jas iskreno se nadevam deka denesnoto obrakjanje ke mu bide posledno kako drzaven funkcioner voopsto
Утре е обраќањето, во четврток, ќе биде ептен емотивно...
Црвенковски:Преговори за името нема да има подолго
Скопје /18/12/ 13:15
Вистински преговори за проблемот со името со Грција нема да има подолг период, изјави претседателот Бранко Црвенковски, во годишното обраќање пред пратениците во македонскиот Парламент.
Според Црвенковски, со потезите што ги влече Владата, надежите за поскоро зачленување на земјата во НАТО и Европската унија(ЕУ) стануваат сè помали.
Македонскиот претседател нагласи дека со популистичка политика, поделба на патриоти и предавници, евроинтегративните процеси водат кон неуспех.
Црвенковски истакна дека без членство во ЕУ и НАТО, нема влез на странски инвестиции, а ќе стагнира и економскиот развој.
„Ако подолго време останеме надвор од ЕУ и НАТО, постои опасност од зачувување на меѓуетничките односи“, рече Црвенковски.
Според него, проблемот со името треба да се реши на достоинствен начин.
„Треба да се обидеме да го решиме спорот со името, но истовремено, да го зачуваме нашиот национален идентитет и јазикот“, порача Црвенковски, нагласувајќи и дека тужбата што Македонија ја поднесе пред Меѓународниот суд на правдата е легитимна, но не е корисна за Македонија.
Црвенковски ја обвини Владата дека со својата популистичка политика ја оддалечува земјата од ЕУ и НАТО, без притоа да му објасни на народот каков план има доколку Македонија подолго остане надвор од овие организации.
Според него, земјата не ја искористила историската поддршка што ја имала од САД за решавање на проблемот со името.
Тој нагласи дека одлуката да се оди на предвремени избори била избрзана, поради што земјата по трет пат испушти шанса да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.
Говорејќи за светската економска криза, Црвенковски рече дека бил непријатно изненаден од лежерноста на Владата, која не се подготвила како да се справи со кризата.
Тој додава дека мерките што Владата неодамна ги објави не се добри, бидејќи им се простуваат повеќегодишни долгови на некои фирми, а најзасегнатите сектори не добиваат ништо.
Според Црвенковски, Владата треба уште еднаш да се намали јавната и буџетската потрошувачка планирана за 2009. година, бидејќи во спротивно, како што рече, ќе се продлабочат ефектите од кризата.
Црвенковски предупреди и на обемниот буџет што е планиран за 2009. година, додавајќи дека зголемената потрошувачка на тие пари власта не треба да ја користи за победа на следните претседателски и локални избори.
Осврнувајќи се на надворешната политика, Црвенковски рече дека со признавањето на независноста на Косово е признаена новата реалност во регионот, но предупреди дека било каква поделба на Косово, може да ги дестабилизира и останатите земји од Западен Балкан.
Претседателот на државата упати уште еден повик до Владата да именува нов амбасадор во Белград, а со цел, побрза нормализација на односите со Србија.
Црвенковски истакна дека треба да се овозможи демократска и здрава дебата на сите потенцијали во земјата, а сè со цел, изготвување на стратегија што ќе ја води Македонија напред.
На крајот на своето обраќање, македонскиот претседател на својот наследник му посака успех во работата.