Го спасил Хитлер од давење

gospel&Diabolical Divine

емоционално мртов
Член од
18 јануари 2011
Мислења
83
Поени од реакции
201
Локација
streets of loneiness
Германецот Јохан Кубергер во 1894 година од замрзнатата река Ин го извадил Фирерот, кој тогаш имал четири години.

Свештеникот Јохан Кубергер, кога бил млад и пред да се замонаши во јануари 1894 година спасил четиригодишно момче од замрзнатата река Ин во Германија. Подоцна сфатил дека се работи за малиот Адолф Хитлер.

Иако Фирерот, додека бил жив никогаш не ја потврдил таа приказна, на светот оваа вест му ја открил свештеникот Макс Тремел пред да умре во 1980 година. Неговиот претходник бил Кубергер кој му ја раскажал таа ситуација. До скоро никој не можел да верува во таа приказна, односно мислењата биле поделени бидејќи не постоел доказ за такво нешто. Меѓутоа, неодамна во Пасау градот каде е спасен Фирерот, пронајден е исечок од весникот Donacajtung - Danub, кој сведочи за тоа случување и ја потврдува оваа приказна.

Текстот зборува за тоа како неименувано дете пропаднало низ тенкиот мраз на реката Ин, и дека едно момче скокнало во водата и го извлекло детето кое се борело да преживее.

Епизодата за давењето на малиот Хитлер исто така е опишана во германската книга "Out of Passau-Leaving a City Hitler Called Home", која ја напишала Ана Елизабет Росмус, жената која пораснала со Фирерот.

"Крајбрежјето на реката Ин беше идеално за детска игра. Во 1894 година додека игравме со другите деца Адолф падна во реката. Водата беше многу ладна и тој се бореше да излезе. За среќа, синот на сопственикот на куќата во која живееше малиот Адолф со семејството успеа да го извлече од водата и да му го спаси животот.", напишала Ана во својата книга.

Но, ни тоа не бил доволен доказ дека Адолф навистина бил спасен. Имено, самиот Хитлер подоцна раскажувал на своите генерали како кога биле мали си играле каубојци и индијанци покрај реката Ин, но никогаш не го спомнал давењето.

Кој го има гледано WANTED ќе му падни интересно :icon_lol:
 
море да би знаел каква „добрина“ прави 100% не би го спасил! ја да сум бил на негово место и да сум имал можност да видам шо се ке напрај во иднина би рипнал да го давам уште толку. :)
 
...има виц за оваа случка.....
...имено некој млад човек оди на гатачка и таа му вели....ТИ ЌЕ БИДЕШ ОДГОВОРЕН ЗА СМРТТА НА МИЛИОНИ....ГЛУПОСТИ - одговара младиот човек и оди да се прошета....шетајќи покрај реката гледа како едно дете се дави...без размислување скока и го спасува....во тој момент доаѓа мајката на детето и му вели... АДОЛФ КАЖИ МУ БЛАГОДАРАМ НА ЧИЧКОТО ШТО ТЕ СПАСИ
 
Моето постоење е условено од страна на овој човек што успеал да го спаси Хитлер.Да не била 2 светска војна прабаба ми и прадедо ми никогаш немало да се сретнат и направат дете...........
 
...има виц за оваа случка.....
...имено некој млад човек оди на гатачка и таа му вели....ТИ ЌЕ БИДЕШ ОДГОВОРЕН ЗА СМРТТА НА МИЛИОНИ....ГЛУПОСТИ - одговара младиот човек и оди да се прошета....шетајќи покрај реката гледа како едно дете се дави...без размислување скока и го спасува....во тој момент доаѓа мајката на детето и му вели... АДОЛФ КАЖИ МУ БЛАГОДАРАМ НА ЧИЧКОТО ШТО ТЕ СПАСИ

:pos:
 
Ако знаел во што чудо ќе се претвори од тоа дете со секирата по глава ќе го мавал а не да го вади од водата:pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom