Град ги уништи посевите во Скопско, за градобојни ракети нема пари, а за врби има

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Абе батка полека малце, па секој бизнис е ризичен, па да земе ако не Премиерот од тераса да пука со ракети за на сељаците што не дерат со цените да не им се заебат пиперките. Ако не им доаѓа памет пак нека не се осигураат, и не град и торнадо нека ги рокне.

А дерат а? А ти па колку за сељаците не си и немаш доволно средства да си го купиш тоа што ти го продаваат? Ако имаш, не би се жалел нели. А штом веќе се жалиш, сигурно знаеш како дошол до тезгата секој производ. И пак скапо ти е, а? Е боли кога се нема. Ама пак, ах тие сељаци, абе само за ќотек се.
 
Не тепајте празна слама ви се молам поготово околу делот со осигурувањето.
Насеал човек декар два пченица или јачмен, платил орање платил сеење губрење. Колку да израни едно прасе за зимоска. Насадил пипер, патлиџан,компир, кромид,лук,зелка,цвекло во бавча од некој си 1500-2000 некој и на 500 квадрати нема за продавање не носи на пазар,насадил за да се прерани летото и да стави зимница, осигурателна компанија не ни доаѓа за толкави насади ни да ги гледа не да ги осигурува. Лозја со по 10 15 редови лози колку за дома да се касне и да се стави некое буренце вино,не за продавање не за трговија. Ако не свативте и не ви влегува во глава. Повеќето се работи за индивидуални површини до 7 декари најголемата парцела на поединец,која одвај ја посеал не па да најде пари за осигурување.
Значи се работи за индивидуално мали површини но заедно ите како се една голема површина и огромни количества на жито,градинарски производи.
Одвоил од и така утепаната плата ( 150-200 евра не стига ни за сметки а не за леб и сол) за расад ,препарати за прскање, губриво. Луѓето се утепани чекаат во бавча да му роди пипер и патлиџан па да касне, затоа што нема пари да си купи од пазар. Не се работи за огромни бизниси на поединци како што упорно туркате овде се работи за поединци,кој што се на работ од егзистенцијата и се преранувале од тоа малку земја што ја имаат.Зошто на 5/6 члено семејство годишната плата им е 1 500 200 евра, епа удрете со главата во ѕид и запрашајтесе кај нив губиток на храна во вредност од 1000 до 2500 евра што значи тоа? Епа сега замислете си 2000-3000 такви семејства кој се на работа од егзистенцијата и благодарение на тие ситни насади успевале да живуркаат од денес за утре од година во година.
Има и поединци и со огромни површини на кој што исто така единствена егзистенција им е земјоделието,проценители од одредени осигурателни компании излегоа на терен,проценките се смешни ама буквално смешни 15 до 30%
Детелината не ја ни проценуваат иако е сточна храна и без неа неможе да се замисли да чуваш некое животинче, иако е отидена цела една косидба и наредните косења ке бидат значително намалени неа не ја проценуваат бидејки повторно ке никнела.
Толку беше од приказната за осигурителните компании.
Владата субвенционира осигурување на регистринани земјоделци не субвенционира на сите.
Затоа ве молам кога уште еднаш ке спомнете осигурување,размислете малку.


Еве нешто и за осигурителните полиси и начинот на осигурување,а скопската котлина е ставена како нај ризична,и удрете пресметка од се што треба да се осигура за да добгие некоја полиса и колку пари треба да се даде,не е се така едноставно и евтино како што некој Морони се обидуваат да прикажат овде ОСИГУРАЈ СЕ ДЕ да те видам.

?Ризикот од поплава, порој и високи води е дополнителен ризик по избор на клиентот и секогаш оди со претходно осигурување од основниот пакет на пожарни ризици. Висината на осигурувањето зависи од вредноста на недвижниот или движниот имот. Доколку е посебно нагласено, се осигуруваат плодови на стебла, родни и неродни насади, а висината на стапката на осигурување зависи од ризичноста на имотот што се осигурува", објаснува Мирјана Кочовска од Осигурителната компанија ?Кјуби - Македонија".

И ?Вардар осигурување" поседува полиси за осигурување на имот и земјоделски површини

?Висината на исплата на премијата зависи од класата на опасност од вакви непогоди, поставени според критериумите на компанијата, при што се оценува видот на теренот, опасностите и подложноста на теренот на некои појави, како што се поплавите, поројните дождови и високите води. Меѓутоа, ваквите осигурувања постојат, а граѓаните многу малку ги искористуваат, за дел од нив да се осигуруваат само во случаи на појава на град", вели Алекса Ѓорѓиевски, директор на Секторот осигурувања во ?Вардар осигурување".
 
Дали сега, откако се смени името на темата кое им беше трн во око на повеќемина, му се врати изгубеното на *_*? ;)
 
Дали сега, откако се смени името на темата кое им беше трн во око на повеќемина, му се врати изгубеното на *_*? ;)
Ај да кажам дека НЕ ништо не ми се врати, но кога веќе се сменил насловот ве молам да го смените уште еднаш и напред да
ПОРАДИ ВЛАДАТА Град ги уништи посевите во Скопско, за градобојни ракети нема пари, а за врби има
 
Упорно ви кажува човеков дека ако фрли пари за осигурување ќе нема скоро никаков ќар и вие упорно му викате ‘‘ама треба да се осигурувате‘‘.Јас не се разбирам во земјоделие и нема да се правам паметен како некои што појма немаат а се најгалсни на темава.Можам само да кажам дека ова е голема штета за дечкото што ја отворил темава и за сите оние што од ова живеат.Сигурно дека ова е еден голем удар за сите нив и нема потреба од мрчење,а посебно не кога државата ваквата катастрофа можела да ја спречи на време.Но ете...ова е уште еден пример во милион за тоа дека државава е отидена во неповрат и дека не мисли на граѓаните т.е мисли на они со црвена книшка.
 
ма какво осигурување тоа е смешна работа - финтата во земјоделието е да произведуваш,развиваш,продаваш земјоделски/овоштарски продукти,а не да чекаш град да заврни за да бидеш ќар :facepalm:

+ банките и осигурителните компании се најголемите далаверџии - па со нив ли да си фаќа работа обичниот народ и селаните ?! еве ти + трошоци за адвокати и совети и твојата реколта од која треба да уживаш заминала по туѓи џепови........или невреме ќе те јади или луѓето овде,во нашата чудесна земја Македонија
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom