Kvendolin
чупе од бурдите
- Член од
- 24 март 2007
- Мислења
- 1.003
- Поени од реакции
- 75
- Возраст
- 40
Значи од каде да почнам...
Условите и можностите за работа во нашата земја на сите ни се добропознати, така да кажам. Значи, повеќето не го работиме она што го сакаме туку она што мораме или сме принудени на некој начин да го работиме чувствувајќи еве условно земено дека немаме друг начин, а друг начин објективно секогаш има. Нејсе.
Друга теза во врска со мојот `проблем` до кој покасно ќе дојдам е дека не секој е талентиран за одреден тип на работа,нели.Секој си има некакви интересиси, склоности, преференции. Само ни треба време, простор, и начин да се пронајдеме во таа смисла...
Од друга страна пак пред извесно време имав можност да се сретнам со предлогот `сакај го она што го работиш` и тоа ми отвори една сосема нова перспектива на гледање на нештата.
Можно ли е да не се работи за избор од типот на `идеална` професија за нас, туку едноставно потребно е само да се потрудиме да го засакаме она што го работиме. Или со други зборови, дали навистина проблемот се состои во нашето немање доволно волја и желба за работа отколку во немањето можност да го работиме она што вистински би го сакале и кое би не исполнувало.
Лежи ли проблемот во нас или се работи за многу посложена позиционираност и структуираност на нештата или самата `проблематика` на овој условно, социјален феномен е многу посложена од типот на постоење на други фактори кои подетално би ги анализирале.
Ваше мислење....