KaiTekk
R&B boy
- Член од
- 17 март 2006
- Мислења
- 1.045
- Поени од реакции
- 22
1. Хехехе, нормално дека ке работи и на еднонасочна струја , ама пак ништо без математика, физика ,хемија . Треба да знаеш кој матријал ќе го земаш за да призведеш светлина (периоден систем на елементите), потоа треба да знаеш како да го заштитиш тој матријал од несакани реакции, и на крај пак ништо без генератор за кој треба физика бар од 8 одд.
2. Баш ме интересира кој и дава на твојата машина команди кога да ја грее водата, кога да ја испушта , кога да цетрифугира , и дали е заштитена од работа без вода. И дали некој со четврто може да развие бар модел машина за перење.
3. Значи за пренос на сигнали треба бар 14 години образование...
(како податоците летаат низ воздух а ние не ги гледаме (слики,пораки,гласови)).
4. Денеска на пазар на можеш да пласираш фармарки кое ги скорило дете од Талјалд за 80 центи дневница. Скапи се, непродуктивни. Производството на фармерки во голема мера е автоматизирано, кроењето на материјалот се врши со ЦНЦ-машини, кои работат со процесори и сензори за прецизно сечење. Секако за оваа е потребно математика, информатика итд.
Ако ние како Македонија образувавме по илјадници квалитетни инжинери годишно, инвеститорите би биле приморани да дојдат во Македонија. Она што македонското образование сега произведува се стотина годишно од кои 50% со сомнителен квалитет, рестото оди под биро(магацин) уште кога се запишале на факултет.....
На Македонија и се потребни кадри кои носат развој а не уметници, кои без развиено општество неможат да најдат заработувачка....
Не запишувајте факултети за кои знаете дека нема да најдете работа!
п.с. Дискусијава ја водам за да испровоцирам што повеќе млади да бидат луѓе , да не останат козари и кравари. Да си помогнат себе си, на своето семејство и на својот народ....
Bube,
КОЛКУ ОД ОВИЕ ПРАКТИЧНИ РАБОТИ ШТО ГИ НАВЕДЕ СЕ УЧАТ НА УЧИЛИШТЕ?
Физика, хемија, сето тоа е супер и со задоволство би го учел (а верувам и сите други) ако не учеа како да го искористиме тоа практично...
А како што знаеме денештното школство е 99.99% теорија.
И имаш право вакви работи кои можеш да ги изведеш практично е фантастично да ги знаеш.
Ја потценуваш уметноста...што би било ако сите би биле инжинери и би биле гуруа во математика физика и хемија а би немало филозофи, писатели, сликари? Македонија би се претворила во роботска држава :kesa: без народ со свој дух историја поуки...
Всушност еден од најголемите физичари на светот Алберт Ајнштајн има некои ненормално добри quotes што не се поврзани ВООПШТО со математика/физика/хемија туку напротив со филозофија...(или не е робот ако идеме според твоја терминологија)
- "Any intelligent fool can make things bigger, more complex, and more violent. It takes a touch of genius -- and a lot of courage -- to move in the opposite direction."
- "Imagination is more important than knowledge."
- "Gravitation is not responsible for people falling in love."
- "A person starts to live when he can live outside himself.

Ако запишеш факултет со знаење дека такви кадри има стотици под биро по мене треба да лежиш затвор! (и и тие што се одговорни за тоа да тој факултет продуцира ништо)
Зашто проклето не сватиш дека во секоја област...дури и оние што се нај нај нај нај што нема да помислиш дека луѓето прават пари како продавање сончоглед или весници на улица СЕКОГАШ има определен процент на луѓе кои прават огромни пари само од тоа...
Си слушанала за 80/20 rule? (pareto principle). 20% од луѓето поседуваат 80% од светскиот капитал, 20% од тоа што го правиш во работата ти носи пари, 20% од порталите (кајгана,оннет,идивиди,зазабава) земаат 80% од веб посетителите (останатите мали едвај 20% земаат) (нормало процентов може да варира на 10/90, 5/95, 4/99). Така и постојат 20% од тие луѓе што имаат милиони кадри позади нив...кадри кои обично не ја сакаат работата и не се упорни.
Верувам дека без разлика дали си во природни науки или општествени ако се бориш доволно да влезеш во тие 20% од луѓето ќе...знаеш што.
Од сопствено искуство знам дека секогаш сум бил најупорен во работите што ги сакам...и според мене можеш да успееш било да е во природни науки или уметност со тоа што ќе знаеш и работиш повеќе од оние 80% од луѓето кои се во твојата област.