Германија го укинува правото на вода, истата ќе се наплаќа

  • Креатор на темата Креатор на темата Daedalus
  • Време на започнување Време на започнување
Демократија (капитализам) = профит пред се` друго. Не се чудете ако стигне ова и кај нас за не-толку-брзо време... :)
 
што се чудите познатата либерална демократија интерес пред се.Запрашај те се зошто повторно се плаќаат местата на изградбите на зградите куќите зошто t-home не ги дава преносите на лига шампиони кога се од интерес на граѓаните никој нема право да ти каже што да пушташ и да гледаш здраствено осигурување е право на секој граѓанин зошто тогаш ке ги плаќаме здраствените картици зошто плаќаш телефон а не си го пипнал ниту еднаш а претплата изнесува околу 400 ден.Не е ништо чудно и кај нас да почне да се плаќа и за воздухот што го дишеш
 
Дали то значи дека водата која при дожд од мој имот (покрив, двор) се слева на улица и оди во општинска канализација - општината ќе ми ја плаќа?
На пример наврнале ова година 1000 милилитри по квадрат, јас имам куќа со површина од околу 100 квадрати плус двор од 500 квадрати то ќе се помножи, ќе се оземе дел кој останал во почвата и рестото општината да ми го плати

Не баш, повеќе би било вака нешто
http://www.naturalnews.com/029286_rainwater_collection_water.html
http://www.youtube.com/watch?v=6jjxg8f3Gq0
Поклонете тоа дворовите, инаку ќе треба на секој дожд кредити да земате :D
 
Демократија (капитализам) = профит пред се` друго. Не се чудете ако стигне ова и кај нас за не-толку-брзо време... :)
Не знам зошто мислите дека постоењето на демократија подразбира и капитализам. Ене ги Шведска, Данска... имаат демократија, ама далеку се од дефакто капитализам.
 
Не знам зошто мислите дека постоењето на демократија подразбира и капитализам. Ене ги Шведска, Данска... имаат демократија, ама далеку се од дефакто капитализам.

Sweden is a highly competitive capitalist economy featuring a generous, universalwelfare state financed through relatively high income taxes[10] that ensures that income is distributed across the entire society, a model sometimes called theNordic model.

http://en.wikipedia.org/wiki/Economy_of_Sweden
 
Ја плаќаме, но фонтани за вода која се пие постојат насекаде низ градот, доколку си бездомник и побараш вода, истата мора да ти биде пружена како твое основно човеково право.
Е сега нема. И да ти се пие вода, а немаш од каде, мораш да си ја купиш или капут:X3:
Ле,ле мајко...сега Грујо ќе ги заебе и претрка и Германциве..после оваа вест,
прв ќе постави на секоја мала фонтана-чешмичка за пиење на вода,по еден автомат...
1 - Пушташ 2 денари - и Автоматски тече вода 6 секунди (голтај брзо времето проаѓа)
2 - Пушташ 5 денари - и тече вода од чешмичето 15 секунди. ( пазиш на секоја капка)
3 - Пушташ 10 денари - и тече водичка 30 секунди за тебе и за миленичето едно канче.
Ќе има и месечни жетони,како и попусти за пензионерите-бесплатно во вторник и петок а секако и за партиските членови годишни бесплатни картици.
Овие цени се за прв реон - Скопје ( за во Мариово има друг ценовник)
 
Sweden is a highly competitive capitalist economy featuring a generous, universalwelfare state financed through relatively high income taxes[10] that ensures that income is distributed across the entire society, a model sometimes called theNordic model.

http://en.wikipedia.org/wiki/Economy_of_Sweden

Па баш го кажува тоа што јас го кажав. Не е дефакто капитализам.
Има пазарна економија, но е и welfare state со големи даноци и огромна дистрибутивна социјална политика која е контрадикторна со капитализмот како таков.
Муабетот е дека не е социјалистичка/комунистичка држава, но не е баш капиталистичка гледајќи ги и знаејќи ги дефинициите и самиот систем на функционирање на капитализмот.
 
Па со оглед на тоа дека скоро се е приватизирано
Approximately 90% of all resources and companies are privately owned, with a minority of 5% owned by the state and another 5% operating as either consumer or producer cooperatives.[11]
и те како е капиталистичка. Те разбирам што сакаш да кажеш за Шведска но секако во сите земји во светот, не постои комплетна приватизација на работите. Затоа и сите земји имаат буџет кој го полнат од даноци и некои државни земјишта од кадешто црпат ресурси за продажба или користење.
 
Ги боли к*р тие што гласале полни се ко брод со пари па за вода лесна работа
 
Па со оглед на тоа дека скоро се е приватизирано
Approximately 90% of all resources and companies are privately owned, with a minority of 5% owned by the state and another 5% operating as either consumer or producer cooperatives.[11]
и те како е капиталистичка. Те разбирам што сакаш да кажеш за Шведска но секако во сите земји во светот, не постои комплетна приватизација на работите. Затоа и сите земји имаат буџет кој го полнат од даноци и некои државни земјишта од кадешто црпат ресурси за продажба или користење.
Види, приватизацијата не е сама по себе лоша работа. Тоа што во Русија и на Балканов пропадна, тоа е веќе друг муабет. Но, ако имаш систем каде имаш приватизација, а и добар дистибутивен социјален систем (а во Шведска плус ако не грешам и здравството и образованието се бесплатни), тогаш нема ни да приметиш, ниту да ти биде гајле за капитализам.
 
Ја немам ништо против приватизацијата. Приватизацијата е право пропорционална со капитализмот а јас сметам дека капитализмот е најдоброто уредување до сега. Има некои мали недостатоци кои се јавуваат како нус ефекти на тоа што поголемиот дел од луѓето сакаат Џастин Бибер повеќе од физика и астрономија, така што парите идат на Бибер кадешто се има ќар а не на испитувања кои НАСА ги извршува. Али солидно социо-капиталистичко уредување, повеќе ориентирано кон капитализмот е супер според мене.
 
Добро, да не се лажеме, со приватизација на водата, државата дебеееело ќе си заработи.:icon_mrgr:
Најголем дел од снабдувањето се врши од страна на компании кои се во приватна, јавна или мешана сопственост.Моментално услугата снабдивање вода во Германија ја извршуваат и приватни компании(3.5%). Одбивањето на предлогот не значи ништо друго освен понатамошно спроведување на постоечките правила и закони.
 
Ја немам ништо против приватизацијата. Приватизацијата е право пропорционална со капитализмот а јас сметам дека капитализмот е најдоброто уредување до сега. Има некои мали недостатоци кои се јавуваат како нус ефекти на тоа што поголемиот дел од луѓето сакаат Џастин Бибер повеќе од физика и астрономија, така што парите идат на Бибер кадешто се има ќар а не на испитувања кои НАСА ги извршува. Али солидно социо-капиталистичко уредување, повеќе ориентирано кон капитализмот е супер според мене.

Без стабилна средна класа нема ништо ... водечка сила во една држава е токму средната класа каде што и е сконцентрирана интелектуалата, сите знаеме дека држава без интелектуалци како и без луѓе кои мислат со свој мозок не е држава ... што се случи во МКД средната класа падна и паѓа во ниска класа ... а пак елитата(политичари и бизнисмени) станува се поелитна/побогата од година во година ...
Е*ем ти системот во кој имаш само две класи кои се раздалечени со илјадници светлосни години т.е. елита(врв) и обични граѓани(дно) ...
Демократија имало ... ппппфффффффф драпај си меот ...
Кај нас овде гледам некои полуписмени и неписмени накупиле беемвиња, џипови, мерџовци и сл. се расфрлаат со пари на секој чекор, а некој со пет дипломи и со неколку децении работен стаж нема пари ни за некоја најосновна е*ена потреба ...
Исто така да ти се плукнам во државата и системот во кој власта повеќе се грижи и води ред за некои си дементни фосилни остатоци(пензионери) отколку за работоспособните средовечни или млади луѓе !
 
Не знам што се попаливте, во Германија и досега се плаќаше вода, никогаш не била бесплатна водата, да ја плаќа државата, како што спомнаа некои членови претходно. Се плаќа според водомер, значи исто како кај нас. Со тоа што, овде секаде има воведено и плинска инсталација (очекувано, нели :D) и топлата вода оди преку посебен водомер и се наплаќа малку поскапо (ако си приклучен на тој систем, ако си имаш бојлер си плаќаш исто).
Она до што би довела оваа одлука е што ќе може претпријатијата за стопанисување со водата да бидат во приватна сопственост и ќе ја префрлат на нив одговорноста која ја носи досегашното фигурирање на водата како човечко право (чиста вода, доведување инсталација, бла-бла). Но, така е во огромен број земји во светот, не гледам што паѓате во несвест. Ризик од приватизацијата би била полоша услуга во смисла на полошо филтрирана и прочистена вода, но земајќи предвид дека Германија е земја со толку ригорозни правила сметам дека тоа нема шанса да се случи.
Кај и да е и кај нас ќе го продадат Водовод, па и ние ќе се чудиме околу цените, а со квалитетот на водата не сакам ни да помислам што ќе биде.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom