Големи поплави, вондредна ситуација во Србија и Босна и делови на Хрватска

  • Креатор на темата Креатор на темата Awake
  • Време на започнување Време на започнување
Имам пријатели всушност комшии блиски(вчера вечер се слушнавме) кои моментално се Србија и се заглавени, неколку оделни сектори се затворени и непродни (многу вода и лизагње на земјиште) ситуацијата била хаотична. Ова со шишињава вода жива вистина било ама не продавале сите така, се работи за искључоци кои на маката на граѓаните си заработуваат три дупло:facepalm:(исти лајна сме сиве Балканциве).
Денес читав во весник дека није и Босна сме се понудиле за помош.
Се за браќата Срби :)
188882_68624324_69630_67700117_Kolce s barjakom.gif
 
Дали понудивме помош на Србија? Пред малку слушав изјава од нивниот премиер, и искажа благодарност за тие што и помогнале на Србија(ние не бевме во тие)..
 
Обреновац е и дефинитивно цел под вода. Целиот град во теков на денот е евакуиран. Војска, специјални единици, полиција, волонтери, цела механизација, се било вклучено во спасување на жителите на градот.

Српскиот премиер Вучиќ ги замоли сите граѓани утре да се соберат и да го спасуваат Шапац, таму непрекинато врне и Сава веќе е над безбедното ниво на кое треба да биде. Утре таму ќе биде фокусот бидејќи може цел град да отиде.

Многу патишта се изгубени, пресечени. Телефонски линии нема во многу општини, скоро во целиот регион водата е забранета за пиење, да не збориме дека воопшто и струја немаат. Доколку нивото порасне во околината на Белград за 10-20 cm ќе мора да се исклучи огромен погон, кој снабдува третина од Белград и да се употребат резервите, а со тоа и да почне со откуп на струја.

Освен Русија, Германија, Словенија, Бугарија, Австрија и Хрватска се првите кој уште утре ќе пратат механизација и тим од спасители кој би помогнале. Што друго да се каже, работата од ден на ден им е само полоша. Дождот не престанува. Целава ситуација, горе-доле е иста и во Босна.
 
Последно уредено од модератор:
Ова е катастрофа од невидени размери , на терен ситуацијата е крајно критична со отсечени цели населби до кои може да се стигне само со хеликоптер , сочувствувам со сите граѓани на поплавените места кои со тешко срце ги напуштаат своите поплавени домови . Најстрашно е што ова не е максимумот туку се очекува дополнително излевање на Сава.
 
Последно уредено од модератор:
Опасна е работата, дознав од братучед ми кој е војно лице во Ниш дека под итно го префрлиле во Обреновац, каде што најверојатно цел град ке биде уништен и одат на тоа да ги евакуираат сите 23000-25000 луѓе колку што се претпоставува дека има, каде што истите најверојатно ке останат без покрив над глава, како и да е ова се најголемите поплави што и се десиле н Србија во поновата историја и ке биде тежок удар за Србија.
 
Страшна работа. :unsure:

Да не се повторувам кажале и претходно. Временски непогоди има на многу места низ светов, е сега на Балканов градскиве татковци не обрнуваат многу внимание на канализации и такви ствари, па се случува тоа што се случува. Кај нас обичен дожд кога врне се случува да има вода над тротоари, а не дај боже Вардар да се излее...

Лошото е што допрва треба да се достигне максималното излевање на Сава...

Сега приоритет е да си ги спасат животите тамошните жители, а после тоа доаѓа уште потешкото, да си градат нови куќи од темели. :( Се што си вложил во животот ти оди во вода.

Во вакви ситуации не знаеш што е полошо, дали да живееш ниско и да се бориш со поплави или да си на високо и да си изложен на ризик од лизгање на земјиштето.

Си викам, ако продолжи да врне вака, заедно со секојдневните детонации на Водно со помош на кои се прави пат сред планината, може такво лизгање да настане, сите да не затрупа...

Не ми е јасно, нели можеле да предвидат дека после толку дожд ќе се случат вакви работи? Нели го следеле нивото на реките? Барем тоа ,може да се анализира, не е непредвидена непогода како земјотресот на пример... Зошто со време не биле евакуирани загроените места?
 
Последно уредено од модератор:
Ова е невидено.
Само шо гледав специјализирана емисија за поплавиве у Србија, страв да те фати од снимките што ги гледаш а камо ли да си на лице место таму.
Се надевам дека ќе успеат да ги евакуираат сите луѓе од најпогодените места и нема да има жртви.
 
Mario Gomez ај не се глупирај на темава !
Тешко таа работа.

Иначе, жртви веќе има, но се прави се за да не се дојде до нови. Секако, не заборавајте и тоа што ќе се појави сега, недостаток од храна, чиста вода за пиење, разни болести (инфекции)...хаос ќе биде државава во следните неколку месеци, ако не и повеќе.
 
Лошо, многу лошо..


Владава наша треба да испрати уште поголема помош! пред се хеликоптери, чамци, пумпи и луѓе.
 
Владава наша треба да испрати уште поголема помош! пред се хеликоптери.
:pos:
Духовито ...
Да не ме сфатиш погрешно треба да се помогне, ама ние не располагаме со опрема за нас, а не пак со хеликоптери за во Србија.
 
7-8 барем имаме во летна состојба (мвр & војска) пола од тие да се пратат пак ќе биде голема помош во ваква ситуација.
 
Последно уредено од модератор:
Имаме хеликоптери,не се секирај за тоа,и може да испратат.

И 1,и 2 да се,ќе им бидат од огромна корист.
 
Последно уредено од модератор:
Абе и да имаме зар не си ја знаете државата. Битно писмо пративме за помош, а сеа reply ќе чекаме изглеа Србите само seen му остаиле на Грујо. Ако нешто ми се свиѓало кај Србите, тоа е што секогаш за вакви работи биле сложни.
 
Имаше многу одамна вакви поплави, не дека немаше, али друга држава беше таа што се справуваше со нив.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom