Гладувањето како лекување

  • Креатор на темата Креатор на темата Cool Hand Luke
  • Време на започнување Време на започнување
Да, после тие пет дена дадов такво ждрање да тоа беше за пред камера, и две недели бев многу слаб. Требаше полека, умерено да се вратам на нормална исхрана... ок, памет за друг пат.

И знаеш како резултира после долго нејадење ништо, нагло многу храна во дигестивен тракт? Еве јас ќе ти кажам, особено ако е позачинета со чир на желудник или црево. Ако не ми веруваш еве прашај го принц од форумов тој ќе ти каже колку непријатно може тоа да биде, од негово лично искуство
 
И знаеш како резултира после долго нејадење ништо, нагло многу храна во дигестивен тракт? Еве јас ќе ти кажам, особено ако е позачинета со чир на желудник или црево. Ако не ми веруваш еве прашај го принц од форумов тој ќе ти каже колку непријатно може тоа да биде, од негово лично искуство

Или питај некој од преживеаните Евреи од Аушвиц .. можна е и смрт ..
 
Знам, голем шок е тоа за организмот, добро е да се спомене, може има некој што ќе се залета бетер од мене па потоа на уште понеславен начин да прекине. Само се чудам од кај таква сила ми дојде после неколку дена глад и дали ќе се одржеше ако не го прекинев гладувањето? По природа сум пофлегматичен но во тие моменти таква енергија избиваше од мене... Добро, ако ми дојде работата веќе за умирање од глад, ќе го осетам тоа на време се надевам. :)
 
Гладувањето е како што не сум знаел иако сум го практикувал, одамна познат начин за лекување разни болести, вклучувајќи и рак. Сум го практикувал од други причини, медитативни :) и после неколку дена целосно гладување (само пиење вода), сум се осеќал неверојатно многу силно, и физички и психички. Објаснувањето е можеби затоа што тогаш организмот почнува да ги топи мастите во телото и од таму таа енергија. Само што повеќе од 5 дена не сум издржал, апетитот ме издавал. Во овој текст на Време многу се пронајдов, со главоболката отсабајле и ред други работи:
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=517&ArticleID=32521

На други српски форуми читав за примери како е гладувањето ефикасно против ракот, само со некои сокови и чаеви. На некоја жена после 40-на дена гладување и се губи туморот итн... Да не спамувам, отворете гугл и напишете gladovanje ако ве интересира, и споделете свои искуства ако имате.

Незнам баш можеби пред две години имаше еден човек на телевизија зборуваше за гладувањето и позитивните страни за организмот.., демек треба да пие човек само дестилирана вода (која инаку е никаква за пиење, затоа што нема минерали кои и го даваат вкусот) и цедени лимони.., е сега не знам која е логиката , дестилирана вода, ајде и бива, ама лимони, зар малку ќе му биде на желудникот онаа негова киселина што ја лачи затоа што физиолошки е така условен кога човекот чуствува потреба од јадење, па и плус да му додава, е тоа 100% не е добро за желуднитот, гастритис, чир не му бегаат..:helou:.
 
Знам, голем шок е тоа за организмот, добро е да се спомене, може има некој што ќе се залета бетер од мене па потоа на уште понеславен начин да прекине. Само се чудам од кај таква сила ми дојде после неколку дена глад и дали ќе се одржеше ако не го прекинев гладувањето? По природа сум пофлегматичен но во тие моменти таква енергија избиваше од мене... Добро, ако ми дојде работата веќе за умирање од глад, ќе го осетам тоа на време се надевам. :)

Тоа е чиста биохемија, односно како и кога која извор на енергија се користи. На пример, јас на лето колку успевам трчам по околу 5 километри и од лично искуство ти кажувам дека после две недели редовно трчање, кога ќе ги истрчам моите 5 километри и кога ќе застанам чувствувам дека имам енергија да истрчам уште 5 ама реално да тргнам можеби ќе истрчам упте еден километар пред мускулите да почнат ептен да ми се грчат. Исто така кога почнувам со трчање првите 5-10 минути се најртешки особено преадот од петата до кај десетата минута, бидејќи точно во тој момент се менува биохемиската рамнотежа и шеќерите во крвта се пренаменуваат наместо да бидат користени како извор на енергија , сега се користат за согорување масти односно претворање на мастите во енергија. Знам дека звучи чудно ама тоа навистина се случува, е сега целиот биохемиски процес е малку покомплициран, бидејќи тука има и нешто хормони и менуваше на концентрации на други соединенеија.
Така да затоа се чувствуваш доволно силен. Лошото е тоа што мозокот за да функционира му треба енергија од шеќери па така ако подолго време не конзумираш шеќери тогаш може да ти се спие повеќе бидејќи мозокот нема енергија да раоти под полна пареа.
 
Имаш право, кога ќе се надмине “кризата“ во првите 10 минути трчање после полесно оди.
 
Јас да ви кажам пред едно две-три години слушав еден нутриционист на тв кажуваше дека демек за да се прочисти организмот од сите отрови треба 10 дена да се пие само два литри лимонада (ама само вода и лимон,без шеќер).Јас баш сакав да го пробам тоа и да видам,ама еден ден да гладувам само и готово,паѓам во несвест,едноставно не можам да издржам.Инаку верувам дека има позитивни ефекти гладувањето.
 
А сте чуле ли за магарето на Насрадин-оџа, она кое "Таман го научил да не јаде, и му пцовисало"? А?

Шега настрана, убаво е да се јаде малку, докажано е дека го продолжува животниот век. Ама намерно да не се јаде НИШТО, подолго од еден ден, е лудост.
 
Јас лани-летото, 3 дена не внесував никакви јаглехидрати во организмот а трошев многу енергија (вежбав) и се онесвестив.:toe:
 
Имам слушано нешто слично на ова... Имаше еден канадски научник кој тврдеше дека човекот може да живее 200 години, но животот е ограничен од овие масти кои се натрупуваат во крвните садови бла бла бла (да не должам)....
Имаше смислено некаква диета, имаш полека полека намалување на храната и исклучување на пржени меса и некои други тешки јадења, за по 3 месеци да треба да можиш да издржиш 20 дена исклучиво со цеден лимон и лук (точно не памтам како беше, ама имаше 2 литра течности дневно да се пијат). Потоа пак ти се потребни 3 месеци да се вратиш во нормала. Според неговата теорија тоа треба да се прави еднаш на 15-20 години за прочистување на телото....

Колку ова е ефикасно :toe:
 
Јас знам дека е убаво два дена во неделата во период на 3месеци да не јадеш ништо сем вода нормално, ама тоа подразбира преку еден ден, со што ќе го прочистиш телото од прекумерените мрснотии и отрови кои ги внесуваме, преку брзата храна фаст фуд шо би рекле, и за да сето тоа вроди со резултати сабјлето кога ќе се разбудиме како прв оброк се земаат житарици(пченица или некоја мешавина) ама само сварена без никакви додатоци тоа е како завршен дел од прочистувањето и ги чисти цревата, цревните влакна и флора. И се препорачува таа недела кога се применува овој начин на порчистување деновите кога јадете на пр(вторник, четврток, сабота и недела) да се користи здрава храна, овошје, зеленчук, житарици со што би се добил ефект како кога му прави ме формат на компјутерот ете најблизок пример шо ми текна. Го имам пробано и навистина се чувствуав мн убаво, можете да си замислите дека потоа кога ќе се подзапотев од физичка активност потта не ми мирисаше, мн интересна работа кој може нека проба ќе се воодушеви ви гарантирам.:smir:
 
Нормално дека со внесувањето на многу маснотии ги зголемуваме шансите за болести како што е ракот, тоа не е ништо ново, ама дека жена се излечила од тумор со гладување??? - НЕ!
За жал таквите болести не се лечат дури ни со операција, ако е ептен на време има некои шанси...
Во врска со гладувањето, јас го сметам за болно, мислам, со денови да не јадеш ништо, само да пиеш???
Јас би се онесвестила. Тоа не е здраво, не знам како некои издржуваат, јас морам да внесам нешто (особено наутро), макар овошје. Ај да не внесуваш маснотии, ама да не јадеш воопшто, дури ни овошје и зеленчук... :nesvest:
Јас сум против диетите, а не па ништо. Ако сакаш да ослабеш или да го прочистиш организмот, не мора ич да не јадеш.
За слабеење: јади почесто во мали количини, читав за некој начин на исхрана - се да јадеш, ама се да е во големина на тупаница, ако го најдам ќе го ставам.
За прочистување: Овошје, зеленчук, може некој посен ручек, многу вода... :toe:
 
Добро бе, го прочита ли некој постот на Bacillus gagous, која дефиниција си ја создадовте во глава, па неможам да издржам 5 дена без храна , па ќе се онесвестам.....ДОБРО :mad:
Гладувањето не значи да „умреш за храна“. Под тој термин се подразбира помалку јадење, нешто како „пост во петок“ (колку само за споредба). Но, тоа не е поврзано со религиозни обреди едноставно претставува природен дел од нашиот живот, користење на состојките кои се се складирани во нашето тело.
Така просто и едноставно, и ништо страшно :pozdrav:
 
И јас како што знам другари лугено во Африка имаат гладувано цел живот и неможат ништо да работат слаби се премногу. И имам читано дека лошо е да не се јаде да се остави празен мевот :baeh:
 
Гладување поготово кај лица оболени од рак е абсурд, бидејќи нив до тој степен им е паднат имунитетот од самата болест и од хемотерапија и цитостатици, кои имаат големи споредни ефекти што и самите немаат апетит и не јадат, па затоа и најчесто им се дава високо калорични шејкови или сокчиња за со тоа да се задоволи дневната потреба на витамини и минерали, белковини, јаглехидрати, масти итн.
Тоа дека гладувањето ги намалува споредните ефекти на хемотерапијата е нова, експериментална студија (од универзитетот Јужна калифорнија), која досега е спроведена само на глувци и ефектот сеуште не научно потврден.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom