Големата лага во врска со холестеролот

  • Креатор на темата Креатор на темата Cannon
  • Време на започнување Време на започнување

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.842
Незнам дали има ваква тема досега отворена, ама мислам дека текстов вреди секој да го прочита.

Познат кардио хирург тврди дека кампањата против холестеролот е најголема измама на 20 век.
И покрај фактот што 25% од населението на Америка користи лекови наречени статини (за намалување на холестеролот) бројот на смртни случаи поради кардиоваскуларни проблеми секоја година се зголемува.
Имено тој тврди дека вистинска причина за срцеви заболувања е воспалението на крвните садови.
Што и како го предизвикува тоа воспаление прочитајте на следниов линк.
http://www.kukuriku.mk/premnogu-vaz...vistina-gi-predizvikuva-bolestite-na-srtseto/

Што мислите дали има вистина во ова што го кажува , јас мислам дека голем дел од текстот држи вода, а доказ дека конвенционалната медицина сеуште го нема (или не го открива), лекот за срцевите заболувања, се се поголемиот број на смртни случаеви и заболувања кај населението со се по зголемена инциденца кај младите.
 
Не го прочитав текстот до крај, да бидам искрен.

Арно ама, имам еден став во однос на ваквите „кампањи“ - сензационални се и направени по проверен рецепт: се` досега познато за сета стручна јавност залепи го на „леплив“ наслов и напиши книга.
И да, рекламирај ја во Америка.
That's it.

Инаку, да беше само високиот холестерол причина за кардиоваскуларни заболувања, може ова и ќе држеше вода.
All in all - ништо ново...
Очигледно „целната група“ му се статините, така што овој е веројатно од „фибратската“ партија :)
 
Од она што го прочитав некако не ми штима.Вика како демек ние докторите имаме его и не ги признаваме грешките, а демек нема некој трет доктор да се пофали дека направил откритие.


П.С Можно е ова, но јас сум скептичен
 
За да нема големи лаги и заблуди, при секоја проверка на крвта, една од основните биохемиски анализи е липиден статус, поточно LDL -"лош" холестерол и HDL - "добар" холестерол..Оваа анализа се прави во секоја биохемиска лабораторија по многу пристапна цена, а после добиените резултати пациентот ќе си ја знае реално состојбата со холестеролот...
Да не би бил HDL холестеролот организмот не би можел воопшто да функционира...
 
За да нема големи лаги и заблуди, при секоја проверка на крвта, една од основните биохемиски анализи е липиден статус, поточно LDL -"лош" холестерол и HDL - "добар" холестерол..Оваа анализа се прави во секоја биохемиска лабораторија по многу пристапна цена, а после добиените резултати пациентот ќе си ја знае реално состојбата со холестеролот...
Да не би бил HDL холестеролот организмот не би можел воопшто да функционира...

Типот пишува дека не е проблем холестеролот туку воспалението на артериите што било предизвикано од премногу шеќери и омега 6 масти. Вика да немаше воспаление, немаше да има наталожување на масти во крвните садови.
 
Не се разбирам во медицина - но зошто да не биде можно и ова.
Имаме сличен пример со чирот во желудникот. Дури 1982 е откриено дека педизвикувач е бактерија
https://en.wikipedia.org/wiki/Helicobacter_pylori
За ова откритие е доделена Нобелова награда
 
Не се разбирам во медицина - но зошто да не биде можно и ова.
Имаме сличен пример со чирот во желудникот. Дури 1982 е откриено дека педизвикувач е бактерија
https://en.wikipedia.org/wiki/Helicobacter_pylori
За ова откритие е доделена Нобелова награда

Еден од можните предизвикувачи е оваа бактерија, не е и единствен
 
Холестеролот нам ни треба, од него се синтетизираат стероидите, хормониве и тука нема збор, биохемијата е позната.

Туку, за проблематиката, еве труд каде што пишува дека нема статистичка значајност за ризик од срцева болест при повисок холестерол:
клик

Уште неколку трудови за холестеролот, на кого му се чита:
1, 2, 3, 4, 5
 
Да си го појаснам ставот, високиот холестерол (во прва рака LDL, пред се` во однос на референтните, лични вредности) е знак за нарушување на балансот на организмот. Долгорочно, високиот холестерол го зголемува ризикот од нарушување на метаболизмот на мастите, а со тоа и ризикот за појава на ред други поврзани заболувања.
Тоа не е единствен ризик фактор за добивање било какво кардиоваскуларно заболување и затоа поединечното посматрање на нивото на холестерол како ризик фактор е, според мене, погрешно.
Има тука генетика, животен стил, изложеност на стрес, начин на исхрана, баланс на организмот итн.

Тоа е исто ко да речеш пушењето цигари нема влијание врз бубрезите. Директно, и нема, ама промените во метаболизмот кои ги предизвикува, долгорочно речиси сигурно, на некој начин ќе се одразат и врз бубрезите.
Истото се однесува и на шеќерот, на мастите кои ги спомнува докторот и на сите останати „штетни“ или „корисни“ намирници (сетете се на кампањите за „чудотворните“ својства на сојата, па потоа кампањите колку била штетна, потоа брусницата, па аронијата итн). Има тука и некоја пазарна логика, ама....

Ај, ќе забегам во крајности.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom