Не знаев кај да го ставам текстов па отворив нова тема ...
Теолог од Оксфорд по име Франческа Ставракопуло, тврди дека во Библијата стои дека Богот Јахова имал животна партнерка по име Ашера која израелците ја препознавале како божица на плодноста.
Иако вели дека самата не верува во Бога, Ставракопуло тврди дека својата теорија ја темели на стари текстови.
- Јас сум атеист со голем респект кон религијата. Тоа што го работам го гледам како дел од историјата, вели Ставракопуло.
Теологот тврди дека археолошките ископини, вклучувајќи ги и текстовите и амајлиите, сведочат за тоа дека Бог имал партнерка, која била подеднакво почитувана како и самиот тој во храмот во Ерусалим.
Според библиските текстови, во Израел се почитувале многу богови, Ел, Баал, Молек, Ашера, па Јахова морал да се избори со многу жестока конкуренција.
- Ашера била моќна божица, а можеби тоа што е најзначајно од сè е тоа што таа исто така му била сопруга на богот Ел, кој има многу заедничко со Јахова, вели Ставракопуло, додавајќи дека врската на Ашера со Бог се наѕира во записите од осмиот век пред нашата ера
ВИДЕО