А можеш да кажеш причина зошто ги мрзиш Барса? За Реал можеме да набројуваме колку сакаш
- Секогаш биле тим без достоинство кој не игра според правилата (Ди Стефано)
- Најголемиот успех го доживуваат за време на фашистичката диктатура на Франко затоа што ги помагал (ја има дури суспендирано Барселона да не игра во Европа затоа што гордите Каталонци ја исвиркале химната на Шпанија.
- Собирањето пари го ставаат пред фудбалот
- Често се вадат во последните минути со пенали или среќни голови (поради ова ги мразам Милан и Јувентус.)
- Иако имаат добри играчи играат досаден фудбал со многу тактика и фаули (ова важи за последните 4-5 години)
И има уште доста ама ова ми текнува во моментот.
Морам да ти одговорам за ова.
Ајде од почеток, Реал е основан 1902, титулата "Real" ја добива во 1920 од кралот Alfonso XIII.
Ла Лига е основана во 1928, во првата сезона Барселона завршила прва, Реал втор, Реал освоил титули во 1932 и 1933, две по ред.
Годините на диктатура на Франко се 1939 до 1975. Во Мадрид го мрзаеле Франко до смрт, Мадрид бил и градот кој издржал најмногу без да падне под власта на Франко.
За време на Граѓанската војна тогашниот претседател на Реал Мадрид бил киднапиран и измачуван, Фашистите имале постојани обиди да го срушат Реал Мадрид како клуб.
Франко силно го фаворизирал Атлетико Амасион (денешен Атлетико Мадрид), официјалниот тим на неговите сили.
Воздушните сили на Фашистите го бомбардирале Стадионот на Реал, трупите влегле во канцелариите и ги украдиле сите трофеи Реал освоени дотогаш.
Добрите времиња за Реал почнуваат со изградбата на Сантијаго Бернабе и потпишувањето на договорот со Алфредо ди Стефано, Реал почнал да доживува неверојатен успех, не бидејќи Франко бил претседател туку бидејќи клубот ги превземал вистинските чекори да изгради и продава производ кој очајно и требал на Шпанија.
Едноставно е погрешно да речеш дека Реал бил тим на Франко, Реал бил сечиј тим, цела Шпанија се восхитувала на постигнатите успеси, со кои Франко немал никаква врска.
Инаку јас не мразам ниту еден тим.