Глупавост

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.856
Глупоста е релативна ствар, некој го поврзва со образование, некој со интелегенција, некој со елементарен осет за општење итн.

Пред малку го прочитав ова мислење од еден форумџија, па ми се виде како интересно прашање.
Што е за вас глупавоста или глуп човек? Необразованиот, тој со мал IQ, некој што не знае како да се однесува во друштво или нешто сосем шестто? :)
А може и уште нешто ... дали еден глупав човек може да се препознае по нешто без да започнете разговор со него? Дали можеби и по физичкиот изглед ги препознавате таквите луѓе, пример по начинот на облекување, по нивните гестакулации и сл?
Повелете ... :pipi:
 
Глупавоста е релативна и..... и` нема крај.

Инаку што е глупавоста? Мое мислење за глупавоста е правење на истите грешки повторно и повторно, притоа личноста ги перцепира но не сака да ги поправи - не сака да учи од нив. Инаетот е еден вид глупост. Затоа што поради инаетот некои работи кои имаат далеку поголема вредност не ги перцепираме. И така личноста запаѓа подлабоко и подлабоко во својата глупост.
 
Јас глупавоста претежно ја доживувам како немање осет за општење и како неможност за брзо совладување.
Кога некој кажува несоодветни муабети, кога некој се смее на детски работи и нема смисла за хумор, кога некој не знае да одговори така како што му поставуваат прашање, кога некој е без концепт при општењето го сметам за глупав.
Или кога некој не ги сфаќа работите, кога треба да му се објаснува долго време за проста работа, кога не може лесно да совлада некој лесно совладлив факт, кога не знае да прочита меѓу редови исто сметам дека е глупав.

Понекогаш, ми оставаат впечаток на глупави луѓето што имаат тап мутав поглед (и полуотворена уста:)) ама неретко изгледот лаже и затоа не судам според изгледот.
Не сметам дека се глупави луѓето што не се образовани. Образованието ги прави луѓето попаметни, точно, но ако е некој неук не значи дека не може да размислува интелигентно.
 
Пред малку го прочитав ова мислење од еден форумџија, па ми се виде како интересно прашање.
Што е за вас глупавоста или глуп човек? Необразованиот, тој со мал IQ, некој што не знае како да се однесува во друштво или нешто сосем шестто? :)
А може и уште нешто ... дали еден глупав човек може да се препознае по нешто без да започнете разговор со него? Дали можеби и по физичкиот изглед ги препознавате таквите луѓе, пример по начинот на облекување, по нивните гестакулации и сл?
Повелете ... :pipi:
Не знам зошто, ама многу ми е важен начинот на општење. Кога некој не може да се снајде во таа комуникација, не може да чита меѓу редови или како што кажаа пред мене, едноставно не може да разбере нешто колку и да му го објаснувам, макар да е и нешто сосема просто, кога не може да ги перцепира работите од суштинска гледна точка, кога се сваќа буквално, не може да се снајде во играта со зборови, кога некој едноставно не е интересен, врти досадни муабети и едноставно има површно мислење за работите, не е заинтересиран за ништо, - таквите луѓе ги сметам за глупави а посебно оние кои имаат низок степен на самодоверба мислам дека малку им фали да ги поседуваат и овие карактеристики. Едноставно не можам да разберам како некои луѓе кои ми се врсници сеуште можат да се однесуваат како мали деца, да не ја знаат смислата на животот, да се омаловажуваат себеси. Разбирам тоа да е некој на помала возраст, но вакви дефинитивно не. и заборавив за глупави ги сметам токму таквите кои не знаат да уживаат во животот, како и негативците, кои на се гледаат од мрачната страна и се глупави во таа смисла да не знаат и не сакаат да си го направат или воопшто да сфатат колку е животот убав!!!!!!!!!!:smir:
 
Глупави луѓе мислам дека се оние кои си немаат појма од животот и од општи работи и кои цело време упорно колку и да им објаснуваш не разбираат.
 
Па глупавост... неспособност да ги согледа грешките кои постојано ги повторува, неспособност да сфати некои работи без разлика колку му/и се објаснува, несоодветно однесување во некои ситуации...

Пример за глупавост... ја прашува еден другар на една женска од класот... Што е тоа? Овца е, коза не е.... Немам коментар, почна да се глупира, од кај знаела што е, може се да биде......:pos2: 4-5 пати ја праша истото, таа упорно одговара дека не знае што е, дека се можело да биде... :pos2::pos2: И почна да и објаснува... по 1-2 минути сфати што се случува и почна да се смее...:tapp:
 
Инаетот е еден вид глупост. Затоа што поради инаетот некои работи кои имаат далеку поголема вредност не ги перцепираме. И така личноста запаѓа подлабоко и подлабоко во својата глупост.

Се согласувам со ова. Кога некој упорно се движи по некоја замислена насока, при тоа не гледајќи ништо друго, тогаш најубаво е пред него да има некој ѕид за да се лупни и да види дека грешел и дека во најблаг случај, испаднал глупав.

Како и да е, секој човек си има потенцијал во себе, работата е дали ќе сака да го искористи или не, дали ќе се потруди, дали му дозволуваат околностите во кои живее и пораснал.
Во врска со образованието, не значи дека човек кој е високо образован има висока интелегенција, зошто може да е експерт од една област, а да нема врска од ништо друго во животот.
Некои го спомнаа општењето како мерило за глупавост, и не можам никако да се согласам со тоа бидејќи има луѓе кои побавно разбираат работи, или пак не можат добро да се искажат што не значи дека се глупави. Треба да се помисли на тоа дека сите барем еднаш сме се нашле во таква ситуација, па можеби и нас некој не етикетирал како глупави и така не гледа, а на никој не би му било сеедно тоа. Па бидејќи сите разно си ја дефинираме и перцепираме глупавоста, не е убаво одма да си лепиме етикети, сепак интелегенцијата се храни и расне постојано, исто како што и се губи.
 
Глупавоста е релативна и..... и` нема крај.

Инаку што е глупавоста? Мое мислење за глупавоста е правење на истите грешки повторно и повторно, притоа личноста ги перцепира но не сака да ги поправи - не сака да учи од нив. Инаетот е еден вид глупост. Затоа што поради инаетот некои работи кои имаат далеку поголема вредност не ги перцепираме. И така личноста запаѓа подлабоко и подлабоко во својата глупост.


За болдираното,mожеби е глупост,но не и глупавост..Можеби инаетчијата се глупира затоа што упорно тврди дека е неговото точно (а во овој случај за да се глупира,мислењето треба да не е точно),но тоа не го прави глуп и не го прави дека не ги прецепира работите што се повредни.,тој го согледува тоа,но едноставно не сака да го признае....
За темава мое лично мисење за глупавост е недоволно снаодливост за поврзување на работите,односно,не знаење што да се каже,кога да се каже и на кого да се каже....Кажувањето(комуницирањето)го ставив затоа што за да увидиме дека некој е глуп,треба и да слушниме нешто од него,не му се гледа од фацата каков е...
 
Добар документарец ^^^ :cuc: Како се пронајдов у пар места... :pos:

 
Glupav covek spored mene e onoj koj NE SAKA da si go najde svoeto mesto pod sonceto.Znae kaj mu e,znae deka tamu treba da bide,ama ne mu se sviga ili ne gi zadovoluva negovite apetiti pa zorle se pika tamu kaj sto ne mu e mestoto.
Dolgo vreme mislev deka glupavite NE ZNAAT da si go najdat mestoto,ama ne,tie luge ne se glupavi samo se neiskusni.Ne deka nemaat pretenzija da preminat vo glupavi otkoga ke go doznaat,ama sepak sansata deka ke si se parkiraat ubavo i smireno ostanuva...
 
Што е за вас глупавоста или глуп човек? Необразованиот, тој со мал IQ, некој што не знае како да се однесува во друштво или нешто сосем шестто? :)
Оној што нема елементарно чувство за другите, што нема емоционална интелегенција можеби, ЕQ. Од луѓе без осет страда овој свет, посебно доколку имаат висок IQ. И оние примитивците се лоши но којзнае...
 
Глупавоста е релативна, точно. Она што за мене е глупав човек за некој друг не е.Сепак, од мој аспект:

*Глупав човек е оној кој се запоставува целосно себеси, не води грижа ни за својот изглед ниту пак за своето надградување на било кое поле од животот.
*Глупав човек е оној којшто иако може сепак "не може" да си го среди сопствениот живот.
*Глупав човек е оној кој не си дозволува себеси да биде паметен и да ја изрази својата попаметна страна само затоа што од него се очекува да биде глупав.
*Глупав е оној кој се уништува самиот себеси без некоја посебна причина.
* итн. итн.

А на крај сепак испаѓа дека никој не е глуп... само треба да ти текне :pipi:
 
Само човековата глупост и универзиумот се бесконечни, ама кога ке размислам универзиумот има крај. Алберт Ајнштајн

пааааа човек што го мрзи да мисли тој е глуп.
 
Глупавоста е збунетост,конфузија,неспособност нешто да се научи.Се јавува кога некои основни работи во животот не ти се научени,а веќе си стасал до сложените кои што не можиш да ги сватиш(превисок степен).Пример пробуваш да трчаш а не си научил ни да одиш,пробуваш да читаш а не ги знаеш буквите,пробуваш да множиш делиш а не ги знаеш бројките итн итн.Сето тоа е благодарение на нашиот образовен систем,кој што не е лош ама има многу пропусти во него.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom