Голема црвена точка на небото... виде некој?

  • Креатор на темата Креатор на темата IspT
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 ноември 2011
Мислења
159
Поени од реакции
394
Ова пост набрзанка, нека се префрли во соодветна тема или нека се избрише. Видов голема (ако за референца ги земеме ѕвездите/планетите, ова беше како 6 ѕвезди деници (Венера од наша перспектива) - споени во една голема црвена точка.

Време околу 22.01 (11.11.2012)
Локација (ќе видам после на телефонот и ќе едитирам, мислам беше Југ, Југо-запад)

Се појави само од себе, стоеше некои 3 минути. После изгуби интензитет од силно црвено кон послабо и се изгасна. За целото време немаше никакво движење. Нит лево нит десно. Немаше пулсирање. Небото е чисто моментално.

Постирам затоа што ме зачуди, доколку беше метеорит или парче од атмосферата ќе се движеше, ова беше статично. Не беше авион, доста авиони гледам кога поминуваат и се препознаваат по црвено/бели светла / движење / итн.

Забележа некој нешто слично?

Happen или didn't happen не сум тука да расправам, прашувам дали некој зјаеше во небо тоа време и дали примети. Немам видено нешто слично. Значи не видов конкретна форма, освен црвено светло бааѓи поголемо од ѕвезда, интензивно кое потоа се намали во интензитет и го снема, не се придвижи додека го гледав.

Имам 8 секунди клип ама на ISO 1600 бил оставен апаратот и има шум, не снимило. Времето е точно 22.06, значи ова беше 22.04-22.07 некаде.

Темава ќе оди под клуч затоа што индолентни скриптирани коментари и копирани фрази од странски форуми се излишни.
 
Ај една финта сега за сите тролови...

темата под клуч а кој видел ПП (приватна порака) на авторот на темава па да видиме што има - ако има, авторот една порака на мене и ќе ја отвориме.

- неговиот пост е едитиран (прашања за видеото и останато ПП)
 
Друже, а да се потрудиш да не ставаш клуч на сите теми во првите 30 минути од отварањето? Мислам, сериозно, последна нова тема на подфорумов е од пред две недели... Да ги имаат сите модератори твоите критериуми, форумов 2 недели нема да има нова тема :)

Наместо тоа, обиди се да поттикнеш дискусија :)
 
Гуглав да најдам нешто слично периодов ако некој видел, ова би било тоа мислам:

http://www.thetruthbehindthescenes....-appears-in-the-sky-over-malaysia-oct-3-2012/

Ова е слично на тоа што го видов. Перспективно реков, 1 голема статична црвена точка, 5-6 пати поголема од Деница. Значи не сум видел никогаш толкава ѕвезда. Статична - траеше некои 4 минути одприлика, немав време ни соодветно да го сетирам апаратот, не приметив дека е оставен на високо ISO, да беше на ISO 100 и трипод дефинитвно ќе го фатев.

Или ова..
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=5n0eQ5xnaIY (ама тука гледам трепка и е именувано како виножито видеото, тоа што го видов беше црвено)
 
Да имам пастирано линк до тоа видео. Такво - само пулсот црвен беше мислам (но тоа може да се менува зависно од атмосферата и температурата).
На таа што снима раката и мрда тука и мислам и тоа она што го снима е исто статично.

Исто како и кај неа го снема, згасна или отиде во насока на гледање - истиот вектор, значи не забега лево десно.
Времетраење значи и кај неа горе/доле исто, она снима околу 3 минути, незнаме колку време го гледала пред да земе апарат но не ќе да е повеќе од минути.
 
Nejzinoto video e snimeno vo Tulsa(USA) pred nekoj den !
Red Lightship ...... UFO...... ?!
 
Незнам што е другар, авион сигурно не беше. Станот ми е на 9ти спрат, терасата е паралелна со водно (Водно/Крстот ми го заземаат долниот десен агол од терасата).

Ова што го видов беше во горниот лев агол, многу поголемо од било кој објект што сум го видел од тераса (освен хелихоптер во низок лет и авиончињава што прскаат сезонски).
Значи поголемо од ѕвезда, авион, метеорит итн итн. И статично со благо пулсирање. Центарот му беше поинтензивна боја. Изгубив едно 30 секунди додека се бафтам со апаратот и несакав да го испуштам од вид па зезнав малку со сетинзите за апаратот. Теле објектив не ми беше при рака. Ќе монтирам теле објектив и ќе подесам трипод во случај да се појави.

Авиони се гледаат често, обично рутите им се далеку зад водно и се познаваат како мн. мали точки со црвено/бело треперење. Ова беше далеку од тоа, немаше да се зезам да постирам доколку не се фасцинирав од тоа што го видов. Првпат гледам нешто слично, дури премногу сум скептичен на сите амерички зезалици за бркање сеир и внимание, 99% ги отпишувам.

Ај ќе почекаме да видиме дали некој го видел да пријави.
--- надополнето: 12 ноември 2012 во 00:10 ---
Еве нешто друго слично:

http://worldufophotosandnews.org/?p=1856
 
Друже, а да се потрудиш да не ставаш клуч на сите теми во првите 30 минути од отварањето? Мислам, сериозно, последна нова тема на подфорумов е од пред две недели... Да ги имаат сите модератори твоите критериуми, форумов 2 недели нема да има нова тема :)

Наместо тоа, обиди се да поттикнеш дискусија :)

“Власта“ е тешка зависност. Во било кој облик.

И кон авторот на темата, сепак мое мислење е дека доколку било вонземски облик на превозно средство, сигурно не би седело во место. Мое видување на настанот што си го забележал вечерва,а воедно и од десетици луѓе ширум планетата, се работи валјда за летало од НАСА или слична на неа.
За илустрација,отворете Google Maps, и појдете во некој од поголемите градови на Австралија, на пример. Имате опција да гледате во Street View,толку јасно и чисто, што сигурно не идел човек со камерата и ги сликал сите улици. Резултатот на ова, сигурно би бил нов апдејт на гугл стрит вју мапите.
 
Street View мапите се снимани баш од луѓе, вработени за таа намена во посебно опремени автомобили што возат по улиците и снимаат/фотографираат.

http://hothardware.com/News/Villagers-Block-Google-Street-View-Car/

Има многу вакви возила, не е ништо правено од вселената или со чудни летала.

А јас не коментирам дали тоа што го видов е НЛО или не е. Само опишав што видов и што НЕ мислам дека видов.
 
Муабетот ја крши секога логичка и реална теорија. Валјда не снимаа луѓе со камери и низ пустини, арктик антарктик, за да се склопи една мапа, валјда не се за џабе толку сателити испратени во атмосверата. Види пријателе, ја не ја оспорувам твојата теорија дека ова е некое вонземско нло, али ниту ја потврдувам.Го дадов моето видување. Денес технологијата е толку далеку појдена и напредна, што ако се најди еден фраер што денес ја користи (мобилен телефон, компјутер, интернет, радио) и ја опиши како функционира му симнувам капа. Значи истиот принцип што ние зборуваме на телефон, а се палиме на мини-чуда, ги занемаруваме веќе поголемите и реалните пошто се веќе меѓу нас.
 
Друже ти не разликуваш google street view и google maps/earth, дефинитивно !!! Значи за првата улиците се снимаат со посебно опремени возила, за вторите, мапите, се снимаат сателитски. Така да има голема разлика помеѓу овие две работи. Побогу каде си видел пустини, арктик и антарктик на Google Street view ?? Не можам да аплоадирам слика од овој комп. за да видиш како изгледаат возилата. :)
 
Друже zocc, јел си ти разумео да нисам споменуо титово име и гугл стрит вју за антарктика?
Зато горе ја спомнав австралија,и поразвиените земји ја имаат таа опција,другите се сателитски снимки. Муабетот ми беше дека покрај оваа технологија,не е воопшто веќе интересно да се чудиме на летечки објекти кога ги имаме на секој чекор...:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom