Грција навива за ДПМНЕ и ДУИ

  • Креатор на темата Креатор на темата asterix_m
  • Време на започнување Време на започнување
Барањето на Македонските граѓани, пред се, е да нема промена на името.

Има една поговорка: ништо не мора, сем да се умре. Буквално.

Сходно Брат, мислам ќе се сложиш дека треба да се делува во таа насока дека ништо не мора. Зошто ако се мора, може да се оствари вториот дел од поговорката.

Мора чирот да пукне и незадоволството да истече во вид на гној, да се формулира што е што во ДПМНЕ. Само тоа е излезот.
 
Според весникот, првенствено Грција, исто како и САД, била негативно расположена во однос на предвремените парламентарни избори во Македонија, сметајќи оти тоа ќе ја забави процедурата за решавње на спорот со името.

asterix_m, не е лошо да го цитираш изворот. Повторно, речениците од грчкиот отигинал се преработени и така текстот личи на манипулација. Горниот текст би требало да биде:

Ta Nea напиша:
И покрај тоа што Атина, Алијансата и главно Американците - во почетокот не сакаа да има избори, сметајќи дека изборите ќе го успорат процесот на изнаоѓање решение и интеграција на БЈРМ во НАТО, грчката страна сега согледува дека позитивниот резултат од изборите единствената можност за чесен компромис. Како позитивен резултат, Атина го смета, на една страна, зацврстувањето на Груевски, такашто тој нема да се плаши да навлезе понапред во компромис. Атина исто така ги става своите надежи нво зацврстувањето на Ахмети и на неговата соработка со ВМРО во формирањето влада, зашто, во спротивен случај - велат дипломатите со искуство на Балканот - немирите во Тетово и нестабилноста на земјата треба да се сметаат како сигурни. “Дали ие тоа мило или не, Ахмети е консолидирачки фактор“ - врлат вообичаено. А овој пат неговото учество во влафата ќе значи де факто федерализација на земјата, бидејќи условите што ќе му ги постави на Груевски ќе значат практично автономија на албанците. Уште повеќе што албанците веќе имаат обезбедено територијална поделеност на земјата, што дополнително ќе ја олесни промената. Па така, Груевски, кој до сега беше познат како “тврд“ по прашањето на името, ќе може, како што велат во Министерството за надворешни работи, да биде исто така и единствениот кој ќе има сила да оди напред во компромис“

http://www.tanea.gr//Article.aspx?d=20080416&nid=8207459&sn=&spid=876
 
Абе кое менување на име жив ти се? Да се викаме република Скопје? Ајде да видам кој е тој маж што ке го смени името во некое вакво слично, да видите дали ке се повтори историјата, и ке биде егзекутиран како Садам Хусеин.
Бај да веј, Ирска планира да не признае под уставното име, по досадувањето на Грците за променување на дел од текстот за песната за евро-сонг. А и Британија има слични намери. Тоа огромно грчко лоби ја сипи целата работа, инаку ке бевме признаени од речиси цела е.у.
 
Абе кое менување на име жив ти се?

Не, не, не, ти не знаеш. Има убедени во структурите на нашата држава дека морало. И дека од други зависело, a не од нас. Ова ми го кажуваат двајца по телефон, а третиот молчи како посран.

А не мора! И само од нас зависи!

Ајде да видам кој е тој маж што ке го смени името во некое вакво слично, да видите дали ке се повтори историјата, и ке биде егзекутиран како Садам Хусеин.

Бај да веј, Ирска планира да не признае под уставното име, по досадувањето на Грците за променување на дел од текстот за песната за евро-сонг. А и Британија има слични намери. Тоа огромно грчко лоби ја сипи целата работа, инаку ке бевме признаени од речиси цела е.у.

Па тоа велам и јас, ако морале, нека си купат парцели уште од сега. Или сакаат кремирање?! Па да видиме колку мора.

Ирците се народ, имаа сличен проблем како нашиов (со нивни комуњари), ама држат линија, кај нив не мора ништо, а биле во многу понезавидна ситуација од нас.
 
Барањето на Македонските граѓани, пред се, е да нема промена на името.

Има една поговорка: ништо не мора, сем да се умре. Буквално.

Сходно Брат, мислам ќе се сложиш дека треба да се делува во таа насока дека ништо не мора. Зошто ако се мора, може да се оствари вториот дел од поговорката.

Мора чирот да пукне и незадоволството да истече во вид на гној, да се формулира што е што во ДПМНЕ. Само тоа е излезот.

Јас секогаш сум се сложувал, ама јас не сум човек-партија ниту сум политички фактор.

За да реално ги оцениме работите треба да појдеме од политичкиот интерес, како основно мерило.

Секоја политичка опција е заинтересирана за ВЛАСТ.
Секоја одлука која ќе ги чини губење од можноста за власт се коси со секое политичко убедување.

Многу важна улога игра и психичката тортура врз народот. Секојдневно се страши во однос на опстанокот,а тоа придонесува несигурност и безглаво итање.

Доколку предвремениве избори им овозможат на ВМРО да добијат посигурно мнозинство, да нема политички уцени внатре во коалицијата, да се изгради силна стратегија во надворешната политика, да се сменат кадрите кои закашкаа, тогаш да ..има простор за оптмизам.
 
Без разлика на интересот, името не смее да се менува! Делувај колку што можеш, каде можеш. Девизата е: неможното е можно!

А дека туморот СДСМовски мора да се исече, тоа е јасно, инаку ќе метастазира, ќе умре телото. Погледнете што рекле по повод барањето за потигнување надпартиска платформа, еден вид национална стратегија за името:

Најголемата опозициска партија СДСМ не е убедена дека може да се постигне натпартиска платформа, обвинувајќи го за тоа премиерот. Ниту вчера, ниту денеска ниту пред три месеци Груевски не знаеше да ги искористи подадената рака и поддршка од сите политички партии и затоа ја прокоцка историската шанса на Самитот на НАТО во Букурешт. Затоа не сме оптимисти дека сега ќе се случи тоа - велат во СДСМ.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=53F40B20A175C54D890FE4B79A0058F4

Ваква прозирна работа може само апла продадени гУведа да кажат.

.
 
abre luge ovie SDS se cirkus..
sekoj komentar vo odnosa na glupostite koisto gi produciraat vo svojata kujna e glupost na glupostite. prestanete da se palite na takvi jalovi muabeti, te cenite, te zakonite, svekrvite ne cinele... i za se bil Gruevski kriv.
ovoj tekst voopsto nema da me zacudi da e del od prekuten dogovor i nadez na grNcite deka ke uspeat da mu pripisat na Gruevski uloga na predavnik i so toa vsusnost da go postignat obratnoto od toa za sto pisuvaat. demek navivale za VMRO.....abre ajde....moze ke dojdat i na nekoj miting so makedonskoto zname.
tuku za imeto kako sto vikase ednas V.Eftov: ke se najde li covek sto ke zgazne vrz patriotizmot na 80% od makedoncite spored najnovata anketa? vklucitelno i Gruevski.
...mislam deka nema i ne smee da ima.
VMRO moze da osvoi i 100 pratenicki mesta ama toa ne znaci daka na Gruevski mu e dozvoleno da go menuva imeto.
 
Овие Нетпрес една статија исправно не преведоа од грчки весници.

Павел Липранди ви посочи и претходно колку се извадени од контекст. Не е првпат. Или Нетпрес си игра курташак, или преведувачот од грчки им е полуписмен. Или му е душман на Груевски.
 
Епа кој и да победи на избориве пожелно е за државава и за грците владејачката коалиција да има легитимитет од големо мнозинство на граѓаните значи коалиција со најмалку 81 пратеници... Затоа се заговара предизборна коалиција на ДУИ И ДПА за албанскиот фактор да има силна позиција во одлучувањето со најмалку 30 пратеници заедно со 50 пратеници од коалицијата на ДПМНЕ ... Сигурно ќе има надворешна помош да не го изгубиме патот кон НАТО и ЕУ па ќе се дојде до компромис за прифатливо решение за промена на името... СДСМ нема што многу да се буни бидејќи самите први се изјаснија дека компромисно решение за името треба да се најде заради интегрирање на државава во НАТО и ЕУ... Ќе останат да се бунат само неколку стотини граѓани пред парламентот налик одбраната на "светиот" устав од 1991 во 2001...
 
Не мислам дека ДУИ ќе земи 30 пратеници..Максимум 20...Мое мислење..
 
Сефте на темава, и астрикс навива за Грција.
 
Не мислам дека ДУИ ќе земи 30 пратеници..Максимум 20...Мое мислење..

Реков коалиција ДУИ и ДПА, 30 пратеници, најмалку... сепак и да нема предизборна коалиција на албанските партии сигурно двете ќе бидат дел од власта да се осигура двотретинско мнозинство... инаку 95% од албанската заедница во државава се согласни за промена на името на државава и европска перспектива... Сигурно ќе има некој договор помеѓу коалиционите партнери за постигнување на компромис со Грција за името и тоа е тоа... ќе им треба двотретинско мнозинство...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom