Графичката карта ми загрева премногу

  • Креатор на темата Креатор на темата kapadaster
  • Време на започнување Време на започнување
А јас да си прашам,колку е нормална температура за графичка карта?
 
АМЦ се најчурук сервисер.И секој кој било дел да го однесеш кај нив, без разлика дали ти е под гаранција или не, ке те убедат дека не е така и ке ти земат пари.Мене ми викаа дека е потрошен материјал и неспајга во гаранцијата.
На еден другар го натераја да си го плати харддискот а лаптопот немаше ни 4 дена од кога го купи.Го зедоа тие го сервисираа го дозаебаја и пари му зедоја.Кај нив појке јас у продавница невлегвам.ЛОПОВИ СЕ, барем да ги поправаа деловите не да ги дорасипвет

Лелее.. епа ве нашле ве одрале. Ќе земеш гаранцијата и од глава ќе му ја удриш и фино лепо ќе си викнеш инспекција со тебе и да ги каже работите и пред инспекција, да видиш каква казна ќе попие тогаш.

Инаку графичката фабрички доаѓа со паста на неа и можно е таа да е исушена само ако претходно се користела и тоа не краток период, туку година-две.
--- надополнето: Oct 3, 2011 2:50 PM ---
А јас да си прашам,колку е нормална температура за графичка карта?

Зависи како ја користиш, колку ја оптеретуваш, ама се доколку не ти го гаси компјутерот има нормална температура. ;)
 
А јас да си прашам,колку е нормална температура за графичка карта?

Зависи од карта до карта. Најчесто хај енд чиповите при лоад качуваат и до 80-85 степени, (но можат да ја издржат таа температура, прилично нормални се овие температури за хај енд чипови) а мидрејнџ обично при лоад им е околу 65 степени, лоу енд слично или пониско. А дуал GPU картите накачуваат и над 90, пр. GTX295.

И нормално ако оверклокуваш и зголемуваш волтажа, пропорционално ќе расте и температурата.
 
Мојана не е дуал али ипак иде 94C, на BC2. :D
 
Не ти го цитирам целиот пост, оти пола страна ќе отиде Ќе повторам, ИМА ПРИЧИНА да ја враќа картичката ако таа не си работи како што треба. Исушена паста за недела дена и од нејзе да е проблемот !? Жити се. Ќе треба да купува паста секоја недела тогаш. Несоодветен контакт на ладилниците со картичката, па сам да ги мести преку софтвер !? Значи за секоја таква картичка треба гратис да доаѓа тој софтвер и објаснување од продавачот зошто служи и кои се проблемите со картичката. Само да видам тогаш кој ќе им ја купи.

Врати ја картичката и не се замарај. Кажи им што е проблемот. Ако треба да ја тестираат нека ја тестираат. Ако ти речат дека тоа трае, нека не те лажат. За еден ден се тестира картичка. Ќе ја уклучи, ќе ја оптерети и ќе види дали дава ист резултат.

Инсистирај на тоа дека ти е под гаранција и барај ги парите назад ако ти мрсат муда. Само во никој случај не чепкај ништо. Ни паста, ни софтверски. Може на тоа да се вадат како поништување на гаранцијата.

За сите други што даваат било какви совети. Речеме купуваш нова кола, и недела дена е топ, кога потоа почнува да гаси, трокира се дешава се и сешто. Ќе ја отворите и ќе си ја сервисирате сами !? Не бидете глупави. Гаранцијата за што служи!

Јас реков дека постои можност да не е фенот, т.е. проблемот да е во исушена паста, или слаб контакт на ладилникот, во ТОЈ СЛУЧАЈ треба да ја врати, прочитај го мојот прв пост уште еднаш. Доколку не, може преку софтвер да го реши проблемот....МОЖЕ ДА ПРОБА т.е. доколку е стварно проблем со контрола на фенот - несоодветна драјвер контрола на истиот, што е чест случај на доста графички карти! ова е мое лично искуство со истата неправилна фен контрола : 5870, тој проблем, GTX260/GTX470- ист проблем, GTX295- потпoлно исто, 4870, пак исто, 8800GT исто! така да немој да ми објаснуваш што може а што не имам доволно искуство да знам што е можен проблем и како истиот може да се реши, добро напишав дека доколку се работи за неправилен контакт на ладилникот или исушена паста неможе да го реши сам тој проблем, но доколку е багиран драјвер/BIOS на картата, може многу ЛЕСНО, само треба да користи некој софтвер за контрола не брзина на фенот.

И да пастата може да се исуши и за еден ден! времето нема директна врска со сушење на истата, доколку истата работи на 90 степени! се работи за low end карта на која пастата која е нанесена од фабрика не е квалитетна, така да сушење на истата е можно дури и по само неколку дена, а можно е и да е неправилно нанесена од фабрика.. знаеме сите каква контрола на квалитет има робата што се носи од страна кај нас, сигурно е левел 3 наместо 1, значи за паста и сушење на истата верувај ми дека може да се исуши дури и да е само краток peak на висока температура од неколку секунди...

БТЊ нема теорија они да приметат дали ти си го контролирал фенот или не, после искулучување на програмот за контрола MSI Afterburner/Riva Tunner/Еvga Percission автоматски картата се враќа на фабрички дифолт, теорија нема да приметат дали е користен софтер или не, а дури и да приметат.... тоа е СОСЕМА ЛЕГАЛНО и никој нема право да ти забрани да контролираш фен на карта, дури и во Македонија!
 
...несоодветна драјвер контрола на истиот, што е чест случај на доста графички карти! ова е мое лично искуство со истата неправилна фен контрола : 5870, тој проблем, GTX260/GTX470- ист проблем, GTX295- потпoлно исто, 4870, пак исто, 8800GT исто! така да немој да ми објаснуваш што може а што не имам доволно искуство да знам што е можен проблем и како истиот може да се реши, добро напишав дека доколку се работи за неправилен контакт на ладилникот или исушена паста неможе да го реши сам тој проблем, но доколку е багиран драјвер/BIOS на картата, може многу ЛЕСНО, само треба да користи некој софтвер за контрола не брзина на фенот.

И да пастата може да се исуши и за еден ден! времето нема директна врска со сушење на истата, доколку истата работи на 90 степени! се работи за low end карта на која пастата која е нанесена од фабрика не е квалитетна, така да сушење на истата е можно дури и по само неколку дена, а можно е и да е неправилно нанесена од фабрика....

БТЊ нема теорија они да приметат дали ти си го контролирал фенот или не, после искулучување на програмот за контрола MSI Afterburner/Riva Tunner/Еvga Percission автоматски картата се враќа на фабрички дифолт, теорија нема да приметат дали е користен софтер или не, а дури и да приметат.... тоа е СОСЕМА ЛЕГАЛНО и никој нема право да ти забрани да контролираш фен на карта, дури и во Македонија!

По муабетов можам само да ти кажам една работа, престани да купуваш графички карти од каде што купуваш бидејќи очигледно ти продаваат тешка шкартоина. За искуство не зборам, оти очигледно си „експерт“ (како ли побогу ќе види дали е исушена пастата ако не го отвори ладилникот кажи ми!? а штом еднаш ја отвори се познава дека е отварана, не се прави наудрен и отиде гаранцијата после).

Пастата од фабрика не е квалитетна !? Неее ти стварно појма немаш што збориш... Таа дома колгејт е поквалитетна. Искуство, јбг.

На крај краева еве ти вака:

Дечкото вика, цитат: „Само што вклучам игра,нема ни 2-3 минути ми се заледува компјутерот. Преку програм проверив дека кога вклучам игра многу ми загрее графичката.
Ја купив пред 1-2 недели. Nvidia GeForce 430.
помош?“

Официјалниот сајт на нВидиа вика вака:
Thermal and Power Specs:

Maximum GPU Temperature (in C) 98 C
Maximum Graphics Card Power (W) 49 W
Minimum Recommended System Power (W) 300 W

http://www.nvidia.com/object/product-geforce-gt-430-us.html

До 98С не треба да прави проблем, а него му се заледува компјутерот. Ајде сега „експерту“ најди го проблемот !?
 
Значи преку *ур од циничните постови и теми во кои идете одма на карање, по трет пат, дали јас реков дека треба он да ја замени пастата или да ја врати? или само ги наведов можните причини за прегревање? are you on drugs, оr something? и да одма, ЕКСПЕРТ и слично, ок разбрав дека сте зајадливи и цинични, не мора секоја *бана тема да се води кои расправии, или мора?

Друго, Не вреди да ти реплицирам понатака и да си трошам време, целата дискусија заврши во моментот кога кажа дека картата треба да работи без проблем на 98 степени т.е. мислиш дека таа е всушност нормална максимална работна температура...:D :pos: немам што да ти кажам повеќе, најверојатно за тебе поимот throtlling е нешто што никогаш не си го чул, Have a nice day my friend.

epic_fail.jpg
 
Очигледно си читаш како ти одговара. Иако е бедно да се самоцитирам, ама изгледа ќе морам за да видиш убаво: „До 98С не треба да прави проблем“.

Не реков дека е нормална температура, туку според официјалните податоци од официјалниот производител на картичката 98С е максимална температура која дури и да ја постигне не треба да прави проблеми. Мах 98С што значи !? Нормално за тебе !?

Те нареков „експерт“ оти ти си тој кој изјавува „не ми кажувај на мене, сум пробал на оваа на онаа картичка и сл.“, а не јас.

Еве ќе ти повторам, а можеш да погледнеш и кај дечкото во коментарите, сменил драјвери ист проблем, на вклучување на игра крева 80-90С и после 3-4 минути укопува. Графичката е недела дена стара, а муабетот за неквалитетна паста од фабрика кажувај на мали деца, освен ако не купуваш од тезга некоја па ти утрапуваат користени графички со маубет дека се „чичка нови“.
Чаре брачко!?
 
Таруно вака збориш зашто воопшто не си активен на овој подфорум и не знаеш кој е Psyside. Дај кажи, колкаво искуство имаш со хардвер?
И да 430 е ентри левел чип и таа темпратура воопшто не е карактеситична за таква класа на чипови, така да има проблем, и како што кажа Psyside ќе се појави throttling, што во превод значи намалување на фрекфенцијата на чипот или за да се намали/одржи температурата или за кога е на ајдл да се намали потрушувачката, а во овој случај е она првото.
На пример, на сајтот на Интел пиушва дека Tjmax за i7 920 е 100 степени. Ако ти крене чипот накај 90, што мсилиш, ќе си работи најнормално?

И во голема заблуда си ако мислиш дека иста паста се става и на хај енд и на ентри левел карта...
 
Само што вклучам игра,нема ни 2-3 минути ми се заледува компјутерот. Преку програм проверив дека кога вклучам игра многу ми загрее графичката.
Ја купив пред 1-2 недели. Nvidia GeForce 430.
помош?
Под гаранција ти е, така да не се замарај ич.Однеси си ја на сервис и ќе ти го решат проблемот.Толку, simple and easy.
 
Таруно вака збориш зашто воопшто не си активен на овој подфорум и не знаеш кој е Psyside. Дај кажи, колкаво искуство имаш со хардвер?
И да 430 е ентри левел чип и таа темпратура воопшто не е карактеситична за таква класа на чипови, така да има проблем, и како што кажа Psyside ќе се појави throttling, што во превод значи намалување на фрекфенцијата на чипот или за да се намали/одржи температурата или за кога е на ајдл да се намали потрушувачката, а во овој случај е она првото.
На пример, на сајтот на Интел пиушва дека Tjmax за i7 920 е 100 степени. Ако ти крене чипот накај 90, што мсилиш, ќе си работи најнормално?

И во голема заблуда си ако мислиш дека иста паста се става и на хај енд и на ентри левел карта...

Не знам кој е Псајсајд, не ме занима, а тоа што не сум активен на подфорумов не ми дава право за да коментирам логично !? Што е битно колкаво искуство иам со хардвер, не сме тука да си ги мериме, тука сме да помогнеме на некој. Не се расфрлам со пофалби, туку го советувам како да си го реши проблемот со графичка под ГАРАНЦИЈА!

Да беше стара графичка некоја со помината гаранција, пеки. Отварај, лепи, пусти, штури, мести.. ама под гаранција и вакви совети !? Само ќе го заебете човекот.

Кога официјална страна вели дека производот работи до одредени степени, тој треба да работи до тие одредени степени, зошто ова не е тезга на Бит Пазар, па ај од око тури бројка некоја. Ова се големи интернационални фирми кои си подлежат на милијарда закони и инспекции, кои одма можат да ги стават под клуч доколку нешто не е како што пишува на нивната официјална страна.

Ај еве глуп сум, каква паста се става на ентри левел, а каква на хај енд !?
 
Не знам кој е Псајсајд, не ме занима

Епа како тогаш викаш дека е "експерт" и да не се прави многу паметен, кога веројатно ова се првите постови што си му ги прочитал?

а тоа што не сум активен на подфорумов не ми дава право за да коментирам логично !? Што е битно колкаво искуство иам со хардвер, не сме тука да си ги мериме, тука сме да помогнеме на некој.

Кај хардверот се помага со искуство и знаење, не со логика.

Да беше стара графичка некоја со помината гаранција, пеки. Отварај, лепи, пусти, штури, мести.. ама под гаранција и вакви совети !? Само ќе го заебете човекот.

Се работи за АМЦ...

Кога официјална страна вели дека производот работи до одредени степени, тој треба да работи до тие одредени степени, зошто ова не е тезга на Бит Пазар, па ај од око тури бројка некоја. Ова се големи интернационални фирми кои си подлежат на милијарда закони и инспекции, кои одма можат да ги стават под клуч доколку нешто не е како што пишува на нивната официјална страна.

Аха, значи до сега Интел и АМД требаше да бидат збришани од површината на планетава? :ROFLMAO: А за ова од болдов ќе ти кажам, да провериш на нет што и throttling и кога се јавува, ако претходно не ме разбра.

Ај еве глуп сум, каква паста се става на ентри левел, а каква на хај енд !?

Не си глуп, никој не го рече тоа. А за пастата, пиша погоре Psyside убаво, да не го повторувам.

Толку од мене, и немој да мислиш дека имам нешто против тебе, нема везе, само ме нервира и мене а и неколку други членови кога вака ќе се убаци некој и буквално ќе почне да се расправа со некој поискусен и упорно да тврди дека он е во право, иако не е така.
 
Човекот ја купил пред три дена, вие му велите, исчисти ја, отвори ја, пробај ова, пробај она.По сервисите нафта пијат, па нема да видат дека графичката е отварана.:pos:
 
Дај ве молам, го тупите веќе, најдете каде сум напишал дека му предлагам он да ја отвори? јасно кажав 2 пати, дека доколку пастата е исушена или има слаб контакт со ладилникот, ТРЕБА ДА ЈА ВРАТИ!

Јас само наведов која е можната причина за прегревање, исушена термална паста - несоодветна-софтверска-драјвер-BIOS фен контрола, или неправилен допир на ладилиникот.....значи има огромна разлика од вашето тврдење, дека наводно сум му предложил да ја отвара и да нанесе нова термална паста, не е толку тешко да се прочита еден пост, или е?

За крај, контрола на фен со СОФТВЕР не е надминување на гаранција, ова во ниеден сервис нема да го приметат, и да го приметат тоа не надминува гаранција, дури ни во Македонија....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom