Gilmore girls

  • Креатор на темата јовица11
  • Време на започнување
Ј

јовица11

Гостин
Gilmore girls(Девојките Гилмор) е популарна американска серија,добитничка на Еми награди,создадена од Amy Sherman-Palladino ,во која главните улоги ги делат Lauren Graham(Лорелај) и Alexis Bledel(Рори) .Премиерно серијата е прикажана во Америка на каналот The WB(Ворнер Брос) на 5 октомври 2000 година, а со емитување заврши седум години подоцна на каналот The CW.
Дејствието во серијата се врти околу самохраната мајка Лорелај која живее во фиктивниот град Stars Hollow, Connecticut со својата ќерка тинејџерка Рори.Во серијата се обработуваат теми како фамилијарни проблеми,пријателства,генерациски разлики и социјални класи.
Девојките Гилмор,од понеделник до петок на Алфа тв,во 18:30 ч.

http://en.wikipedia.org/wiki/Emmy_Award
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
Е ова е Топ серија .дефинитвно ..
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ми се допаѓа серијава. Ја даваа на ХРТ2 и редовно ја гледав. Ја укинаа ХРТ2 и после не можев да ја гледам. Ептен ми е криво. Добра серија е во секој случај.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Навистина супер серија, семејна серија за релаксација и опуштање, колкку беше убаво кога ја даваа на Алфа, али стварно не знам зашто не ги откупат другите сезони, ги има толку епизоди, а нашиве упорно ја репризиираа само 1. сезона
А другите сезони ги немам гледно, сигурно се поинтересни
 
ZACKY VENGEANCE

chuck SUCKScorey ROCKS
Член од
25 ноември 2008
Мислења
226
Поени од реакции
16
ја немам гледано серијава,ама ако сакате семејни серии гледај те ја"седно небо".мислам дека беше нешто во врска со семејство,и семејни случки и така натаму.
 
Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Гилморице... Имам глеано неколку епизоди, интересна е. Можда е малку како серија повеќе ко за женски... ама, неврмајнд
 
Член од
26 јули 2009
Мислења
424
Поени од реакции
179
Една од најубавите серии, од приказна па до актери се е погодено, ја гледав првата сезона уште пред години на ХТВ и станав зависна од Гилморице и ги гледав сите 7 сезони, се случуваат работи кои не ги очекувате, Рори оди на Yale, со Парис стануваат најдобри другарки, следи кавга пред 21 роденден на Рори и со Лорелај не зборуваат со месеци, а Рори живее со баба (Емили закон) и дедо, многу тажни епизоди каде двете сакаат да се смират но никоја не попушта ама на крај happy end, потоа Лорелај треба да се мажи за Лук (кој открива дека има 12 годишна многу паметна керка) ама се мажи за Кристофер, следи развод, па Рори при крајот на 7-ма сезона добива понуда за брак, ја одбива, оди да работи како новинарка на кампањата на Обама, а Лук прави голема забава за цел град да ја испрати Рори, а тој и Лорелај повторно ке се смират (вака завршува 7-мата сезона)...очекував и филм ама ништо не бидна од тоа иако уште има време, баш би сакала да ги видам Лук и Лорелај конечно венчани...се надевам ова ке ве поттикне да си ги најдете и да ги гледате сите сезони од оваа нај нај најубава серија
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Ја гледаше сестра ми на времето, лигушка серија ама добра, посебно добро ми изгледаше како ги решаваа со леснотија животните проблеми, серијата беше како река која што течи во еден правец.

Признавам имам гледано неколку епизоди :icon_lol:.
 
Ова неколку епизоди е клучното, си ја гледал втората каде проблемот почнува да се развива и потоа си ја гледал петнаесетата каде го решаваат проблемот, затоа ти изгледа како со леснотија да решавале проблеми, зборувам за посериозните проблеми како одлуката Лорелај да го напушти Лук, а не проблем што Суки да зготви на вечера кај Емили, а нормално дека серијата е замислена како река во еден правец, мораше приказната така да се одвива, опфатено е дејство од неколку години и се следат животите на истите ликови.
 
Види Вики типична женска серија, а јас големо мажиште ретко гледам такви. Се зезам, него што проблеми главни имаат Гилморици? Живеат во мал град, богати се, нема криминал, девојчето си студира на Јејл, па тежок проблем настана баба и дедо се разведуваат ама живеат во иста куќа итн итн. Признавам ретко ја гледав ама знам нешто за нејзе :).
Гледам типично машки серии зачинети со наука или во најмала рака научна фантастика.
 
Гледам дека знаеш нешто ама се ти се измешало, не се богати Гимориците, баба и дедо се богати, а Лорелај е скарана со нив 13 години, па тие им позајмуваат пари за приватното училиште и Јејл ама со услов, вечерите во петок ако се секаваш, а баба и дедо не се разведоа си се смирија, за Лук и Лорелај зборував, сега не се којзнае какви проблеми од светско значење како во твоите машки научно фантастични серии, само реални проблеми кои можат да се случат и кои најверојатно им се случуваат на некои луге
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
само реални проблеми кои можат да се случат и кои најверојатно им се случуваат на некои луге
Види сега ти си женско и оваа серија е типично женска серија, со реални женски проблеми, можеби се поистоветуваш со нив и затоа ти е интересна како серија, мене искрено ми е туѓа :toe:.
 
Член од
26 јули 2009
Мислења
424
Поени од реакции
179
Види сега ти си женско и оваа серија е типично женска серија, со реални женски проблеми, можеби се поистоветуваш со нив и затоа ти е интересна како серија, мене искрено ми е туѓа :toe:.
Па така кажи дека ти е туѓа, а не ми раскажувај три епизоди кои си ги гледал и да женска серија е ама ако ја гледаат и машки можеби ке научат нешто, не викам за тебе конкретно туку за сите машки, најмногу се учи за женските од овие женски серии
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.359
Поени од реакции
25.054
Иии јака дискусија. Одамна не сум читал двајца да се контраат на различни теми во Филм и Тв:).
 
Член од
26 јули 2009
Мислења
424
Поени од реакции
179
Иии јака дискусија. Одамна не сум читал двајца да се контраат на различни теми во Филм и Тв:).
Хаха стварно јака дискусија се разви ама морам да ги бранам Gilmore Girls (и South Park) ама на крај се разбравме барем за Гилморице
 
Kajgana Shop

На врв Bottom