Супер беше на Таксират, баш би сакал да му идам и сега... ама Вторник :/
И не му ја мислете многу, одете ако имате можност

--- надополнето ---
36 годишниот Германец навлечен на реге звукот со кој ja освои светската публика и веќе 10 години е речиси постојано букиран на светски турнеји, со повеќе од 1000 настапи во живо и бројни награди, денес е еден од најпознатите реге музичари. Со музика креирана да ја подигне политичката и социјална свест, исполнета со искрени емоции,
Tilman Otto е длабоко хуман артист, чии хитови прераснуваат во модерни класици на реге жанрот.
Настапот во Скопје е дел од европската турнеја која стартуваше на 12ти април, во чиј склоп се закажани 50 концерти низ европските метрополи, додека на 27ми април фановите ги очекува објавувањето на нови live DVD и CD,
„Diversity Live“. Ова ќе биде втора средба на
Gentleman со македонската публика после гостувањето на
Таксират 12.
Како што вели неговото име и насловите на песните, со Џентлмен секогаш има доволно простор за вистинска љубов, толеранција и разбирање. Респект за
Gentleman!
Концертот во клуб Колосеум е закажан на 17ти Мај, вторник, во 20:30 часот.
Цената на влезниците во претпродажба е 400 денари (500ден. на денот на концертот) и истите може да ги набавите во: www.mktickets.mk , Југотон, Чакра, Custom Pub, Браво, Круг Аеродром, Љубов, Ultra Design Shop и Флуид.
Извор:
http://www.radiomof.mk/2011/04/gentleman-the-evolution-vo-skopje/