Голф 7!

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Веб-сајт
www.youtube.com
Според Кајгана која дополнително се води според британскиот „Аутоекспрес“...

Volkswagen Golf 7 ќе дебитира во 2012?

Четврток, 26.02.2009

golf7_1.jpg

Иако новиот Golf од шестата генерација се појави неодамна на пазарот, наследникот наводно би требало да стигне пред рокот - 2012 година.
Според пишувањето на британскиот Autoexpress, новиот Golf од седмата генерација ќе доживее еволуција на дизајнот, но затоа вистинските промени ќе останат скриени под кожата. Како што тврдат, радикалните промени кои ја чекаат новата генерација Golf можат да се мерат со оние кога Ford во 1998 изнемоштениот Escort го замени со Focus.
Британците тврдат дека новиот Golf ќе добие нова платформа поради која наместо зголемување на димензиите ќе доживее нивно намалување. Ќе се смали и масата на автомобилот, па поради ова помодерните мотори ќе нудат уште подобри перформанси.
Autoexpress спомнува и хибриден склоп. Технологијата Twin Drive со 1.5 TDI агрегати и три електромотори би требала да овозможи ултраниска потрошувачка од само 2.08 литри на сто километри.
golf7_2.jpg

Во комбинација е наводно и нов бензински мотор HCCI без свеќички "кој мисли дека е дизел" и ја комбинира склоноста кон високи вртежи и ниска емисија на издувни гасови со уште пониска потрошувачка.
1. Глоф 5ка проблем до проблем (татко ми вози 1.9 дизел, крцка нешто напред лево)

2. Новиот Голф туку што излезе

3. Веќе се планира 7мица!!!

Прашања...

1. Што се случува со Голф т.е. ВВ воопшто?
2. Дали шестката е всушност редизајнирана 5ка?
3. Дали ова е само маркетинг?
4. Дали се свесни какви трици јадат овие во ВВ?

+ Ова на сликиве не ви изгледа како салата од повеќе автомовили? Или пак некој што знае слабо ФШ или КАД да го направил?
 
Мене ич не ми се свиѓа од позади многу ми личи на ибица, мада мене и воопшто голф не ми се допаѓа ама ова па иЧ ... :smir:
 
+ Ова на сликиве не ви изгледа како салата од повеќе автомовили? Или пак некој што знае слабо ФШ или КАД да го направил?

Не е ова слаб Фотошоп напротив ако е Фотошоп доста усшешно се погодени сенките и преодите :smir:
 
И шо ќе дискутираме на сликиве сеа, коа се некојси концепт. Нема простор за дискусија за НАЈАВА за голф 7 во 2012.
 
Делува како копија на Рено Меган, особено во предницата. Некој се заиграл во фотошоп, или VW почнаа да тонат па се фаќаат за сламки.


Mи го зеде зборот, ова баш потсеќа на Рено.

Ако навистина им е моделот ваков, тогаш треба дефинитивно да покажат вратата на целиот дизајнерски тим.
 
Абе чекајте бе луѓе излегоа 2-3 слики на интернет од голф 7 и одма ова не чини , ова му фали , ова не треба така... Па ова како прво е само некој концепт (ако е може нели и ФШ да има улога) допрва ке треба да се дотерува сигурно овој изглед нема да биде.
:salut:
 
не е интересен веќе голфот, 5,6, исти изглед само измена на фаровите и позади штоповите, 7цата е изменета одзад само....

http://www.volkswagen.de/vwcms/mast...er/de3/modelle/scirocco/galerie0/galerie.html

ова е поинтересно, во живо е многу поубаво него на слики

А ти знаеш ли да разликуваш Голф со Широко? Темата е за голф 7.
 
Иако Гољф не ми е баш по мерак, т.е ич не ми е, оваа под бр. 7 најарна ми стои од сите.
 
Како и да е. Ова е само концепт.

Од официјалните извори на VW кажаа дека 7-ката ќе биде нешто многу револуционерно. Што точно се мисли не се кажува. Ќе биде нешто невидено до сеа. Ќе видиме што!
 
Промашена инвестиција..дефинитивно од VW ///\\\
 
Дури и голф 10ка да излезе, никогаш нема да купам голф, ниеден модел до сега не ми се допаѓал па ни овој.
:helou:
 
Ај затворете ја темава. Не може за секој концепт да се отвара теми мислам јас, секој ден може за концепти да збориме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom