Глупави прашања/реченици кажани од професори

  • Креатор на темата Креатор на темата BrunoFresh
  • Време на започнување Време на започнување
B

BrunoFresh

Гостин
Незабележав на форумов некој да има ваква тема, па ја отворив од инспирацијата на едно предавање деновиве на еден професор на факултет. И самата тема кажува дека се работи за прашања или реченици кои ги кажале професорите во основно,средно или можеби на факултет. Доколку имате некои интересни, смешни и глупави, објавете ги овде. Нормално не може да очекуваме да бидат толку смешни сеа кога се пишуваат, колку што ќе бидат смешни додека се во моментот на "изведување".
Па како што е редот да почнам јас:

средно:
-"Пишете наслов 'Бежични кабли' (професорот мртов озбилен и никогаш не му текна дека згрешил, иако паднавме од смеа кога почна да ни диктира за тоа)."
-"Професорката: Вие што зборувате последна клупа надвор!
(стануваме ко ништо да не се десило, и ја носиме клупата надвор)"

факултет:
-"Што значи зборот збир на инструкции? тоа значи збир на инструкции.......да продолжиме понатаму."
-"Значи колеги, експоненцијалната машина е исто како да ставиш колбас и да ти излези човек."

п.с.Ќе надополнам други кога ќе ми текнат.
 
програмирање ни вика откако ке ги внесете вредностите во програмата пишете ентер да видите дали работи
 
Физика:
објаснувеше некој експеримент и сакаше да објасни нешто и раката на кваката, кваката на рака и се изгуби... :D :vozbud::tapp:

Информатика:
отворете ПРОПРЕТИС и подесете... од каде положила информатика и кој и дал диплома јас не знам :confused:....

Англиски:
излезете сите надвор, косата на клава ми се качи... :D:confused:

понатаму ќе пишам уште...
 
Физика:
Врнеше цело време, и наеднаш мава гром во близина на школото и оваа цела испаничена професоркава се крсти и вика
леле господе-боже и свети Исус. Се смеев цел месец!! :D :tapp::pos:
 
Емил: А че ви се погода три прашања по избор?
Снежа: Шо ви е бе? од ова водава шо заврна?
Мечо: Не биди лигуш! Биди маж!
Мечо: Од машки ми се повраќа, од женски ми се блуја
Мечо: Драги браќа и две непрокопсани сестри
Ратка: Се треба да биде документовано
*
кој учел овде, знае :)
 
Ја нема да заборавам кога професорката по Ѓермански , пиша на табла дека преводот на зборот ,,virtual,, е ,,вистина,, -.-
Јас ја глеам и ја прашувам ,,Професорке virtual e вистина?,, ,,Па да, ти кога ги играш тие твои игри, исто е како да ги глеаш во вистински живот,,
Се смееме со другарите и ја онаков ,,Епа лекцијава се вика Virtual Reality, тоа значи дека преводот и е вистинска реалност?,, ,,Па...да,, ,,А што е тогаш лажна реалност?,, И сега ја фатив на дело :D ,, Па...па...тоа што...,, ,,Во игрите, така?,,
,,Да....,, и сеа свати дека отиде контра себеси и онаква цела ,,Ај Јован не ми се праи паметен многу...,,
Идиот :mad::mad:
 
Си прајме муабет јас и еден другар на час по математика и професорката вика: „Филип ако ти се збора, ќути“
Во прва , истата професорка вели: „Да не ја пишиме задачата на табла, усно ќе ја напишиме“
Проф. по музичко:„Смејте се, смејте се, ќе се смејте ко ќе плачите“

Ги има многу, само не ми текнува.
 
Емил: А че ви се погода три прашања по избор?
Снежа: Шо ви е бе? од ова водава шо заврна?
Мечо: Не биди лигуш! Биди маж!
Мечо: Од машки ми се повраќа, од женски ми се блуја
Мечо: Драги браќа и две непрокопсани сестри
Ратка: Се треба да биде документовано
*
кој учел овде, знае :)
Гимназија ми предаваше некој час...и првиот час имаш:
Драги брајча и сестри од Прилеп и околните китни села :)
Имаше еден проф. во гимназија, зборуваче побрзо од светлината, и ела разбериго. И еднаш еден го прашува, шо че биди ако падни ѕвезда, и овај:
То фалабогу ако падни ѕвезда че не напрај сите пуздер ебаго мајката . (сето кажано во 2 секунди)
Ама вака не е смешно, да го слушните треба :)
 
На факултет еден асистент држеше предавање наместо професорот, заради ххх причини не беше присутен, а предавањето се држи во 8 наутро ден пред колоквиум кога скоро сите беа поспани поради учење за колоквиум.
И во еден момент еден доста зборлив колега се спречка со асистентот за тоа кои се поефтини за да ти работат, Кинезите или Црнците, и така едно добри 2 до 3 минути и виде асистентот нема разбирачка со колегата и му вика се знае црнците во кои филмови добиваат главна улога.
Од цел амфитеатар јас умирам од смеење, а другите сите спијат бидејќи ништо не слушнале
 
средно:
1.Прв час од сабалје, сите дојдени само 1 ученик не беше. Часот се одржува нормално, сите заспани...Преостануваат уште 5 минути од часот и влегува ученикот што не беше дојден цел час. Професорката станува во тој момент со изнервиран и повишен глас му се обраќа на ученикот:
"Дали си ти нормален сеа да ми влегуваш на час? Цел час те нема и сеа на крајот најде да дојдеш? Каде си цел час, зошто касниш?"
Ученикот мртов ладен, се врти кон професорката и и се обраќа:
"Професорке, абе...идам јас накај училиште знаете, и ме боли нешто. Се вртам назад, ништо нема. Пак одам одам, и пак ме боли нешто, се вртам лево ..пак ништо нема. Пак така одам одам, ама пак почна да ме боли нешто, се вртам десно нема ништо. Одам одам..пак ме здоболе нешто, ко се пулам професорке, к*рот ме боли што сум закаснил на час!"

2. Трет час поплаедне (блок 3 часови), некаде 15:40, влегува закаснет ученик кој не дошол на сите 3 блок часови. Влегува зашеметен и професоров го прашува:
"Кај си ти бе до сеа?"
студентот: "Добро утро професоре се успав!"
 
Гимназија ми предаваше некој час...и првиот час имаш:
Драги брајча и сестри од Прилеп и околните китни села :)
Мечо е то.......чоекот фати го во муабет за грците ни физичко ни ништо нема да видиш :)
 
средно:
1.Прв час од сабалје, сите дојдени само 1 ученик не беше. Часот се одржува нормално, сите заспани...Преостануваат уште 5 минути од часот и влегува ученикот што не беше дојден цел час. Професорката станува во тој момент со изнервиран и повишен глас му се обраќа на ученикот:
"Дали си ти нормален сеа да ми влегуваш на час? Цел час те нема и сеа на крајот најде да дојдеш? Каде си цел час, зошто касниш?"
Ученикот мртов ладен, се врти кон професорката и и се обраќа:
"Професорке, абе...идам јас накај училиште знаете, и ме боли нешто. Се вртам назад, ништо нема. Пак одам одам, и пак ме боли нешто, се вртам лево ..пак ништо нема. Пак така одам одам, ама пак почна да ме боли нешто, се вртам десно нема ништо. Одам одам..пак ме здоболе нешто, ко се пулам професорке, к*рот ме боли што сум закаснил на час!"

2. Трет час поплаедне (блок 3 часови), некаде 15:40, влегува закаснет ученик кој не дошол на сите 3 блок часови. Влегува зашеметен и професоров го прашува:
"Кај си ти бе до сеа?"
студентот: "Добро утро професоре се успав!"

Да, и ја го имам читано овој виц...добар виц како и да е! :)
 
Ми го кажвеа ова, отпрвин не вервев декa е вистина, но ми го имаат кажвено појќе луѓе дека е чиста вистина. Охриѓаниве на форумов сигурно знат. :D

П: Кој се отсутни?
У1: [Ги кажвит отсутниве]
П: Друг некој немат?
У1: Ииииии, Горан Пандев
П: [Почвит да пишит]
У2: Професорке, тој фудбал играт.
П: Па шо ако играт фудбал, тој треба на час да си е...

:pos: :pos: :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom