Што блебетате тука, јас имам G620, Radeon 6790, 4gb ram и ја играв Battlefield 3 на ultra.
Друже ти не гледаш убаво или слеп си ? xD
Нели гледаш дека му покажувам видеа, дека добро иде со тој процесор, па и со послаба графичка? so hd6670 типот на видеата ги играше crysis2, battlefield 3, NFS the run, со High-ultra сетинзи? и со солидни фпс??
Незнам што е блебетање тука? xD
Мастер, го фали процесорот, јас како што видов, па може да се рече дека ќе му дадам пофалба на процесорот за тие пари, а еве и ти го фалиш? Незнам, која ти е поентата со бунењево??
G620
6790 / 550 Ti
4 Gb ram
550ti не е нешто посебно, напротив е утка, гледано цена/перфоманси. За хд6790, да не правам муабет... тоа е хд6770 само со 256 битен интерфејс, и малце пониски фреквенции.
И воедно таа е најслабата графичка која е gddr5 и 256 bit, некогаш произведена. и никој никогаш не ја става во ист ќош, како другите графички кои се gddr5, 256 bit, туку ја ставаат со послабите, со хд6750, хд6770, gt550ti, gts 450 кои се 128 битни, освен 550ti која е 192битна.
И еве ти да видиш што мислат за хд6790 во споредба со хд6770. односно дали вреди да се фрлат пари за хд6790. И тоа на еден од најпочитуваните форуми во областа на хардверот.
Или и тие врска немаат ?
http://www.tomshardware.co.uk/forum/333699-15-6770-6790
п.с. немој да те лаже ѓаволот да зимаш графичка картичка која не е 256 битна. Со 128 битна графичка нема играње.
Каква глупост е тоа дека со 128 битна нема играње?
отвори ги клиповите на јутјуб што ги постирав, таму со хд6670 која е гддр3 ( што е лошо) и која е воедно и 128 битна, најновите игри се играат со речиси ultra сетинзи, на резолуција 1024x 768.
А пошто дечково има 17" CRT монитор, и повеќе од доволна ќе му биде хд6770 ( 6100 денари, наспроти 7550 денари за хд6790)
И јас топло би му препорачал како тебе, ако има од стариот компјутер да го искористи хард дискот барем ако е 80 гига, па понатака здравје кога ќе паднат цените, да си земе појак. Да си го искористи и старото куќиште, ќе заштеди уште 1000че на тој начин. И двд режачот да си го зачува, уште 900 ќе си заштеди, доколку го има.
И не се обидува никој тука да го прелаже детето,( пошто спомнуваш дека работиме по фирми, а у глобала тие сакаат да ги прелажат муштериите) туку напротив да му помогнеме со цел да си помине ем ефтино, ем и да биде задоволен од тоа што ќе го купи.
p.s. Јас сум студент, а мастер има ако не се лажам 15-16 години. така да никој не работи во никакви фирми тука. А и незнам од каде тој заклучок??