ГМО - генетски модифицирана храна

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Човекот си кажа убаво, ти не сакаш да ја прифатиш вистината.
 
Со тебе може да разговараме кога ќе се едуцираш макар елементарно.

Попатно, Нејл Тајсон навистина со ништо не му скривил на универзумов Стефчо да го коментира... ;)
 
Во Америка луѓето кркале ГМО храна и биле среќни, и следи видео не викам дека се тоа е од ГМО, ама има огромен удел...

Често заборавам дека луѓево не го чепкаат многу многу англискиот како мене. Накратко цела фамилија има рак и сведоштвото на девојчето за тоа.

http://tv.naturalnews.com/v.asp?v=D...l&utm_source=facebook.com&utm_campaign=buffer
 
Типот ми делуе како да пиел цела ноќ нешто....

дали можеби слушнал дека постое и природна селекција или и тоа е гмо
 
Постои да.
Но од времето на агрикултурата ние култивираме разни земјоделски култири и ги бираме нивните најдобри карактеристики.
 
Постои а.
Но од времето на агрикултурата ние култивираме разни земјоделски култири и ги бираме нивните најдобри карактеристики.
ХИБРИДИ ≠ ГМО
Стеф, најдобронамерно, УБАВО прочитај ги постовите на Vanlok во кои одлично е објаснета разликата и потоа дискутирај.
 
Постои да.
Но од времето на агрикултурата ние култивираме разни земјоделски култири и ги бираме нивните најдобри карактеристики.

i sea so ? vestacka selekcija e toa ? vkrstuvanje isto imas

toa voopsto ne e gmo so se tracas
 
Во Америка луѓето кркале ГМО храна и биле среќни, и следи видео не викам дека се тоа е од ГМО, ама има огромен удел...

Често заборавам дека луѓево не го чепкаат многу многу англискиот како мене. Накратко цела фамилија има рак и сведоштвото на девојчето за тоа.

http://tv.naturalnews.com/v.asp?v=D...l&utm_source=facebook.com&utm_campaign=buffer
Не можеш да обвиниш 1 фактор за добивање рак.
Ракот е комплицирана работа,тоа се милион комбинации на протеини за различен вид на рак.
Повеќе фактори се за добивање рак и сеуште нема лек заради комплексноста на protein folding.[DOUBLEPOST=1406838047][/DOUBLEPOST]
ХИБРИДИ ≠ ГМО
Стеф, најдобронамерно, УБАВО прочитај ги постовите на Vanlok во кои одлично е објаснета разликата и потоа дискутирај.
Аман знам што е разликата.
Хибрид е вкрстување на пченка со рж и се добива хибрид.
ГМО е вкрстување на сосема различни видови и добивање на одредена посакувана карактеристика.
Пример да стане отпорен на хербицид или да има во себе инсектицид.
И тоа е споредување како компјутер и онаа старата машина за куцање.
Не е битна технологијата;битно е што се придобивките:[DOUBLEPOST=1406838172][/DOUBLEPOST]
i sea so ? vestacka selekcija e toa ? vkrstuvanje isto imas

toa voopsto ne e gmo so se tracas
Да а сега технологијата е попрецизна и може да се одбере ДНК карактеристика за подобрување на продуктот.
Можеш ли да замислиш да еден хибрид не може да биде жив во природата без употреба на човечката технологија.
Си видел нектарина во природа?
 
Последно уредено од модератор:
Баталето го де, не вреди замарање со него. Или трола или си е ограничено детето. Може има и некои проблеми, греота да го мајтапам. Скраја да е, на секој може да му се случи... ахем.



Типот ми делуе како да пиел цела ноќ нешто....

дали можеби слушнал дека постое и природна селекција или и тоа е гмо
Всушност ако идеме по дефиниција, скоро се што денес се јаде, а е одгледувано на посеви... е ГМО.
Поточно генетско модифицирање е и природната селекција (еволуција), генетско модифицирање е и генетската (вештачка) селекција, генетско модифицирање е и хибридизирањето.

Но важно е да се прави разлика од овие генетски модификации, до генетските модификации кои се прават со метод на генетски сплајсинг. Или поточно метод на директна рекомбинација на гените (рекомбинација на ДНК хеликсот, преку вметнување на делови на ДНК од друг организам).


Додека првоспомнатите методи се од памтивек применувани и се докажано безбедни... генетски сплајсинг е нов метод, сеуште во зародиш од аспект на испитувањата на безбедноста на исхраната со добиениот Генетски Модифициран Организам.


Затоа називот ГМО е погрешно и несреќно одбран. Колку повеќе ги следам работиве, станувам сигурен дека НАМЕРНО е така погрешно одбран.
Намерно се држат работите заплеткани.

Маркетингот на индустријата го искористува збунувачкиот назив за да ги... збуни луѓето. Го поистоветуваат вертикалниот и хоризонталниот генетски трансфер. Не се дозволува донесување на општоприфатени меѓународни стандарди за испитување на безбедноста од исхраната со ГМО. Намерно се држат работите матни и се профитира од сето тоа.




Инаку за човекот од клипот поназад, да појаснам дека Нејл Тајсон е научник и извонреден астрофизичар. Човекот знае на допадлив и интересен начин да зборува и да објаснува астрофизика. И тоа на таков начин да можат да го разберат и лаици.
Во тој поглед е сличен на Ричард Докинс, всушност двајцата имаат и некои заеднички дебати кои се извонредно интересни за следење (Ричард Докинс е иначе познат еволуциски биолог).

Но стручен по биологија и генетика, Нејл Тајсон НЕ Е. ;)
Впрочем лапсуси ни се случуваат на сите. :)


П.С. Еве малку храна за мозокот, дебата прикладно наречена „Поезија на науката. Не се плашете да го отоворите и да се обидете да го проследите, ова е супер интересно и за лаици (нормално ако ве интересира науката):
:)
 
Затоа називот ГМО е погрешно и несреќно одбран. Колку повеќе ги следам работиве, станувам сигурен дека НАМЕРНО е така погрешно одбран.Намерно се држат работите заплеткани.

Маркетингот на индустријата го искористува збунувачкиот назив за да ги... збуни луѓето. Го поистоветуваат вертикалниот и хоризонталниот генетски трансфер. Не се дозволува донесување на општоприфатени меѓународни стандарди за испитување на безбедноста од исхраната со ГМО. Намерно се држат работите матни и се профитира од сето тоа.
Профитот како основен мотив е неспорен. Пакувањето на реалноста во различни јазични одредници е исто така потврдена пи-ар и маркетиншка стратегија. Ако ГМ храната е апла франкенфуд и неминовно ќе резултира со ефекти како оние кај изобличените бели лабораториски глувци, кој пи-ар ќе ги испере консеквенциите ако/кога ќе пукне тиквата? Во САД има многу способни адвокати кои едвај чекаат некоја голема компанија да заебе голем број луѓе, па да ја тужат и да наплатат. Во САД исто така има агенции кои го контролира квалитетот и безбедноста на храната -- ФДА и УСДА. Мислиш ли дека тие се мотивирани да манипулираат со вистината и да промовира ГМ храна? Кои би биле мотивите за тоа?
 
Последно уредено:
Ефектите како ракот, се тука и присутни. Но постојат повеќе канцерогени фактори, самото чие множество се користи како меѓусебно алиби. Секогаш аргументот е „тоа и тоа е само ризик фактор, еден од многуте„.

УСДА и тоа како е мотивирана да манипулира со вистината, власниците на индустријата се истите луѓе кои директно ги бираат актуелните власти, од претседател до сенотори, па надолу преку пониските ешалони на власта... се до агенциите како УСДА, ФДА и сите други.
Да навидум и декларативно, тоа се сите независни институции, но во пракса никако не се тоа. Лоби групите се позади се.

Ова е јавна вистина во САД, и не верувам дека има потреба да спориме за ова.


Ако ГМ храната е апла франкенфуд и неминовно ќе резултира со ефекти како оние кај изобличените бели лабораториски глувци, кој пи-ар ќе ги испере консеквенциите ако/кога ќе пукне тиквата? Во САД има многу способни адвокати кои едвај чекаат некоја голема компанија да заебе голем број луѓе, па да ја тужат и да наплатат.
Оваа работа е многу поголема од било кој адвокат.
Сети се на индустријата за цигари, и децениските борби на разните здруженија, кои често беа претставувани од елитни адвокати и обвинители... (имаше и интересен филм за ова на времето).
Колку децении поминаа пред да и се наложи на тутунската индустријата да почнат да ги обележуваат кутиите со цигари со предупредувања. Колку децении поминаа пред да се забрани пушењето на јавни места.

Едноставно е, САД (и светот всушност) се управувани од елита олигарси која ги држи работите под цврста контрола. Нема сега да должам како и што, ама и ГМО индустријата е нивна. Кратокочно гледано е профитабилна, а долгорочно е стратешки многу важна од аспект на контрола на производството со храна.
Претпоставувам не сум многу јасен, но обиди се да го замислиш светот каде поголемиот дел од поволната почва за садење е загаден со хербицидите што ги произведува истата индустрија (а има и други резидентни загадувачи). На таквата почва ќе можат да виреат само ГМО растенија, кои се генетски модифицирани за отпорност кон тие хербициди и другите загадувачи.
Дека не зборам на памет, зборуваат постечки патенти на индустријата токму со ГМО кои веќе се модифицирани за отпорност кон загадувања со тешки метали и слично (покрај отпорноста кон брендираните хербициди).
Не можам сега, ама ако сакаш можам да ги најдам и посочам тие патенти.


Во секој случај, реалноста е таа дека иднината ни е со ГМО. Но во овој степен на развојот на генетскиот сплајсинг, и без поставени стандарди за испитување на безбедноста... ГМО не се безбедни за употреба. Целата оваа работа се држи во матно заради големата моќ која ја имаат власниците на ГМО индустријата.
 
Последно уредено:
@Тапетарот Петар Прогуглај Revolving door FDA, Monsanto, EPA.
Функционери во FDA, ЕPA имаат работено за Монсанто.
Да се надоврзам на муабетот погоре.
 
Последно уредено од модератор:
Профитот како основен мотив е неспорен. Пакувањето на реалноста во различни јазични одредници е исто така потврдена пи-ар и маркетиншка стратегија. Ако ГМ храната е апла франкенфуд и неминовно ќе резултира со ефекти како оние кај изобличените бели лабораториски глувци, кој пи-ар ќе ги испере консеквенциите ако/кога ќе пукне тиквата? Во САД има многу способни адвокати кои едвај чекаат некоја голема компанија да заебе голем број луѓе, па да ја тужат и да наплатат. Во САД исто така има агенции кои го контролира квалитетот и безбедноста на храната -- ФДА и УСДА. Мислиш ли дека тие се мотивирани да манипулираат со вистината и да промовира ГМ храна? Кои би биле мотивите за тоа?

промена на редоследот на аминокиселините создава големи заебанции на цел организам а да не прајме муабет со менување цела низа од сосема трет организам.

не тумори и ракови се че се појаве
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom