Нема причина да ја враќа картата, и на Ati картите го има истиот проблем, во еден случај драјверите не го контролираат фанот соодветно, т.е. ауто модот на контролата на фенот не работи прпопорционално со температурата која ја крева графичката, а во друг истиот вопшто не се убрзува при поголеми температури, или поточно е заглавен на 40%
Затоа најубаво е да проба мануелно да го контролира фенот со софтвер, за да види дали проблемот бил во нессодветна фен контрола од страна на драјверот, или пак можеби зезнат сензор на картата.....бидејќи за ваков проблем тешко да му дадат нова карта, или ако му дадат ќе чека доста време, картата е најверојатно во работна функција, но контролата на фенот најверојатно зеза.
Е сега, постојат уште две можности,
1. Исушена термална паста.
2. Несодветен контакт на ладилниците со картата.
Ако е проблемот еден од овие 2, тогаш ќе мора да ја менува, бидејќи нели препоставувам незнае да ја замени пастата сам. Сепак според мене треба да проба и да види дали контролата на фенот не е проблемот, ако ова е причината истата се решава многу лесно со софтвер за контрола на фен, и не вреди да се замара со враќања, замени, сервисери, и да ги чека да тестираат...