Грција ја бомбардира Македонија (книга)

  • Креатор на темата Креатор на темата Andonov Bale
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
ГРЧКАТА АВИЈАЦИЈА ЈА БОМБАРДИРА РЕ­ПУБ­ЛИКА МАКЕ­ДО­НИ­ЈА!
НАЈНОВИ ВЕСТИ!!!

ГРЧКАТА АВИЈАЦИЈА ЈА БОМБАРДИРА РЕ­ПУБ­ЛИКА МАКЕ­ДО­НИ­ЈА!

3 март 2037 година. Де­нес околу 05 часот наутро седум грчки бор­бе­ни ави­­­о­ни из­вр­шија напад про­тив Република Македонија. Прво е бом­бардира­на ка­сар­на­та "Стив Наумов" во Би­тола, каде загинаа деветмина маке­донс­ки вој­ни­­ци. Ма­ке­донс­ката против-воздуш­на одбрана не успеала да реа­гира. Во би­толс­ката касарна три проектили паднале на пис­та­та, два проектили го по­годиле магацинот за оружје, по што дошло до експлозија. Овде загинале де­вет­­ми­на­та војници. Два проектила паднале и до огра­да­та на касар­­ната. Ис­ти­­те авиони подоцна го бомбар­дирале и поли­го­нот во Кри­во­лак. Врз бараките биле ис­т­релани десет проек­тили. Таму нема загинати, а полес­­но е ранет еден офи­цер...
Не плашете се, оваа вест не е вистинита! Тоа е извадок од најновиот ро­ман од Александар Донски под наслов "ОБЕДИНУВАЊЕТО НА МАКЕ­ДО­НИ­ЈА".
Овој возбудлив трилер никого нема да го остави рамнодушен!
Врз основа на реални претпоставки, авторот нуди свое видување за идните политички настани што можат да се случат во светот, кои можат да доведат до обединување на Македонија!
Возбудливиот трилер почнува кога во 2011 година во Овче Поле се откриени огромни резерви нафта (авторот посочува вистинити изјави од екс­перти кои тврдат дека Овче Поле "лежи" на нафта). Истовремено власта во Ку­вајт и Саудиска Ара­бија ја превземаат исламски радикали, кои престануваат да ги снабдуваат САД со нафта. Во Франција и Русија на власт доаѓаат десничарски режими, а Грција ги заострува односите со САД поради приближувањето на САД кон Македонија поради нафтата...
bombing.jpg
Почнуваат процеси кои детаљно и прилично реално се опишани... Анта­гонизмот помеѓу САД и Македонија од една и Грција (помагана од Франција и Русија) од друга страна доаѓа до точка на вжештување. Судирот е неизбежен... Македонците во егејскиот дел почнуваат со илегални вооружени акции тајно помагани од Република Македонија и од ЦИА, а Грција ги обвинува Македонија и САД дека стојат зад нив. Непријателствата се зголемуваат (што во романот детаљно е прикажано), па во еден миг грчката авијација ја бомбардра Република Македони­ја. Во очај Македонците преку референдум се изјасну­ваат за влегување во конфе­де­ративен однос со САД. Американскиот Конгрес во кој доминираат републиканците ја прифаќа одлу­ката поради македонската нафта... Маринците се истоваруваат во Македо­ни­ја под изговор дека ќе ја чува­ат нејзината стабил­ност. Набргу се случуваат погра­нични инциденти. Грција е поттикнувана од Франција и Русија да не попушта. Од Русија набавува најсовремено против-воз­душно оружје. Грчките погранични единици убиваат неколкумина маринци и вој­ници на АРМ, кои наводно влегле на грчка територија... Војната е неизбежна. САД и АРМ од една, а Грција од друга страна. Весникот "Македонија Инфо" бур­­но ги следи сите овие настани... На неговите страници се менуваат возбудли­вите наслови, од кои издвојуваме само неколку:
НОВА ОФАНИЗАВА НА МАКЕДОНСКАТА ОСЛОБОДИТЕЛНА АР­МИЈА? Лерин 18 јули 2037 година. Борците на МОА денес извршија напади врз пунк­то­вите со грчките воени и полициски сили на не­колку места низ егејс­ки­от дел на Македонија. Напа­дите главно биле извршни од насока на околните плани­ни. Би­ле забележани судири во близина на неколку лерински села. Грч­ки­те вооружени сили воз­вратиле на огнот, а дејствувала и авијацијата. Порт­па­ролот на грчката армија изјави дека во борбите загинале околу педесет бунтовници. Нема податоци за жртви и повре­дени на грчка страна....
(...)

АМЕРИКАНСКИТЕ НОСАЧИ НА АВИОНИ ТРГНАА КОН ЈОНС­КОТО МОРЕ Пентагон 12 август 2037 година. Два дена по убиството на трој­цата ма­рин­ци на македонско-грчката граница, американските носа­чи на ави­­о­ни "Вашингтон","Калифорнија", Ала­ба­ма" и "Кастер" кои дејст­вуваат во рам­ки­те на Шес­та­та флота, добија наредба за впловување во водите на Јонс­ко Море. Состојбата е мошне напната. Аналити­ча­ри­те сметаат дека се работи за акт на притисок врз Гр­ција и дека натамошниот тек на настаните е неиз­весен.
(...)
ПОЧНА БОМБАРДИРАЊЕТРО НА ГРЦИЈА. 21 август 2037 година. Системот за тревога во неколку градо­ви во Грција денес се огласи во доцните поплад­невни часови. Американската авијација стационирана од базите во Ита­лија и од носачите на авиони од Шестата флота, изврши напад врз воени објек­ти во Атина, Солун и Волос, а беа бомбар­дирани и трите воени аерод­рома Андра­вида, Араксос и Танагра, како и воената база во Елеусис. Во напа­дот учес­т­­­ву­вале сто и деведе­сет ловци и бомбардери. Нанесена е голема мате­ри­јална штета, а има и десетици жртви. Снимките при­кажани на грчките ТВ ста­ници покажаа дека во нападот на Атина била погодена и станбена зграда, во која загинале пет­мина ста­нари. Грчката против-воздушна одбрана реа­гирала и, според нивните инфор­мации, биле погодени вкупно седум авиони.
(...)
ПОЧНА КОПНЕНАТА ОФАН­ЗИВА! 5 сеп­тем­­­ври 2037. Ноќеска околу два част по полноќ, мото­ри­­зираните еди­­ници на американската армија со силна воз­­душна поддрш­ка, ја поминаа границата и навлегоа на територијата на Гр­ција во егејскиот дел на Македонија. Во офан­зивата учест­вуваат и единици на АРМ. Опера­цијата под назив "Слобода за Македонија", чиј почеток веќе извесно време беше најавуван, конечно почна. Заед­нич­­ките американско-македонски сили из­вр­шија пробив преку границата во три насоки и тоа кон Ле­рин, Кукуш и Серска Џумаја. Според податоците од Пен­та­гон во офанзивата е планирано да учествуваат вкупно око­лу 250.000 илјади маринци на чело со генерал Винстон. АРМ учест­вува со вкупно околу 45.000 војници...
(...)
ЛЕРИН Е ОСЛОБОДЕН! Лерин 20 септември 2037 година. По едноне­делни жестоки борби и по повле­кувањето на грчката армија, денес околу десет часот претпладне, пр­вите единици на американската армија, придружувани од пе­ша­диска единица од АРМ, влегоа во Лерин. Иако пого­ле­миот дел од населе­нието на овој град побегна поради воените дејства, сепак на плоштадот се собра група од околу две илјади Македонци, кои вооду­шевено го поздравија осло­бо­дувањето на својот град. Во тек се активности за обно­вување на витал­­ните функ­ции на градот; водоснабду­вањето и струјата. И натаму се слушаат поединечни пукотници од периферијата, но сите делови од градот се под контрола на нашите. Во Лерин стигна и единица од стотина борци на МОА, глав­но жители на тој крај. Грчката армија се повлече кон Невеска, каде се очекува да биде организирано ново одбран­бено упориште. Во битката за Лерин загинаа седум­­де­сет и двајца маринци и осумнаесет припадници на АРМ, додека загубите на грчка страна се непознати...
(...)
ПОСТИГНАТО ПРИМИРЈЕ - ГРЧКАТА ВЛАСТ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА!!! Анкара 18 ноември 2037 година. Вој­ната завр­ши! Грција се повлекува од егејскиот дел на Ма­­­кедонија! Ова е нак­ратко резимето на договорот што во Анкара беше постигнат меѓу завоју­ваните стра­ни САД и Репуб­лика Македонија од една и Грција од друга страна. Во официјалното соопштение што беше прочитано по состанокот, истак­нато е дека прекинот на огнот ќе с­тапи во сила веднаш. Во рок од две недели Грч­ката армија, полиција и цивилна власт ќе мора да се повлечат од сите градови и села на Македонија и ќе треба да се стацио­нираат јужно од плани­ните Хасија и Олимп. Исто­в­ре­мено и АРМ ќе треба да се повлече во гра­ни­ците на Репубика Маке­донија, додека војската на САД ќе остане привремено, с# до доаѓањето на мировни сили на ООН, по што и таа ќе се пов­лече. Македонија ќе стане под управа на ООН во текот на три години, а потоа ќе се одлучува што понатаму. Маке­до­нија фор­мално ќе остане дел од Грција, но грчката власт не­ма да има ингеренции на нејзина територија. Сите бегалци, чија бројка се проценува од околу милион и половина, ќе мо­жат да се вратат во своите домови. Паралелно со власта на силите на ООН, ќе биде формирана и регио­нална и локална власт од домородно население. Едини­ци­те на МОА целосно ќе се разоружаат и демобили­зираат. Халкидик (Света Гора) ќе ја задржи својата автономија и тамошните манастири и цркви ќе бидат под ди­ректна заштита на ООН. Во Македо­нија ќе биде овоз­можена слободна употреба на сите јазици на кои збо­ру­ваат мнозинството припадници. Солун ќе биде прог­ласен за 'отворен град', чие пристаниште ќе можат да го користат и Грција и САД.

Следуваат уште некои од насловите:


ГРЧКАТА АРМИЈА ЗАМИНУВА ОД МАКЕДОНИЈА;


СТОТИЦИ ИЛЈАДИ БЕГАЛЦИ ЗАМИНУВААТ


ЗАЕДНО СО АРМИЈАТА;



ТРИЕСЕТ И ДВЕ ДРЖАВИ ОДВОИЈА ВОЈНИЦИ ЗА МИСИЈАТА ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДО­НИЈА;



ПРИСТИГНАА ПРВИТЕ МИРОВНИЦИ ОД ООН;



ПОЧНА ДОБРОВОЛНОТО РАЗОРУЖУВАЊЕ НА БОРЦИТЕ НА МОА;



СУДИЈАТА МАНФРЕДИ ОД ИТАЛИЈА НАЗНАЧЕН ЗА ЦИВИЛЕН АДМИНИСТРАТОР ВО ЕГЕЈСКА МАКЕ­ДОНИЈА;



АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА СЕ ПОВЛЕ­КУВА


ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДО­НИЈА;



ПОЧНА СОЗДАВАЊЕТО НА ЦИВИЛНИТЕ ОРГАНИ


ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕ­ДОНИЈА;



МАКЕДОНЦИ ИЗБРАНИ ЗА ЛО­КАЛ­НИ УПРАВИ­ТЕЛИ НА ПОГОЛЕМИТЕ ГРАДОВИ;



ФОРМИРАНИ ГРЧКИ ЕНКЛАВИ;



ГРЦИТЕ ДЕМОНСТРИРААТ ПРОТИВ


МИРОВНИ­ЦИТЕ НА ООН;



ФОРМИРАНА ПАРТИЈА НА ВЛАСИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА;



ГРЧКИТЕ БЕГАЛЦИ СЕ ЖАЛАТ ДЕКА НЕМААТ УСЛОВИ


ЗА ВРАЌАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА...


Ова е само мал дел од возбудливата содржина на романот "ОБЕДИ­НУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА", чиј рецензент е Гордица Величковска (Главен уредник за култура во Македонското радио). Поради исклучително контроверзната и провокативна содржина на овој роман, некои медиуми одбија да објават информација за неговото излегување!
 
Дај боже сево ова што е напишано да стане вистина и тоа во најскоро време не да чекаме дури 2037...Ако е можно во 2010 веќе се да биде завршено...:toe::vozbud::vozbud:
 
За ова имаше узбуна кога Миленко една вечер го кажа во својата емисија но не напомена дека е книга и на форумов у Чек дис аут имаше ваква тема мислам. СЕ дигна голема фама ама после рече дека е дел од книга.
 
Ова е само извадок или?..Ако е само извадок како може да ги најдеме и прочитаме и другите делови?
 
Тоа шо и кога фантазираме некој друг ни ја врши работата(случајов Америка) доволно симболизира и објаснува, визата за територијава што ја ослободивме :), ќе ни биде на хартија ко на животни, уште доолго време.
 
pa ne e daleku od realnosta,bi mozelo i vo slednite 2-3 god da se sluci ova:tv:
 
добра емисија
татарите се мрднаја
најди го почетокот
таму миленковски ја промовира книгата на донски
поздрав
 
Чим во книгата нема ништо (или грешам) и за бркање на татарите од пиринскиот дел не е целосна.:vozbud::vozbud::helou:
 
тоа е луѓе поезија.......соодветно терба да се префрли темата во подфорумот за уметност и литература
 
Па и сликава со авионот кој Атина може да го сонува само...
 
научна фантастика ,секогаш интересна.:costumed2
 
Тоа шо и кога фантазираме некој друг ни ја врши работата(случајов Америка) доволно симболизира и објаснува, визата за територијава што ја ослободивме :), ќе ни биде на хартија ко на животни, уште доолго време.
Значи рамо до рамо сме со Франција, гледајте на позитивната страна. :)
А атињаниве B-1 ќе имаат... Пусти соништа. :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom