Не знам зошто луѓето брзаат да си вратат инвестиција од нешо кое не е досредено. Мислат ли дека на тој начин ќе вратат пари па ќе досредат?
Се у државава функционира на тој принцип. Ај ќе потсредам малце, ќе потрошам заштеда па од ќарот ќе досредам. Кој ќар бре? Кој ќе ти дојде да се капе у исфарбана дупка а несредена околина? Еднаш ќе се излажеш чисто од љубопитност да видиш како е, ама ко ќе ја погледнеш реалноста
ќе си се капеш дома у када за без пари. Е ко ќе се среди скроз, ко ќе се избетонира просторот околу базенот тогаш може и ќе дојдат посетители повеќе пати. Ко ќе стаи шанкчиња, лежалки, теренчиња за одбојка, нормални цени кој нема да дојде?
Овој начин на функционирање на многу објекти, ме вади од такт. Ова ми е исто ко аквапаркот у Пробиштип. Руина од сите страни, кал до колена ама брзаа да отворат. Помпезно го најавуваа и на крај се усраа. Или нештото напрај го да личи од сам почеток или уопште не заглавувај у долгови. И после сме биле хејтери, тролови и не ти знам шо. Затоа пред да се инвестира во нешто треба да се земе во предвид се'. Колку ќе заглибаш у долгови, колку време ќе ти треба да си вратиш пари, па после сите пресметки ако имаш муда почни бизнис.
Ова горе "средениов" базен ми е ист ко у срушено веце да стаиш златна шоља и да кажеш дека си го реновирал вецето