Греење со пелети

  • Креатор на темата Креатор на темата bakigvg
  • Време на започнување Време на започнување
ај жити се малку помош. се расправав до сега со жена ми и она тврди дека котлите и кумбињата на пелети имале 2 вентилатора, и тоа еден за разгорување на пелетите и уште еден што стоел на она место каде што се приклучува она цевката преку која што испага чад-та и пеплта надвор. ја колку шо знам има вентилатор само еден и тоа оној што ги разгорува пелетите, нема потреба и смисла да има вентилатор што ке го вади надвор чадот. така?
Печките на пелети имаат два вентилатори, котлите зависи од моделот имаат два плус водна пумпа.
Кај печките пошто имаат разменувач воздух воздух, едниот вентилатор служи за да го дува топлиот воздух во просторијата а другиот за да створи вештачки вакум или цуг и стои на самиот издув на печката одма пред сондата за температура. Ако не е овој вентилатор прво воопшто нема да дојди до палење на пелетите пошто ке нема проток на водух како прво ради самата конструкција на печките а како второ поради ниската температура на излезните гасови нема да можат да створат природен цуг за оџакот ако го има да повлечи.
Кај котлите зависи од моделот тој на издувот обавезно го има , но на некој модели како припомош има и на влезот. Тоа обично кај оние со поголема ватажа, додека кај оние до кај 24 кв има само еден на излез. Пошто разменувачот е на принцип воздух вода улогата на вентилатор ја заменува водната пумпа.[DOUBLEPOST=1495147321][/DOUBLEPOST]
Има само еден вентилатор, кој внесува воздух во котелот и го одржува огнот, и се разбира дека дува доволно силно за да го изнесе чадот надвор низ издувната цевка.

Пепелта која нема да излезе со чадот останува во внатрешните цевки на котелот кои мораат да се чистат со правосмукалка еднаш до два пати годишно.
Да не си малце грешка околу позицијата на вентилаторот ?
 
Да не си малце грешка околу позицијата на вентилаторот ?

Воопшто не ја потенцирав позицијата на вентилаторот, само ја потенцирав неговата функција.

Ако тоа што потенцирав дека внесува воздух во котелот значи дека не е на издувниот отвор, тоа е веќе моја грешка, јас ниту го направив, ниту го сервисирам, само го користам и го одржувам до каде што можам. :D
 
Па по некоја логика ако дува значи е пред горилникот, ако влечи е зад ;)
 
Па по некоја логика ако дува значи е пред горилникот, ако влечи е зад ;)

Па да, и јас така мислам :) , но ете, ти велиш дека е обратно, па ај ќе ти веруваме на тебе, бидејќи како што веќе спомнав, јас ниту ги правам, ниту ги сервисирам котлите на пелети. ;)
 
kako i da e bitno nema ventilator sto go vlece cadot niv izduvot koj sto odi vo odzakot?
 
па прашав денес еден колега што има парно па пелети со таква печка или котел или што и да е што му стои у дневна и ми рече дека имал само еден вентилатор и тоа тој што дувал во пелетите за да ги распали и потоа да горат. на издувот немал ништо, некако вика тој вентилатор кога дува му прави некој притисок и го издувува надвор. Има иначе termoflux ако нешо значи.
 
Тој вентилаторот се наоѓа зад горилникот , на издувната цевка што го носи чадот во оџакот и тој ствара цуг , вакум или како да ти речам .Во бренерите и одредени котли со поголема снага покрај тој вентилатор има и на влез пред горилникот ама тој задниот со сигурност го има во сите котли и печки на пелети без исклучок( освен бренерите) , додека пред горилникот има само во одредени модели. Самата конструкција на печките и котлите на пелети, принципот на работа и типот на горивото не дозволува вентилаторот да биди пред горилникот или на доводот на воздух туку исклучиво на издувот.
c614-3.jpg

Тука мислам појасно се гледа движењето на жешките издувни гасови од горилникот, изменувачот воздух вода, издувниот вентилатор и секако изводот за оџак на крај десно одма после вентилаторот.
 
Сезонава што доаѓа...ќе бидат „весели“ цените на Пелетите....зборувам од А1 класа ( Прва класа ) 100% Бука...
Некој да не има информација како се двжат?
 
Сезонава што доаѓа...ќе бидат „весели“ цените на Пелетите....зборувам од А1 класа ( Прва класа ) 100% Бука...
Некој да не има информација како се двжат?
епа кога веќе викаш весели ените ке биле треба да знаеш и колку ке се движаат нели... од кај ви се информацииве само незнам
 
Сезонава што доаѓа...ќе бидат „весели“ цените на Пелетите....зборувам од А1 класа ( Прва класа ) 100% Бука...
Некој да не има информација како се двжат?
Вчера излезе една реклама по социјалниве мрежи А1 190ден, А2 185 ден. Имаше и нешто 170ден. ми се премота пред очи, ама немав време да гледам детали. Денес низ Прилеп по пријатели што се греат на пелети прашував таа е цената 180/190 ден. Ќе треба да земаме додека не рипнала цената, минатата зима се зезнав, вториот тон многу поскапо ги платив.
 
Нов сум на форумов и гледам дека темава е доста актуелна а во план сум да купувам камин на пелети за етажно греење па ако може некој да предложи од која фирма се најдобро покажани камините на пелети за етажно греење.
 
A1 класа пелети набсвив по цена од 190 ден/вреќа. Македонски од Пехчево. Лани зедов од тие, неколку вреќи за проба, и се покажаа одлични.
 
Koristam pecka na peleti lani prva godina, greev dobro izolirana prostorija 5cm stiropor od nadvor 3cm stiropor od vnatre, pvc prozori.. 10kw pecka TIM SISTEMS MARKA obozavame po doma toplo potocno vo zimo, zimovo sto projde bebeto mi bese 4m, jas i soprugata celo zimo po kratki rakavi, doma temperatura odrzuvavme 25+ stepeni, potrosuvacka ni bese 1na vreka peleti 15kg za 2 dena.. peckata gorese od 08h-01h navecer.. znaci skoro cel den, a koga bese najladnoto 1vreka peleti za eden den.. e sega ima tuka i nekoj plus sobata kade sto stoi peckata mi e na juzna strana i e 30kvadrati.. nie zgreani i zadovolni
 
Дали баш нон стоп работеше или кога ќе постигне температура автоматски се гасни, па кога ќе се намали сам се пали?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom