Пророкот Исус (кои некои погрешно го изедначуваат со господ), секако дека бил обичен човек.
Верзија 1. Според ‘‘некои извори‘‘, кога го симнале од крстот, тој се уште бил жив (онесвестен од губењето на крв и жешкото сонце). Бидејќи од римските војници не им било дозволено да го однесат телото каде што сакаат, морале да го однесат во камената пештера, каде три дена по ред требало да бдеат над неговото тело, по што требало да го погребаат. Но, што се случило? Забележале дека тој е сеуште жив. Вечерта, неговата љубовница, Марија Магдална, заедно со неколку свои познанички, успеале да ги заведат римските војници кои биле одредени да го чуваат влезот затворен со огромниот камен блок. Ги опиле со вино и екстрат од некои билки, по што го извлекле Исус. Неколку дена тајно го чувале во некоја куќа, а кога се опоравил, Исус тргнал ‘‘на исток‘‘ заедно со Марија Магдалена. Како во шпанска серија, нели?
Верзија 2. Исус навистина починал, но Марија Магдалена навистина на претходниот начин успеала да дојде до телото на Исус. Утредента тајно бил закопан, а низ населението ја расшириле верзијата дека тој воскреснал. Во прилог на ова се и сведочењата на војниците, кои опиени и издрогирани, виделе силна светлина и ‘‘воскреснатиот Исус‘‘. По извесно време, неговите мошти биле откопани и положени во саркофаг. Неговата мајка Марија никогаш не дознала за неверојатната лага. Токму поради тоа, со жар ја ширела ‘‘приказната‘‘ за својот син.
Првата верзија е уништувачка за Христијанската црква и таа со сите можни сили се бори против неа. За неа, впрочем, се дискутираше и во ‘‘Кодот на Да Винчи‘‘.
Втората е онаа што се сака да се афирмира со вакви ‘‘излети‘‘ на некои археолози, кои во потрага на слава и пари, може, во иднина, и гробот на Алекс Македонецот да го ‘‘пронајдат‘‘ некаде.
Од друга страна, Црквата (не знам зошто ја пишувам со големо Ц?), се труди да ја одржи во живот својата хипотеза, која е неубедлива и контрадикторна. Ако Исус навистина воскреснал (што не е можно), тогаш- нема тело- нема гроб. Ако не, тогаш и тоа како е можно да се најде неговиот гроб и неговите мошти.
П.С. Во средно учев некои епски песни за Крале Марко, како со Шарец летал од едната на другата страна на Демиркаписката клисура. Да не има некој ‘‘научник‘‘ или ‘‘археолог‘‘ да ми го потврди ова?
Нема? Па ајде бе луѓе, за време Турско зборам, не за Нулта година!
И уште нешто... Секој нов обид некој да ми соли памет дека Исус е господ, ќе го сфатам како обид за докажување дека секој човек е господ (што до некаде е точно

) Ако во секој еден е Духот Божји, тогаш јас, и Ти, што читаш, сме подеднакво господ како Исус. Може чоекот тоа сакал да ни каже.
П.С. Зарем не рекол на крстот ‘‘Прости им Боже, не знаат што прават‘‘! Кому му се обраќал? Значи, не бил господ.