. Копјето и венецот пак беа во сопственост на царот Балдвин 2ри кој кога запднал во финансиски проблеми го продал и тоа копјето во 1239 на Венеција а венецот на францускиот крал Луј 9ти. Копјето подоцна исчезнува а венецот и денес се чува во катедралата Нотр-Дам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom