Гитара (почетник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Xfire
  • Време на започнување Време на започнување
Што мислите за оваа гитара?
И како звучи идеата да се започне на електрична?
И дали е тоа возможно без појачало (преку компјутер) без да нанесам некоја штета?
 
На гитара од 5000 ден. не можам да и` верувам. Но, додека не испробаш лично не можеш да знаеш, ма да ми личи на чкарт уште на изглед.

Познавам луѓе што започнале на електрична и не им фали ништо, но акустичната гитара е многу подобра за малку да ги „набилдаш“ мускулите на прстите и плус поевтина е у случај да изгубиш желба.

Да, возможно е да ја свириш преку компјутер преку програми како Guitar Rig, AmpliTube и сл.
 
Значи одлучив ќе купувам гитара, изборот ми се слева на следниве опции:
1. 10 дена стара акустична гитара - 1.950 денари (ќе ја спушти до 1800, го исконтактирав), многу убава форма, боја, cutaway модел, добра цена, 18 прагови. Човекот ми рече дека 2500 била нова, колку е тоа така незнам.
2. Половна („малку користена“) акустична гитара - 4.500 денари, не ми се допаѓа бојата, ама има cutaway и вратот ми изгледа „компатибилен“ бидејќи имам мали раце и тенки прсти. Има 20 прагови. Според описот на огласот, гитарава е топ, но опис како опис.
3. НОВА Squier SA-105, Black - 4.650 денари. Вратот на оваа гитара ми изгледа малку поширок од гитарата „број 2“. Од вкупно 21 праг, ќе можам да достигнам само до 14ти/15ти бидејќи нема cutaway.

Што би била најпаметна опција во овој случај? Можам да потрошам до 100 евра на гитара, што не планирам да ја сменам бар 3/4 години.
 
Ако планираш да свириш акустична/класична не очекувај дека ќе стигнеш подалеку од 12ти праг. Не е ова електрична. Инаку, би ти препорачал нова Јамаха, C40 се одлични класични за почетници а мислам дека имаат еквивалентни акустични.
 
Која е цената на Јамаха C40 ?
И да, за изборот број 2, гитарите се нови некористени, дечкото во серија ги земал па ги препродавал.
И уште нешто: Што е разликата помеѓу нова и половна гитара? Која е причината да не пројдам поефтино со половна доколку не е удирана гребена и слично. Кој дел на гитарата највеќе страда?
 
7600 денари во Артист Системи
 
Зависи од тоа колку е свирена, најмногу страда вратот, тоест дрвото и металните прагови. Ако не ги броиме жиците се разбира.
 
Многу ми е тоа. 100 евра e најмногу што ќе платам. Би можел ли да ми одговориш на другите прашања?

Што е разликата помеѓу нова и половна гитара?
- Разликата може да е огромна, а може и да нема разлика...зависи како е сочувана...од половна до половна, има разлика

Која е причината да не пројдам поефтино со половна доколку не е удирана гребена и слично?
- Со половна мислам дека секако поефтино ќе поминеш.
Колку и да му е сочувана, па и нова да му е, тој неможе да бара цена како што е во продавница...мислам дека тука можеш да заштедиш некој денар

Кој дел на гитарата највеќе страда?
- Што знам...тука нека ти одговори некој поискусен...мене примарен инструмент ми е клавијатура, а на гитара од време на време ако земам да засвирам :)
Но да не го оставам неодговорено прашањето, би рекол жиците...зашто на мојата само тоа имаше настрадано :)

Ако би бирал од 3те понудени погоре, би ја избрал втората
Марката не ми е многу позната, но ми изгледа на квалитетна гитара (а можеби и грешам) :)
 
Многу нормално дека не бара цена од продавница. Нешто измеѓу набавна и малопродажна цена.. И да, жиците не се многу скапи нели?
 
Не се...од 100 денари (најефтините) па нагоре
Добри жици, некаде околу 500 денари се движат (комплет, сите 6)
 
Во описот на гитарава човекот навел дека е DreadNought Cutaway model. Мене ова многу ми личи на jumbo модел. Може ли некој да ми каже за што точно станува збор?
 
Дечки, знам дека некаде на интернетот имаше ставено една програмка со акорди од македонски песни (за странски не знам дали имаше) и се викаше Песнарка 3.0. Со оглед на тоа што на интернет сега не може да се најде, доколку некој ја има може ли да ми ја прати програмката, ќе му бидам многу благодарен. ;)
 
http://www.scribd.com/doc/38625193/Pesnarka

Oваа да не ја бараш? Каква е таа програмка со акорди?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom