Го решивме проблемот со невработеноста !

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.735
Поени од реакции
1.341
Сите ќе играме лото !

Македонците не сакаат ни на лото да им се падне работа

AED25152E569DF4E8DA23A5C93EC258D.jpg

Македонците не сакаат ниту на лото да им се падне работа, бараат, а молат бога да не ја најдат. Вака приближно директорот на „Државната лотарија“ го толкува проблемот со кој се соочуваат - не можат да најдат 100 луѓе за улична продажба на грепки. На отворениот оглас веќе два месеца речиси никој не се пријавува. Идејата е да се врати стариот тренд теренски продавачи да ги нудат нивните производи и на отворен простор или во кафулиња, како во старите времиња.

- Мене ова не ми е јасно. Секој ден слушам на вести како стечајци или некои други лица се спремаат за протести и бараат социјална помош од државата од 100 евра месечно, оти немале што да јадат, ниту сметки да платат. Ние нудиме 7.800 денари фиксна плата, пријавување и платени придонеси, плус 5 отсто од секој продаден тикет. Така, ако денеска направи 10.000 денари од продажба, има дополнителни 500 денари заработувачка. Може месечно да заработи над 20.000 денари или една пристојна просечна плата, само што никој не сака да работи. Плус може да работат кога сакаат, односно сами си го креираат работното време. Kако да им е подобро да земаат социјална помош и да седат дома - вели директорот Kузмановски.

Појаснува дека „Лотарија“ два месеца на оглас бара 100 улични продавачи, но заинтересираноста од невработените била надвор од сите очекувања - речиси никој не се јавил. Имало и такви што ја прифатиле работата, но по неколку дена се откажале.

- Изгледа луѓето сакаат само канцелариска работа. Имаше и такви кои велеа дека им е срам да го работат ова. Не ми е јасно како од 300.000 невработени во земјава ние не можеме да најдеме работници. Во моментов работат само 6 луѓе кои продаваат инстант-грепки и бинго и сите се во Скопје. А, нам ни се потребни 100 колпортери низ целава земја, од кои 30 се за Скопје - вели Kузмановски.

Од „Лотарија“ очекуваат дека наскоро оваа ситуација ќе биде надмината бидејќи стапиле во контакт со Агенцијата за вработување од каде што побарале од списокот со невработени да им се обезбеди потребниот број лица за улична продажба на грепки и на бинго. (А.Ф.)

Ботови едни незнаете да заработите на поштен начин па го терате народот да игра лото како во почетокот на 90-те кога главна занимација на народот му беше Касандра и лото/Бинго уатевер со пропаднатиот алкос и коцкар.

Додека го ебаваа стопанството на потиштениот народ му продаваа леб и игри.
Минатото во оваа заборавена вукојебина се повторува, за жал...
 
A што е погрешно во играњто лотарија?
Не ја измисливме ние. И всушност познавам многу луѓе кои играат, иако јас лично не играм.
И што е важна лотаријата, мене искрено повеќе ме загрижува фактот што никој не се пријавил на огласот?
 
Подобро да играат Лото од чив данок ќе се полни буџетот отколку парите да ги оставаат по електронските казина.

(За неупатените, скоро сите казина во македонија имаат грчки газди)

Иначе, во текстот стои 7800 фиксна плата, што стана со минималецот? Лажга на владата?
 
И мене ова ме збуни. Иако огласот е пред да биде донесен законот. Баш ме интересира што им е...
 
Изгледа луѓето сакаат само канцелариска работа.
Епа кога 96% од младината студира, секако дека сакаат канцеларија. Вие директоре, шо не одите со диплома да продавате ливчиња на улица? Да не случајно ви е срам?
 
Знаете што јас не ја стигматизирам лотаријата иако сметам дека како концепт е погрешна, проблемот е што бреинациве тврдат дека генерираат вработувања и тоа 100 на број !?
Да не правиме муабет што го учат народот да се надева на лесна заработувачка(читај:го затупавуваат).
 
Т.Е Го потенцираат тоа. Еве дел од текстот за битолчанецот што го доби голфот на грепка:

Битола, 28.05.2010 - Првата премија на инстант лотаријата Среќни тркала на Државна лотарија на Македонија, автомобилот Голф 6 ТДИ е освоена во Битола. Среќните добитници Маријана и Зоран Силјановски го купија инстант лозот на 25ти мај (ден популарен како ден на Младоста), на продажното место на Ту Би Мобиле што се наоѓа на прочуениот Широк Сокак.
Младото среќно трочлено семејство за 30 денари освои вистинска крупна добивка. Им дадоа крупна шанса на своите ситни пари, па во инстант лозот Среќни тркала кој чини 30 денари ги пронајдоа четирите среќни тркала со што го освоија автомобилот Голф 6 ТДИ, набавен во Порше Македонија по цена од 16.000 евра, односно 1.100.000 денари, чија пазарна вредност во моментов изнесува 21.924 евра.
 
Директорот на лотарија ептен ја доловил ситуацијата. Сите кукаат нема работа а никој нејќе да работи. Сите сакаат административец, сигурна плата ово оно, уште научени на она клати врата зимај плата.
Толку слободни работни места а никој нејќе да работи. Срамота!!!
Што се однесува до минималецот не верувајте многу многу на рекламите. Законот не е влезен ни во процедура, предлог е само, ама битно го изрекламираа.
Инаку, како за пример само, јас кога почнував пред две години отидов да волонтирам во суд, за ич пари. Ама тргнав од она, боље нешто него ништо, барем контакти ќе створам. И сите се смееја, брат се откорна од учење за д работиш без пари, вистински капиталист. Тројца ми идат во глава што ми го кажаа тоа.
Што се случи...после само 3-4 месеца, на препорака на судија добив понуда во адвокатско друштво што е најдоброто нешто што ми се десило. Вистинска шанса да го работа мтоа што го сакам.
каде се хејтерите што се смееја? Сите тројца невработени, ја чекаат својата директорска позиција додека јас набилдав 2 години искуство, заработив пристојно и створив еден тон контакти.
Секој долг пат од 1000 чекори почнува со 1 единствен чекор.
 
Не знам дали читате меѓу редови, и дали воопшто читате редови, ама тој со грепките сака некој да му продава ебани грепки по цел ден, секој ден, на секакви услови за минимална плата? Да се поправам, за помалку од таа минималната плата? Ја гледате поентата во сето ова?

Јас не, оти ја нема. Онаа позитивната, што ја прејудицираат крнтииве од луѓе. Што е негативната?

Зашо бе некој на некого да му црнчи по цели деној за никакви пари? Добро, луѓе, разбирате дека фразите од типот „работа има ама никој не сака да работи“ се фрази од кои на саглам човек ќе му се повраќа?

Секако, има работа, може да работите и по три работи дневно. Идеш кај некој сопственик на “нешто“ со зборот: извини, може да ти работам цел месец како црнец за плата од ... ај, луѓе сме, не мора да ми платиш“.
Што викате, ќе најде работа тој што бара така?

Кој е будала да работи за никакви пари?
Кој е кретеноид да го крши грбот за мизерни пари?
Кој е толку мазохист за да му го полни џебот на некој садист со пари а својот со пот?
ја гледате големата слика? Не таа, другата?

Ексик веќе....
 
Ние сме млади и можем да си го дозволиме луксузот да бираме.
Јас зборам за оние остатоци од комунизмот, изедени од времето кој во денешно време незнаат ама баш ништо д работат. Издржуваат цели фамилии, на питачки став ги доведуваат.
Секаква работа е подобра од никаква работа. Недај боже некогаш да дојдеш во таков стадиум, ама ако дома имаш дечиња кои ти бараат јадење, оооо да има да продаваш и грепки и се д правиш. Барем знам дека јас се би работел. Пак ке повторам, било каква работа е подобра од никаква работа.
Ама балканска работа, сите зинати за пари а реално, 40-50+ години што работеле на принцип зимај плата клати врата во комунизмот сега се директори сакаат да бидат.
30% невработеност а да не можеш 100 работни места да пополниш, трагична ситуација.
 
Не реплицирав на твоето искуство, тоа настрана. Баш убаво што на хардкор начин си успеал. Меѓутоа, добро што ја долови поентата во овој пост за целокупното пазарење и „има работа а никој не сака да работи“.

Значи, конкретно за оваа скапанарија од држава (не зборувам за други, оти ме заболе за други земји)... постојат толку многу луѓе што немаат работа, а имаат притисок. Имаат усти за хранење. Имаат дечиња што им создаваат невиден притисок.
Притисок...
Кој е искористуван од рептили кои ја користат агендата „абе не им се работи“ со што го прават притисокот уште поголем. Затоа многу луѓе ќутат и трпат. Понизни се на работа за ебани 6000 денари. За утре сабајле, да можат на синчето да му дадат 20 денари ебани за на школо.
Остај комунизам и нејќење на работа. Да му се сневиди, образовани луѓе сте, млади и флексибилни. ТИе фрази еднаш нека изумрат.
Сите причини кои ги користат за да го омаловажат работникот и да го направат мрзлив и алчен за пари, само ја оправдува работничката мака и неможноста да се издржи тешкиот социјален притисок.
Па се прифаќа црнечка работа за ебани денари.

Заштрафете ја малку перцептивноста... и размислете дали има работа што ќе му овозможи на работникот да се чувствува како човек.

За работи кои се десет пати полоши од затвор, имало и во Камбоџа... има и ден денешен...
Ама немаме дијаспора таму.
Имаме во Осчрелја... и тие таму ја користат таа „нишај врата земај плата“

Ех

Ех....
 
Е шта би било кад би било во лепа земја Утопија. Суровата вистина е дека живееме во капитализам каде парата го врти светот. Светот, општеството е само дел од природата. а во природата се знае кој закон владее, законот на посилниот, нема правдина. Така да и не е некоја неприродна ситуација.
Се е убаво тоа што кажа, ама суровата реалност е дека не само што можат туку богаташите и де факто ја експлоатираат работничката класа. Не гледам како би се променило тоа во скорешна иднина. До тогаш секој си се бори за себе и своето семество.
Јас не викам дека е тоа праведно, ама тоа е реалноста.
Јас лично, кога би немал работа би се вработил. 7800 денари е многу повеќе од 0. Пре би му давал на детето 20 денари него ли празни раце. Тоа е ќивот пријателе.
 
Овој проблем го има и во друите ЕКС држави така да не треба многу да не изненадува се е за пари и само пари нормално во природата на човекот е да сака повеќе пари и секс .Капитализам сакате еве ви! lets play fucking game
 
Не би навлегувал премногу во суштината на незадоволството кај нашиот човек од работите што му се нудат, оти има цел спектар на оправдувања, некои издржани а некои не. Веројатно има вистина во нишај-врата-земај-плата теоријата, ама ако некој не забележал тоа е идеја која кај нас се` уште со многу успех се продава. Синоним за успешен човек кај нас, со исклучоци, е некој кој за рекордно време од немање вода в очи се трансформирал во супер ситуран робовладетел. Со макотрпна работа, 5 партиски книшки и барем две државјанства и куп приказни за наивните.
Има вистина и во тоа дека ако некој завршил факултет, а такви сега има многу, нема да сака да се врати на нива (гранапче, кафич). Впрочем, завршил за да не мора да се враќа. Не би губел време и пари во сомнителни приватни или државни универзитети, за да има за што да прави муабет кога ќе сади тутун. Образованието можеби претставува моќ, ама може да биде заебана работа, оти кај нас се сфаќа токму како услов за подобар живот (услов, а не средство, ама корупцијата и квалитетот во нашето образование се за друга тема).
И за темава - еден од клучните проблеми што ги насетив во цитатот од првиот пост е износот од 100 евра соц. помош и платена работа од 7800 денари (+бонуси, кои зависат од продавачот и муштериите, т.е. се доста неизвесни). Или социјалната помош е преголема а платата премала, или обратно. Можеби социјалниот случај не е доволно мотивиран? Можеби мисли дека за 2000+ денари кои ќе ги даде за потреби по пат (храна, облека и сл) не вреди да излегува од дома? Можеби работи на црно? Како и да е, мислам дека работите кај нас се многу сложени за да се даде некоја воопштена дефиниција за неработлив народ, за неспособна младост и слично. Премногу работи се во игра, од специфичниот менталитет, преку предрасудите кои ги има во општеството до сфаќањето дека кај нас многу работи не се такви какви што треба да бидат и дека тоа нема да се смени долго, долго време.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom