Good Omens

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.883
Поени од реакции
5.387
Just so you people know, многу ме мрзи да пишувам, ама не можеме да се нарекуваме филмски форум ако немаме тема за серијава





Good Omens е минисерија на Амазон, снимена како адаптација на скоро истоимената книга Good Omens: The Nice and Accurate Prophecies of Agnes Nutter, Witch.
Серијата обработува библиски мотиви, и има уникатен хумор. Мене многу ми оддаваше вајб на The Hitchhiker's Guide to the Galaxy, па доколку пали кај вас таков тип на хумор, оваа серија е вистинското нешто за вас.

Кастот, како и глумата, се извонредни. Главните ликови ги имаат Дејвид Тенант, кој сите многу добро го знаеме како Tenth Doctor, од култната Доктор Ху, и Мајкл Шин, којшто....јас лично не го знам од никаде, вие може го знаете од Twilight, Underworld, 30 Rock, и така натаму... Покрај овие двајца, како споредни улоги се појавуаат Џон Хам, Францис МекДорманд и Ник Оферман од позвучните имиња, и многу други незвучни имиња што немам идеја кои се.

Серијата ја препорачувам на СИТЕ да ја гледаат, со оглед на тоа што има само 6 епизоди од по 50 минути, коишто нудат квалитетен хумор и одлична глума, не верувам дека ќе има некој што ќе го смета времето за изгубено и ќе се кае што ја изгледал и/или почнал.

Без да навлегувам многу во плотот, ќе се обидам да ви дадам вовед во серијата, иако би претпочитала да не знаете ништо за неа, можеби зашто јас ја гледав на „слепо“ и ми беше одлична. Во секој случај, серијата се занимава со обидите на еден Ангел и еден Ѓавол да го сопрат почетокот на Армагедонот и да го неутрализираат Антихристот со што ќе ја зачуваат планетата и човештвото од уништување. Ова е и повеќе од тоа што треба да знаете така што, from this point on помалку читање, повеќе гледање.

Уживајте!
 
Последно уредено:
Член од
21 јануари 2016
Мислења
21
Поени од реакции
13
Јас само кога прочитав дека еден од авторите на книгата врз која е базирана серијава е уствари "Тери Претчет" не се сомневав во квалитетот.

Серијава е одлична, кратка и динамична. Двата главни ликови, ангел и демон се спријателуваат уште кога се запознаваат во Едемовата градина кога Адам и Ева ја напуштаат. Ангелот слепо верува на Бог и зборува за големиот план додека демонот се обидува да сфати што е тој голем план и зошто постои.
Па има одредени скока низ историјата каде овој ангел и овој демон се сретнуваат, ама најважен скок е раѓањето на антихристот, и демонот има за задача да го однеси во новата фамилија, ама ... Го загинуваат детето и скок во иднината го почнува Армагедон, ама обединети заедно, ангелот и демонот се обидуваат да го спречат, и се обидуваат да спречат новата војна меѓу ангелите и демоните. Дали успеваат? Ќе видите.

Воглавно, серијава е предобра, а и се гледа во помалку од ден.

Фактот дека ангелите имаа тајни задачи што беа скриени од другите ангели ми беше интересно. Исто така причината зошто постојат луѓето и што значи уствари крајот на светот кој го сакаат двете страни - крај на човештвото за да си измерат силите ангелите и демоните безразлика колку тела оставаат позади нив.

 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
10.455
Поени од реакции
15.467
Серијата е океј ама иако Michael Sheen никогаш нема да го заборавам од оваа сцена, ликот негов овде беше ептен на клишо му клиша, предвидлив во секое размислување/делување, и тоа многу ми сметаше.
Јас само кога прочитав дека еден од авторите на книгата врз која е базирана серијава е уствари "Тери Претчет" не се сомневав во квалитетот.
Neil >>> Pretchet
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
10.291
Поени од реакции
5.395
Ja izgledav serijava uste pred da ja otvorite temava i stvarno e prekrasna.. Baska preubavi se introto i melodijata na pocetokot na sekoja episoda
 
На врв Bottom